Прескокни до содржината

18 млади од Шар Планина учествуваа на обука за рурален туризам

adminНовости

Во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ на 4 и 5 јули во планинарскиот дом Љуботен на Шар Планина се одржа дводневна обука на тема „Рурален туризам на Шар Планина и потенцијали за развој“. Обуката МЕД  ја организираше во соработка со „Центарот за едукација и развој“ и нашите партнери од Косово „ЛАГ Шари“.

Целта на обуката е да се обучат млади од Македонија и Косово коишто се занимаваат или сакаат да се занимаваат со рурален туризам во прекугранично подрачје. На обуката учествуваа 18 учесници од Шар Планина од 6 општини.

Во рамки на првиот модул туризмологот Јован Божиновски и претседател на Планинарскиот клуб „Љуботен“ ги запозна учесниците со типови на туризам на Шар Планина, предизвици за развој на руралниот туризам и патеката “High Scardus”.

Во склоп на обуката предвидени се и студиско патување и втор модул што ќе се одржат во Македонија и Косово во август.

Обуките за рурален туризам се само дел од активностите на проектот којшто е поддржан од програмата БестБелт на Европската Унија и чија главна цел е подигнување на капацитетите на младите и локалното население во вкупно 8 општини во Македонија и Косово како дел од Балканскиот зелен појас.