Прескокни до содржината

Вести

506 објави

18 млади од Шар Планина учествуваа на обука за рурален туризам

Во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ на 4 и 5 јули во планинарскиот дом Љуботен на Шар Планина се одржа дводневна обука на тема „Рурален туризам на Шар Планина и потенцијали за развој“. Обуката МЕД ја организираше во соработка со „Центарот за едукација и развој“ и нашите партнери од Косово „ЛАГ Шари“. Целта на обуката е да се обучат млади од Македонија и Косово коишто се занимаваат или сакаат да се…

Новости

Спроведени активности за управување со влажните ливади - искосени околу 10 хектари

Оваа година беа искосени околу 10 хектари влажни ливади во близина на селата Долно Перово и Волкодери. Како резултат на оваа активност беа произведени околу 2 500 бали на сено кои ќе бидат донирани на 10-тина локални сточари и дел на НП „Галичица“. На 25.06.2024 беше одржан завршен настан на кој беа презентирани резултатите постигнати во рамки на оваа активност во последните 5 години, при што посебно внимание посветивме на придобивките за природата од управувањето на влажните ливади, како и…

Новости

Историска победа за природата на ЕУ: Советот на ЕУ го усвои Законот за обновување на природата

По последната напната дискусија, Советот за животна средина на ЕУ конечно го усвои Законот за обновување на природата (NRL), означувајќи го последниот чекор за овој долгоочекуван предлог конечно да стане закон. Овој исход е огромна победа за природата на Европа, климатските акции, граѓаните и иднината. Државите членки ги исполнија своите обврски и со мнозинство од 20 земји, кои претставуваат 66,07% од населението, законот беше официјално поддржан, благодарение на австриската министерка за…

Новости

Јакнење на напорите за заштита: Партнерите на BirdLife во Кавказот и Западниот Балкан се состанаа во Софија

Работилницата за Конзервација Базирана на Докази (EBC) се одржа во Софија, Бугарија, од 3 до 6 јуни, 2024 година. Програмата RENATE ја иницираше и финансираше настанот, кој беше домаќин на BSPB / BirdLife Бугарија. RENATE (Враќање на Природата на Исток) има за цел да ги зајакне Партнерите на BirdLife во Источна Европа и Централна Азија, зголемувајќи го колективното влијание на BirdLife International за заштита и обновување на пејзажите низ овие региони. Работилницата имаше активно учество од 12…

Новости

Oбука за постапување при случаи со труење диви животни за ветеринарните инспектори во Агенцијата за храна и ветеринарство

Во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје на 3 јуни 2024 се одржа обука за постапување при случаи со труење диви животни за официјалните ветеринари при Агенцијата за храна и ветеринарство. Во рамките на случаи со незаконското труење диви животни, соработката со Факултетот за ветеринарна медицина, како и инспекторите во Агенцијата за храна и ветеринарство се клучен дел во успешно спроведување увидни и предистражни постапки. Како стручни лица, анализите и извештаите кои што се…

Новости

Одржана меѓународна конференција за криминал врз дивиот свет во Кипар

Од 22 до 24 мај 2024 година, во Лимасол, Кипар се одржа Меѓународната конференција за криминал врз дивиот свет. Учесниците зборуваа за предизвиците и достигнувањата во регионот и потенцијалните приоритети за борбата против криминалот врз дивиот свет. Конференцијата се фокусираше на незаконското труење на диви животни, заробување и струјни удари. Арта Старова и Александра Тодоровска ја претставија работата на МЕД во проектот BalkanDetox LIFE, заедно со генералниот државен инспектор за животна…

Новости

Децата од шарпланинските села учеа за националниот парк Шар Планина и балканскиот рис

Над 100 ученици од прво до трето одделение од училиштата од шарпланинските села Вешала, Бродец и Шипковица во текот на април учеа за значењето на балканскиот рис и другите природни убавини на националниот парк Шар Планина. МЕД ги спроведе едукациите во соработка со НП Шар Планина. Учениците се запознаа со природните вредности на паркот преку едукативна боенка изработена во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ и…

Новости

Руралните форуми мост меѓу локалното население и НП Шар Планина

Во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ МЕД во соработка со Центарот за едукација и развој и Јавната Установа Национален парк Шар Планина во периодот од 21 февруари до 27 март 2024 година организираше 6 рурални форуми во општините во регионот на Шар Планина. Главна цел на руралните форуми беше да се интензивира комуникацијата помеѓу претставниците на Националниот парк Шар Планина и локалното население, со цел…

Новости

Мали грантови (2024)

Во текот на 2024 година се очекува да се реализирани седум истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата.   Empetrum nigrum – непознато растение на Ш а р Планина со голем потенцијал Раководител: Алекс Јачовски Во 2021 година околу 698 km 2 површина од делот во Македонија беа прогласени за национален парк, по претходна изработка на обемна студија за валоризација. Емпетрумот (лат.…

Новости

Средни грантови (2024)

Во текот на 2024 и 2025 година треба да се реализираат пет истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата. МОРФОЛОШКИ И ГЕНОМСКИ ДИВЕРЗИТЕТ НА E. GLAREOSA AGG. ВО МАКЕДОНИЈА И НЕКОИ РЕГИОНИ ОД БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ Раководител: Ангела Иванова Во последните години видот Euphorbia glareosa Pall. ex. Bieb. и блиските таксони се предмет на истражување во Македонија поради полиморфноста и…

Новости

Иницијатива за северни шуми: Анализа на социо-економската состојба во областа Буковиќ

Како дел од Иницијативата за северни шуми: „Обнова на шумите во Албанија и Северна Македонија“, беше спроведено теренско истражување за социо-економската состојба во областа Буковиќ. E.C.O со поддршка на локални експерти од Факултетот за шумарски науки, спроведува ROAM анализа за оценка на планината Буковиќ, базирана на деск анализа и собрани податоци од терен за да се идентификуваат соодветни опции за пошумување и за приоритетни места за обнова на шумите. Оценката се спроведува во соработка со…

Новости

Мрежата за искуствено учење ги приближува природните науки и практичните наставни активности до учениците и наставниците

Македонското еколошко друштво, Ботаничката градина Скопје, Хидробиолошкиот завод Охрид, Едукативниот центар Негрево, Народна техника, Националниот парк Галичица и од неодамна, Биотехнолошката лабораторија со која раководат Град Скопје и Дрисла, се здружија за да ја формираат Мрежата за искуствено учење. Мрежата е основана со поддршка од УНИЦЕФ и финансирана од Шведска за да се создадат дополнителни можности децата да учат за животната средина и климатските промени преку експерименти, практични…

Новости