Прескокни до содржината

Проф. д-р Љупчо Меловски

Научник, професор и долгогодишен претседател на МЕД

Проф. д-р Љупчо Меловски беше научник, професор и голем вљубеник во планините — човек со уникатна страст за заштита на природата, од кого учеа многу млади еколози и кој даде исклучителен придонес за развојот на еколошката наука во Македонија.

Беше и долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, а неговото име денес го носи Програмата за поддршка на млади еколози.

Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ — планинари на врвот Китка

Почетоци

Планините беа првата и трајна љубов на проф. Меловски. Китка, една од првите планини што ги посетил, остана врзана за целиот негов пат — и за неа се врза и неговиот крај.

Од таа рана врска со природата израсна и уникатната страст за нејзина заштита, која потоа го обележа целиот негов професионален живот.

Вести поврзани со проф. Меловски и програмата →