Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Резултати од фото конкурсот за Балканскиот зелен појас 2017

Различноста на зелениот појас низ очите на фотографите, ова се овогодинешните победнички фотографии на фото конкурсот за Балканскиот зелен појас . Наградата за прво место од категоријата професионални фотографи му припадна на Хелмер Ахмеди за неговата фотографија од глацијалните езера на Крчин. Фотографијата од Галичица на Дејан Димиџиевски го освои првото место во категоријата на аматери. Во категорија млади првото место го освои Марина Балоски со нејзината фотографија од р. Радика.

Новости

Програма за закрепнување на балканскиот рис

Времетраење: 2006 - 2024 Партнери: ППНЕА - Албанија; ЕРА - Косово; Еуронатур - Германија; КОРА - Швајцарија Цел на програмата: Програмата за закрепнување на балканскиот рис речиси две децении во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во Југозападен Балкан. Лице за контакт: Диме…

Зачувување на диви видови

Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини

Времетраење: 2015–2018 г. Финансиер: Германска федерална фондација за животна средина (ДБУ) и Франкфуртско зоолошко друштво (ФЗС). Партнер: Бугарската фондација за биолошка разновидност и Еуронатур од Германија. Цел на проектот: Зачувување на биолошката разновидност со заеднички напори на локалното население, промовирање на одржливи практики на искористување на природните ресурси и биолошка разновидност. Лице за контакт: Деспина Китанова kitanova@mes.org.mk Проектни активности

Управување со заштитени подрачја

Патека на клукајдрвчето

Времетраење: Октомври 2015 – септември 2016 г. Финансиер: Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) Партнери: Фармахем – Скопје, Основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ од Кочани Цел на проектот: Промоција на вредностите на старите букови шуми, едукација, подигнување на јавната свест и подобро прифаќање на концептот за одржливото користење на буковите шуми. Лице за контакт: Светлана Пејовиќ arsovska@mes.org.mk Новости од МЕД

Еколошка едукација

Заштита на биодиверзитетот на Балканот – Зајакнување на соработката долж Балканскиот зелен појас

Времетраење: јануари 2015 - декември 2016 Финансиер: Германска федерална фондација за животна средина (DBU) Партнер: Програмската канцеларија на IUCN за Јужно-источна Европа и Еуронатур од Германија се главни имплементатори на проектот. Во секоја од деветте земји долж Балканскиот зелен појас, вклучени се партнерски НВО за спроведување на дел од активностите предвидени со проектот: МЕД од Македонија, PPNEA од Албанија, Зелени балкани од Бугарија, SPP од Грција, ERA од Косово, CZIP од Црна Гора,…

Управување со заштитени подрачја

Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо управување со ресурсите на Шар Планина

Времетраење: 2015-2017 Финансиер: Германската федерална фондација за животна средина ( DBU) Партнери: Фондација Еуронатур од Германија Цел на проектот: Да се придонесе кон промоција на позитивните практики за o држливо користење на природните ресурси во шест општини долж Шар Планина. Активно вклучување на локалните чинители во иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк . Лице за контакт: Фросина Пандурска-Драмиќанин pandurska @ mes . org . mk Проектни активности

Управување со заштитени подрачја

Кампања „ДА ГО ЗАЧУВАМЕ СИНОТО СРЦЕ НА ЕВРОПА“

Времетраење: 2014–2016 г. Партнери: Еуронатур, Ривервоч, Фронт 21/42 и Еко-свест Цел на програмата: Да се спречи неконтролираното проектирање на хидроенергетски проекти и да се зачуваат највредните и најранливите речни екосистеми во Југоисточна Европа. На национално ниво, целта на проектот е да се напушти иницијативата за градба на хидроелектрани во националните паркови и зачувување на идејата и вредностите на Националниот парк „Маврово“ Лице за контакт: Робертина Брајаноска…

Односи со јавност

Вода за езерата, блатата, потоците и луѓето на планината Јабланица

Времетраење: Април 2014 – декември 2015 г. Финансиер: Партнерскиот фонд за заштита на критични екосистеми (ЦЕПФ) Партнери: Општините Струга и Вевчани, и државното јавно претпријатие „Македонски шуми”. Цел на проектот: Подигнување на јавната свест, засилена едукација и овозможување на невладините организации да се вклучат во заштитата и зачувувањето на сливното подрачје на реката Дрим. Дополнителни информации можат да се најдат на следнава веб-страница: http://act4drin.net. Видеоклип за проектот…

Заштита на растенија и екосистеми

Развој на капацитети за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот

Времетраење: 2012– Финансиер: Фондација MАВА Партнери: Doga Dernegi (Турција), Друштво за заштита на природата на Либан, BirdLife Cyprus (Кипар), BirdLife Malta, Центар за заштита и проучување на птиците на Црна Гора, Група за проучување и заштита на птиците на Мароко и Пријатели на птиците (Тунис) Цел на проeктот: Долгорочната цел на проектот е заштита на африканско-евроазиските преселни патишта на птиците преку формирање силна и динамична мрежа на невладини организации во медитеранскиот…

Проучување и заштита на птици

Регионална балканска еколошка мрежа (BREN)

Времетраење: 2013-2015 Финансиер: MАВА Фондација Партнери: Еуронатур и Европскиот центар за заштита на природата Цел на проектот: Воспоставување на кохерентна и функционална еколошка мрежа во регионот (со заштитени подрачја како нејзина основа и дефинирани коридори кои ќе и овозможат да функционира), целосно интегрирана во секторите за планирање на намената на земјиштето, и ефикасна за приспособување кон климатските промени во Балканскиот регион. Лице за контакт: Робертина Брајаноска…

Управување со заштитени подрачја

Истражување на просторната екологија и екологијата на исхраната кај критично загрозениот балкански рис

Времетраење: 2013-2014 Финансиер: People’s Trust For Endangered Species Цел на проектот: Главната цел на овој проект е да се дознае нешто повеќе за екологијата на балканскиот рис, а со тоа и да се постават ефективни мерки за негова заштита. Лице за контакт: Диме Меловски: melovskid@mes.org.mk Новости од МЕД

Зачувување на диви видови

Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население

Времетраење: 2013–2015 г. Финансиер: Европска Унија, Прекугранична програма на ИПА за Македонија и Албанија 2007-2013 Партнери: ППНЕА од Албанија и Еуронатур од Германија Цел на проектот: Да се придонесе кон промоција на позитивните практики за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица-Шебеник, како и да се подигне свеста на локалното население за одржливото користење на природните ресурси преку употреба на методи кои не и штетат на природата.…

Луѓето и природата