Прескокни до содржината

Вести

712 објави

МЕД е полноправен партнер на BirdLife International за Македонија

На последниот состанок на Глобалниот состанок на партнерите на BirdLife International одржан во септември 2018 година во Белгија, Македонско еколошко друштво беше официјално признаено за полноправен партнер за Македонија. На свечената церемонија присуствуваше Секретарот на МЕД, д-р Методија Велевски кој беше вклучен во процесот на добивање на партнерски статус на МЕД од самиот почеток. Иницијативата за назначување на МЕД за полноправен партнер на BirdLife International започна во 2006 година…

Новости

50 воспитувачи и наставници од Македонија се запознаа со едукативниот пакет за природа и птици

Македонското еколошко друштво во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведува во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија на 24 и 26 септември во Општина Теарце и Општина Ресен одржа две еднодневни работилницa наменети за воспитувачи и наставници од прво до петто одделение. Целта на работилниците беше запознавање со едукативниот пакет за природа и птици којшто наставниците ќе можат да го…

Новости

Египетските мршојадци и понатаму исчезнуваат од Македонија

Тимот на Македонското еколошко друштво годинава повторно одпочна со интензивни мониторинг активности на познатите територии на египетскиот мршојадец во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“, финансиран од LIFE програмата на Европската Унија (LIFE16 NAT/BG/000874) . Со резултатите добиени од овогодинешниот мониторинг, за жал, се потврдија очекувањата дека популацијата на египетскиот мршојадец и понатаму опаѓа, и во моментов е со рекорно ниска бројка од 13 -14 пара на целата…

Новости

Летна школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство во Преспа, Албанија

Во периодот од 17 до 21 септември, во албанскиот дел на Преспа, студенти од трите земји кои го делат преспанскиот регион учествуваа на летната школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство. Прекуграничната летна школа, организирана од членовите на ПреспаНет – Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА) и Друштвото за заштита на Преспа (СПП), преку практични и тематски предавања им овозможи на учесниците да ги…

Новости

Едукативниот пакет „Птиците и природата“ достапен на македонски јазик за сите наставници и воспитувачи

Македонско еколошко друштво во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведува во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија на 24 септември во Општина Теарце и 26 септември во Општина Ресен ќе одржи две еднодневни работилници наменети за воспитувачи и наставници од прво до петто одделение со цел нивно запознавање со едукативниот пакет за природа и птици којшто наставниците ќе можат да го користат…

Новости

Летоци за велосипедски патеки на Осоговски Планини

Во рамките на проектот „Одржлива иднина за лугето и природата на Осогово“, како резултат на компонентата за развој на одржлив туризам во регионот беа изработени три летоци за велосипески патеки. Летоците се достапни на следните линкови: Лесна патека Средно тешка патека Велосипедска патека - Пониква

Новости

Борба против нелегалното труење на диви животни со Балканскиот проект за борба против отрови

Преку делување низ пет држави на Балканот, Балканскиот проект за борба против отрови ги соединува државните институции, организациите за заштита на природата, ловечките друштва, сточарите и научниците во амбициозниот проект за справување со најголемата закана за мршојадци, нелегалната употреба на отров. Мршојадците на Балканот Црн мршојадец во лет (овој вид повеќе не гнезди во Македонија) Иако некогаш биле честа глетка над балканските држави, популациите на европските видови мршојадци забележаа…

Новости

Повик за учесници на летна школа за еколошка едукација во Преспа, Албанија

“N atur e interpretation and Environmental Education in Prespa” Summer School 17 th - 21 st September 2018, Prespa National Park - Korçë , Albania Application Deadline: 27th August 2018   Introduction The NGO Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA), based in Tirana, Albania in collaboration with its partners Macedonian Ecological Society (MES) based in Skopje and Resen, and Society for Protection of Prespa (SPP), based in Laimos, Prespa, will organise a summer…

Новости

Наставници и воспитувачи од Македонија разменија искуства со колеги од пет европски земји преку Еразмус +

Десет наставници и воспитувачи од Македонија учествуваа на еднонеделна обука за иновативна едукација и истражување во природа во Мејнуд, Ирска од 02-08 јули каде што разменија искуства со своите колеги од Полска, Словачка, Чешка, Шпанија, Ирска. Обуката е дел од проектот „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведува Македонско еколошко друштво во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. „Размената на искуства…

Новости

Македонско еколошко друштво отвори подружница во Ресен

Македонското еколошко друштво (МЕД) на 09 јули 2018 година за прв пат од своето формирање во 1972 година, својата работа и официјално ја прошири во преспанскиот регион, отворајќи регионална канцеларија во Ресен. Отворањето на подружницата во Преспа претставува важен исчекор за нас, имајќи на ум дека ние сме активна членка и основач на прекуграничната мрежа ПреспаНет, којашто се формираше во 2013 година и од тогаш до сега спроведува акции за заштита на преспанскиот регион во Македонија, Албанија…

Новости

Балканска конференција за зелен појас

Македонското еколошко друштво и германската невладина организација Еуронатур од 6ти до 8ми јуни беа домаќини на Балканската конференција за зелен појас, која се одржа во хотел Сириус во Струмица. Конференцијата даде преглед на соработката и активностите долж Балканскиот зелен појас, со посебен осврт на различните просторни анализи и зелената инфраструктура. Освен тоа, засебен фокус беше даден и на стратешкото планирање на Иницијативата за балканскиот зелен појас, ставајќи ја во функција…

Новости