Едукативна недела за рисот
ksenijaНовости

Во рамките на Програмата за закрепнување на балканскиот рис тимот на МЕД го започна своето едукативно патување низ Западна Македонија. Едукативната турнеја помина низ селата Вејце и Шипковица на Шар Планина како и Врбјани во Маврово. Предизвикот да се предава на албански и на македонски јазик го надминавме со вклучување на нашата партнер организација ППНЕА од Албанија.
Тимот на МЕД соработуваше со над 20 наставници и околу 400 деца. Преку едукативниот пакет децата имаа можност да научат нешто повеќе за екологијата и биологијата на рисот, како и за начинот на истрaжување на терен за потоа да го покажат наученото низ игра и решавање задачи.
Тимот на МЕД е особено благодарен на целата подршка од училиштата, наставницте и локалното население.
