
Утврдена најголемата хибернациска колонија на лилјаци од видот мал потковичар во Преспа
Ладното време не ги спречува нашите посветени „теренци“ во нивните активности за мониторинг на биодиверзитетот во Преспа. Па така, во текот на вчерашниот ден, тим на Македонското еколошко друштво, во соработка со НП Галичица, ја посети пештерата Самотска Дупка на Галичица каде беше спроведен зимски мониторинг на лилјаци. Притоа, утврдена е досега најголемата хибернациска колонија на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Истовремено, во…









