Прескокни до содржината

Започна зимската сесија за мониторинг на балканскиот рис

ksenijaНовости

Активностите за мониторинг на балканскиот рис започнаа со поставување на првите замки за заловување на рис во националниот парк „Маврово“. Тимот за зачувување на балканскиот рис заедно со вработените во националниот парк „Маврово годинава имаа вистински предизвик да ги постават замките со оглед на временските услови и непристапниот терен. Сепак поставени се шест замки во кои се надеваме дека ќе намине рис и од кадешто ќе чекаме смс порака.

Зимската сесија за мониторинг на балканскиот рис во националниот парк „Маврово“ ќе трае до април а во истиот период ќе се врши и мониторинг на видови во ловиштето „Тајмиште“, Кичево коешто се граничи со националниот парк „Маврово“.