Прескокни до содржината

Проект „ЕP for Birds LIFE“ - Безбедни жици за загрозени птици

adminНовости

Целосен назив на проектот

Намалување на ризикот од смртност кај глобално загрозените птици преку надградба на опасните надземни далекуводи во Југоисточна Европа.

Цели

Намалување на смртноста предизвикана од човекот кај глобално загрозените видови како што се  Царскиот орел и Египетскиот мршојадец. Проектот ќе имплементира најсовремени решенија за спречување на смртноста на птиците предизвикана од електричен удар и судири со надземни далекуводи, што претставува значителна закана за двата вида.

Активности

  • Изолација на над 17.000 опасни електрични столбови и инсталирање на 2.500 дивертери на надземни водови, со што се покрива 100% од националната популација на размножување на Царскиот орел и 80% на Египетскиот мршојадец;
  • Пилот методи за далечинско откривање на жаришта на смртност и поефикасно насочување на мерките за намалување на ризик, како и тестирање на иновативни технологии за надградба на далекуводи, со што се обезбедува долгорочна одржливост;
  • Воспоставување на меѓународна мрежа за размена на искуства и најдобри практики меѓу операторите за дистрибуција на електрична енергија низ целиот Балкан  и по должината на миграциските патишта на двата вида птици.

Траење

5 години (јули, 2025 – јули, 2030).

Целни области

14 заштитени подрачја од НATURA 2000, 48 важни подрачја за птиците и биодиверзитетот  (IBA/KBA) и помали зони во Бугарија, Северна Македонија и Турција.

Партнери

Координатор: ЕП Југ (ЕЛЕКТРОРАЗПРЕДДЕЛЕНИЕ ЈУГ ЕАД).

Учесници: ЕВН Македонија (ЕВН МАКЕДОНИЈА АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА УСЛУГИ СКОПЈЕ), БСПБ, ДОГА ДЕРНЕГИ, МЕД (МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО).

Финансирање

11 304 127.35 , преку LIFE програмата на Европската Унија.