Прескокни до содржината

Обука за едукативниот пакет за птици во градинката „Мајски цвет“ во Скопје

ksenijaНастани

Македонско еколошко друштво на 26 октомври во градинката „Мајски цвет“ одржа еднодневна обука со воспитувачите и стручниот кадар на градинката за едукативниот пакет за природа и птици изработен во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“. Обуката ја проследија 25 воспитувачи коишто во рамки на своите групи ќе ги применуваат едукативните вежби и преку игра ќе ги учат децата за природата и птиците што не опкружуваат.