Прескокни до содржината

Вести

98 објави за „Преспа“

ПреспаНет на ICZEGAR 2025: Наука, соработка и градење капацитети за заштита на природата

Меѓународниот конгрес за зоогеографија и екологија на Грција и соседните региони (ICZEGAR) веќе долго време претставува форум за презентација на истражувањата поврзани со биодиверзитетот во Медитеранот, а нашата мрежа на еколошки организации ПреспаНет е горда што имаше силно присуство на 16-тиот конгрес што се одржа во Атина минатата недела (03 – 06 јули). Со седум различни презентации, нашиот тим ја истакна еколошката уникатност и предизвиците за заштита на прекуграничниот Преспански басен –…

Новости

Мали грантови (2025)

Во текот на 2025 година се очекува да се реализирани девет истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата. Еколошки пристап за екстракција на биоактивни соединенија од Hypericum perforatum со примена на длабоки евтектички растворувачи Раководител: Анастасија Хаџисмилева Концептот за зелена хемија се заснова на 12 принципи поставени во 1998 година, од кои за хемиските истражувања најважни…

Резултати од зимскиот цензус на водни птици

Викендот на 18 и 19 јануари 2025 г., МЕД по 16ти пат го спроведе пописот на водните птици на нашите три природни езера, како и неколку други помали акумулации. Со учество на вработени и волонтери на МЕД, како и претставници од релевантните институции кои управуваат со заштитените подрачја на некои од локалитетите. И покрај снежната покривка, тимовите кои го спроведоа цензусотдојдоа до убави резултати, односно беа избројани вкупно околу 27000 птици на Охридското Езеро, 10000 птици на…

Новости

Повик за експерт за лилјаци во рамки на проектот Преспа Нет III

ГЛАВНИ ЦЕЛИ НА КОМПОНЕНТАТА Оваа акција е насочена кон преглед на постоечкиот Трансграничен акциски план за зачувување на лилјаците и пештерите во Преспанскиот регион, кој е развиен во 2012 година, и негова надградба согласно најновите информации за статусот на лилјаците и нивните живеалишта во трансграничниот регион Преспа. ЛОКАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ - ЦЕЛЕНА ОБЛАСТ ЗА АКТИВНОСТА Активностите во рамки на оваа компонента ќе се спроведуваат на територијата на Преспа. За подетални информации кликнете…

Новости

Спроведени активности за управување со влажните ливади - искосени околу 10 хектари

Оваа година беа искосени околу 10 хектари влажни ливади во близина на селата Долно Перово и Волкодери. Како резултат на оваа активност беа произведени околу 2 500 бали на сено кои ќе бидат донирани на 10-тина локални сточари и дел на НП „Галичица“. На 25.06.2024 беше одржан завршен настан на кој беа презентирани резултатите постигнати во рамки на оваа активност во последните 5 години, при што посебно внимание посветивме на придобивките за природата од управувањето на влажните ливади, како и…

Новости

Мали грантови (2023)

Во текот на 2023 година беа реализирани десет истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата.   СТЕПЕН НА ЕКСТИНКЦИЈА И ХАБИТАТ СПЕЦИФИЧНА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕНДЕМИЧНИ И РЕЛИКТНИ ДИЈАТОМЕИ ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Ана Бошалеска Охридското Езеро е реликтен екосистем и редок пример за езеро кое континуирано опстојувало повеќе од милион години, овозможувајќи во него да се развие уникатен…

Новости

Што јадат мечките во Преспа?

За правилна заштита на големите ѕверови, како што се кафеавите мечки, треба детално да ја знаеме нивната екологија. Исхраната е од основно значење и таа треба добро да се утврди пред да се предложат какви било мерки за управување со видот. Новиот научен труд, објавен во Македонското списание за екологија и животна средина, ја обработува и дискутира токму оваа проблематика. Овој труд произлезе од двегодишно научно истражување, спроведено прекугранично во преспанското сливно подрачје во 2018 и…

Новости

10 години ПреспаНет

Прославивме десетгодишнина од формирањето на ПреспаНет Мрежата за одржлив развој на прекурганична Преспа Со гордост најавуваме дека ПреспаНет, мрежата на еколошки невладини организации посветени на зачувување на природното и културното наследство на прекуграничниот слив на Преспанското Езеро, наврши 10 години постоење! Основана во 2013 година од три организации со богата историја на зачувување на природата во регионот – ние, Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Заштита и зачувување на…

Новости

Влажни ливади - Преспа 2023

Оваа година се затвора циклус од четири години, во кој ги истражувавме и анализиравме дел од еколошките карактеристики и особености на влажните ливади во Преспа. Паралелно со истражувачкиот процес, организирано работевме и на подигање на свеста кај локалното население и пошироко, за значајноста од зачувување на овие природни живеалишта. Во работата со влажните ливади во изминатите четири години беа вклучени околу 50тина експерти, соработници, практиканти и волонтери од земјата и странство, како…

Новости

Теренска лабораторија Преспа

Прекугранично искуство во мониторинг на биолошка разновидност и едукација за зачувување на природата „ПРЕСПАНУВАЊЕ“ 07 – 12 август 2023 година, Стење, Северна Македонија Краен рок за аплицирање: недела, 16 јули 2023 година Во соработка со нашите партнери од ПреспаНет, ППНЕА од Албанија (Заштита и зачувување на природната средина во Албанија) и СПП од Грција (Друштвото за заштита на Преспа) ќе ја организираме петтата прекугранична летна школа на мрежата насловена „ПРЕСПАНУВАЊЕ“. Школата оваа…

Новости

Бели штркови, бели нуркачи и долгоопашеста патка - највозбудливите птици оваа зима!

Успешно го спроведовме среднозимскиот цензус на водни птици за 2023 година! Овој пат имавме големи и мотивирани тимови т.е. 23 ентузијасти и професионалци од МЕД, вработени во Националниот парк „Галичица“, Парк на природа „Езерани“ и претставници на ПОНТ. Големите тимови ни овозможија подетално собирање на информации, побрзо движење на теренот и повеќе возбудливи размени на информации за видените птици и доживувања. Поделни во четри тима можевме да ги покриеме Езерото Младост, Мантово,…

Новости

Заврши Шестиот Конгрес на еколозите на Република Северна Македонија, меѓународно учесто (галерија)

Македонското еколошко друштво го организираше 6 Конгрес на еколозите на Република Северна Македонија со меѓународно учество, во Охрид, во периодот 15-18 октомври 2022 година. На конгресот учествуваа повеќе од 160 учесници и повеќе од 100 гости од 12 држави од регионот и Европа. Презентирани беа резултатите од научните истражувања од областите на биодиверзитетот, шумарство и земјоделие, промени во животната средина, управување на природните ресурси, популации, заедници и екосистеми,…

Конгреси