Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Нова надеж за египетскиот мршојадец

Времетраење: 2018-2022 Финансиер: LIFE програмата на Европската Унија (LIFE16 NAT/BG/000874) Координатор на проектот: Бугарското друштво за заштита на птиците / BirdLife Bulgaria (BSPB) Соработници: Г рчкото орнитолошко друштво / Birdlife Greece (HOS), WWF Грција , Кралското друштво за заштита на птици / BirdLife Велика Британија (RSPB) , Doğa Derneği / BirdLife Турција (DD) , BirdLife Блиски Исток , BirdLife Африка , Фондацијата A.P. Leventis , Орнитолошки и истражувачки институт (APLORI), CMS…

Проучување и заштита на птици

Иницијален состанок за изработка на акциски план за борба против труење на диви животни

Македонското еколошко друштво во соработка со Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) на 17 мај во Скопје организира меѓународна работилница за отпочнување на изработка на акциски план за борба против труење на диви животни. Целта на состанокот е изработка на национална шема за справување со инциденти поврзани со труење на диви животни во согласност со националната легислатива, и вклучување на надлежните институции. За време на состанокот се направи размена на искуства со експерти од…

Новости

Балкански проект за борба против отрови

Времетраење: 2018-2020 Финансиер: Фондација MАВА и Фондација за заштита на мршојадците Цел на проектот: Изработка на национална стратегија за справување со инциденти поврзани со труење на диви животни со вклучување на надлежните институции, проширување на капацитетите на институциите како и подигање на јавната свест. Лице за контакт: Ненад Петровски petrovski@mes.org.mk Проектни Активности

Проучување и заштита на птици

Птичарење во парк за Светскиот ден на птици преселници

Во неделата на 13 мај го прославивме Светскиот ден на птици преселници! По тој повод МЕД организира едукативни тури за набљудување птици (птичарење) во Градски парк во Скопје. Ова претставуваше одлична можност скопјани да ја запознаат орнитофауната во зеленото градско прибежиште. Интересот беше огромен, а турите беа експресно пополнети. Воедно, учесниците изразија желба вакви тури да се организираат почесто. Светскиот ден на птиците преселници е иницијатива на Конвенцијата на ОН за зачувување…

Одбележување важни денови

Денот на штркот - конечно од високо погледнавме кон оризовите полиња!

На Денот на штркот кој секоја година го одбележува Општината Чешиново-Облешево ја посетивме конечно завршената набљудувачница за птици со поглед кон прекрасните оризови полиња. Оваа набљудувачница е уште еден чекор со кој македонското Село на штркови ја потврди својата мисија да ја зачува најгустата популација на штркови. Како дел од нашите честитки за настанот подаривме и два двогледа за набљудување на птици кои се надеваме дека ќе ги користат локалните училишта и останатите посетители на…

Одбележување важни денови

Пет години Преспа Нет!

На 2 9 март 2018 година, Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природата во Албанија ја прославија петтгодишнината од денот кога овие организации од трите страни на Преспа ја формираа ПреспаНет, мрежа на невладини организации за заштита на преспанскиот басен. Притоа сe потенцира потребата трите држави да работат усогласено за нејзина заштита. Организациите во наредните години остварија тесна соработка заради остварување на…

Новости

Нашето ново руво!

По повеќе од 45 години постоење и делување во полето на заштитата на природата и промовирање на екологијата како наука решивме дека е време да го освежиме логото и да ја модернизираме нашата веб страна. Се надеваме дека со менувањето на имиџот на организацијата ќе станеме поблиски до граѓаните и членовите. Затоа, од денеска, 22 април – Денот на планетата Земја, па сè до 22 мај – Светскиот ден на биолошката разновидност, годишното зачленување во МЕД ќе биде бесплатно. Овие меѓународни денови се…

Новости

Ревизија на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план

Времетраење: 2013–2015 г. Финансиер: ГЕФ, спроведуван преку Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) канцеларија во Виена и Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со национални експерти и организации Цел на проектот: да се помогне на Република Македонија да се спроведе процес на ревизија на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план (донесена во 2004 година) заради усогласување со Глобалната стратегија за биодиверзитет и т.н.…

Политики за заштита на природата и животната средина

Воведна работилница за третото продолжение на проектот „Поврзување на луѓето со природата“

Македонското еколошко друштво во соработка со Plantlife, невладина организација од Велика Британија и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) продолжи со реализација на проектот со наслов „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ преку вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата; преземање акции кои би придонеле кон имплементација на ЕУ регулативите за воведување на мрежата Натура 2000. Овој…

Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија

Светски ден на водните живеалишта, 2017

Денес е Светски ден на водните живеалишта! Рамсарската конвенција секоја година го организира овој настан со различни активности и игри. Оваа година беа подготвени неколку пораки кои ни ги испраќа преку следното видео https://www.youtube.com/watch?v=dDnokfpEiz4 и еден интересен стрип ! МЕД го прослави овој ден со едукативен настан во Преспа. Заедно со децата од ОУ „Гоце Делчев“, ги проверивме нашите знаења за функциите на водните живеалишта преку интересен квиз и дознавме како не штитат од…

Настани

„Екологија и заштита на животната средина“

Ова научно списание објавува оригинални научни трудови од сите аспекти на екологијата и науката за животната средина. Првиот том од списанието беше публикуван во 1993 година. О д 1 јануари 2012 година, почнувајќи од 14 том, списанието „Екологија и заштита на животната средина" е преименувано во „ Macedonian Journal of Ecology and Environment (MJEE) “. MJEE обезбедува платформа каде научната фела од регионот и пошироко на меѓународно ниво, може да ги објавува постигнатите резултати и напредок во…

Издаваштво