Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Македонското еколошко друштво на Светскиот конгрес на IUCN во Абу Даби

Вчера во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, започна Светскиот конгрес на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN), кој ќе трае до 15 октомври. Оваа година, Конгресот обединува повеќе од 10.000 учесници, вклучувајќи носители на одлуки, претставници на граѓанскиот сектор, организации на домородните народи, научната јавноста и бизнис-заедницата, сè со цел да ја унапредат и утврдат глобалната агенда за поздравa и поодржлива планета во годините што следуваат. „Одлуките што ќе бидат…

Отворена изложба за балканскиот рис во Охрид

Денес во Културниот центар „Култ“ во Охрид беше отворена патувачката изложба на фотографии посветена на балканскиот рис - редок и критично загрозен подвид кој живее единствено во регионот на Западен Балкан. Со помалку од 50 возрасни единки во природата, балканскиот рис е под закана од загуба на живеалишта, криволов и ниска генетска разновидност, иако претставува незаменлив дел од природното наследство на регионот. Оваа изложба сведочи за неговото значење, истакнувајќи ја итноста да му се…

Настани

Македонска делегација на студиска посета во Каталонија за борба против криминал врз дивиот свет и заштита на биолошката разновидност

Претставници на Македонското еколошко друштво, заедно со колеги од Министерството за животна средина и просторно планирање, Националните паркови „Галичица“, „Пелистер“, „Шар Планина“ и ЈПУЗПП „Јасен“, ја формираа македонската делегација на студиска посета во Каталонија, Шпанија, посветена на борбата против криминалот врз дивиот свет и заштитата на биолошката разновидност. Настанот се одржа во Барселона на 30 септември и 1 октомври 2025 година, во организација на SEO Birdlife, Руралните агенти…

Новости

Јавен повик

Јавен повик бр. 2/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги за изработка на План за управување и Годишна програма за Паркот на природата „Езерани“ Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува јавен…

Новости

Годишна средба 2025

Македонското еколошко друштво ја одржа својата Годишна средба со членството за 2025 година. Минатата сабота, на 20 септември, членовите на МЕД се собраа во Инфо-центарот на НП Пелистер. Таму беше отворена и патувачката изложба со фотографии од балканскиот рис, која претходно беше поставена во Хотел „Неда“ во Галичник и Инфо-центарот на НП Маврово. Во официјалниот дел на средбата, раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски одржа презентација за предизвиците со…

Настани

Одбележан Меѓународниот ден на мршојадците

Македонското еколошко друштво на 6 септември во соработка со ЗОО Скопје го одбележаа Меѓународниот ден на мршојадците. Едукативното предавање го предводеа Арта Старова и Искра Манојлоска, а учество земаа извидниците од Првиот Скопски Извиднички Одред. Присутните првин го посетија кафезот со белоглавите мршојадци во ЗОО Скопје, а потоа продолжија во Едукативниот центар, каде преку друштвени игри извидниците можеа да научат повеќе за овие импресивни птици. МЕД традиционално го одбележува…

Новости

Оглас за административно-технички асистент

Назив на работно место: Административен и финансиски асистент Локација: Скопје, Р. Северна Македонија Тип на договор: Договор на определено време Рок за аплицирање: 22.09.2025 година   ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО   Бараме aдминистративен и финансиски асистент кој/а ќе обезбедува финансиско управување, административна координација и логистичка поддршка за ефикасна имплементација на LIFE проект, во согласност со финансиските регулативи на Европската комисија, Правилникот на LIFE програмата и…

Новости

Мрежа за искуствено учење – проширување и одржливост

Времетраење : јули 2025 – октомври 2027 Финансие р : SIDA – Swedish International Development Agency Спроведувач : МЕД и УНИЦЕФ Вклучени партнери (меѓународни/национални) : Едукативен центар Негрево, Хидробиолошки институт, Природно научен музеј, Народна техника на Град Скопје, Ботаничка градина, НП Галичица, Биотехнолошка лабораторија - Скопје Главни цели на проектот: проширување и обезбедување одржливост на Мрежата Подрачје/а за реализација на активностите по проектот : основни и средни…

Јавен повик бр. 1/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги за изработка на План за управување и Годишна програма за Паркот на природата „Езерани“

Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува јавен повик за и зработка на План за упр а вување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“ . Заинтересираните субјекти потребно е да ја достават целокупната документација по пошта…

Новости

Отворена изложба на фотографии од балканскиот рис

Македонското еколошко друштво вчера во хотел „Неда“ Галичник ја отвори изложбата на фотографии од балканскиот рис. Изложбената поставка содржи 21 фотографија од балкански рисови фотографирани во Македонија, Албанија и Косово. Пред присутните се обрати раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски, кој објасни дека денес во дивината се останати уште помалку од 50 единки од овој критично загрозен вид. Многубројната публика го искористи присуството на тимот на…

Новости

Изложба на фотографии од балканскиот рис

Македонското еколошко друштво организира изложба на фотографии од таинствениот балкански рис, на 17 август во 12 часот во хотел „Неда“, Галичник. Селекцијата на фотографиите се состои од најпретставителните единки на балканскиот рис кои досега се фатени на камера во Македонија, Албанија и Косово – трите држави каде опстојува ова животно. „Галичник е во непосредна близина на живеалиштето на рисот, а во текот на летните месеци секогаш е дестинација за посета од многумина кои се заљубени во…

Новости

Вардарски острови - нов дом за малата чигра

Проектот „Вардарски Острови – Нов Дом за Малата Чигра“ има за цел реставрација на речни острови во долниот тек на реката Вардар, единственото гнездечко подрачје на малата чигра (Sternula albifrons) во Македонија. Преку контролирано отстранување на инвазивната вегетација, расчистување на отпадот и примена на природно-базирани решенија, ќе се подобрат условите за гнездење на овој загрозен вид. Проектот вклучува ангажман на најмалку 15 вработени од МЕД, 10 надворешни соработници и околу 80…

Новости