Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Одржана јавна презентација на едукативните активности спроведени во Кочани

При крајот на минатата година беа спроведени едукативни активности за вредностите на букова шума, за петоодделенците од кочанските основни училишта „Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“. После предавањата и игрите за деца во училниците, децата беа и на настава во природа на Пониква, каде ја поминаа едукативната „Патека на клукајдрвчето“. Истиот ден кога беше официјално „отворена“ Патеката на клукајдрвчето, се одржа и промотивниот настан Осогово и лично и различно, каде осоговските невладини…

Новости

Пет мали проекти за промоција и заштита на природните ресурси на Јабланица почнуваат со реализација

На 17 февруари во Вевчани добитниците на мали грантови за проекти кои ќе спроведуваат активности на Планината Јабланица потпишаа договори со Македонско еколошко друштво.Организациите ќе започнат со реализација на активности во март а проектите ќе траат до септември 2015 година. Проектни активности поврзани со промоција и заштита на природните ресурси на Планината Јабланица ќе спроведуваат Општина Вевчани, Здружение Сороптимист, Струга, Планинарско друштво Закамен, Струга, Лекофарм, Струга и…

Новости

Прекугранична стратегија за заштита на Преспа

Во текот на последните 6 месеци членовите на ПреспаНет ( MEД , SPP и PPNEA ) работеа на креирање на прекугранична стратегија за заштита на Преспа. Првата верзија на овој стратешки документ беше презентирана на 3 и 4 февруари во Лемос, Грција пред претставници на EuroNatur , КОRА , FZS , Plantlife и SAVE foundation . Првиот дел од работилницата го опфати сработеното досега, проследено со дискусија за различни делови од стратегијата, задачите и зацртаните цели на ПреспаНет кои се резултат на…

Новости

Презентација за статусот на водите на планината Јабланица

На ден 18.02.2015, во Хотелот Дрим, Струга во рамки на проектот „Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица“ беше одржана јавна презентација за состојбата на водните ресурси на планината Јабланица и потенцијалите за алтернативно водоснабдување. Присутните претставници од општините Вевчани и Струга, јавното претпријатие за стопанисување со водите-Проаква како и локални претставници од граѓанските здруженија во регионот, дадоа исклучителен придонес со свои сугестии и можни…

Новости

Одржливо искористување на трската од Моноспитовско Блато

Во склоп на обуката за лидери во заштитата на животната средина НатуРегио_Балкан која се спроведува од страна на германската академија за еколошка едукација NNA, се реализира индивидуален проект со наслов „Обновување на влажните живеалишта во Моноспитовско Блато преку одржливо користење на обновливите ресурси (трската, Phragmites australis ) како био-гориво“. Главната цел на проектот е да го поттикне локалното население да се врати на старата пракса и повторно да ја користи трската од…

Новости

Резултати од повикот за поднесување на предлог проекти за локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина

На објавениот повик за поднесување проектни концепти/проекти за доделување мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина заклучно со 30.12.2014 година, пристигнаа вкупно 8 предлог- проекти кои беа доставени за оценка до членовите на комисијата. Сите доставени предлог-проекти беа оценувани согласно следниве критериуми: квалитет на предлог-проектот, остварливост на проектот, одржливост и влијание на проектот, поврзаност со целите на МЕД во регионот и оценка на финансискиот план .…

Новости

Белиот нуркач (Mergellus albellus) е птица на годинешниот цензус на водни птици!

Белиот нуркач ( Mergellus albellus ) е избран за птица на зимскиот цензус на водни птици, организиран од тим на на професионалци и волонтери на МЕД, којшто се одржа на 17 и 18 јануари. За време на цензусот беа избројани над 40 000 птици од 34 различни видови на 7 локалитети. Се броеше на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, на акумулациите Мантово (кај Радовиш) и Младост (кај Велес), браната Паљурци и блатото Ѓол близу селото Богородица (гевгелиско). Белиот нуркач, Mergellus albellus…

Новости

Пет мали проекти од Струга и Вевчани за природните вредности на Јабланица ќе бидат финансиски поддржани од Програмата за заштита на балканскиот рис

На 10 и 11 декември во Вевчани се одржа состанок на жирито одговорно за селекција на проекти за едукација на локалното население и подигнување на јавната свест заправилно користење на природните ресурси на планината Јабланица, коишто треба да се спроведат во текот на 2015-та година. Жирито беше составено од претставници на МЕД, Фондацијата ЕуроНатур од Германија, Здружението за заштита и животната средина на Албанија ППНЕА, како и претставник од Постојаната работна група за регионален рурален…

Новости

Повик за поднесување на предлог проекти на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина

Македонското еколошко друштво (МЕД) и германската фондација Еуронатур (EuroNatur) објавуваат Повик за поднесување на предлог проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина. Повикот е во склоп на Програмата за мали грантови организирана во рамките на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис III“. Проектот го спроведува МЕД во соработка со Еуронатур, а е финансиски подржан од Фондацијата „МАВА“ од Швајцарија. Критериуми за аплицирање…

Новости

Обука за воспоставување на Натура2000 подрачја

Во период од 06-10 октомври беше спроведена обука за целите и спроведувањето на Натура 2000. Предавачи на обуката беа Матјаж Хармел и Рената Розман од невладината организација ЗаВита од Словенија, а истата беше имплементирана од Македонското еколошко друштво. Предмет на анализа, како потенцијално Натура 2000 подрачје, беше земено Белчишко Блато. Обуката беше поделена на теоретски дел и теренски активности по денови. И тоа: - 1 ден: Запознавање со Директивите за станишта и птици, - 2 ден:…

Новости

Успешно реализирано уште едно ОСОГОВО - И ЛИЧНО И РАЗЛИЧНО!

Уште еднаш Македонското еколошко друштво (МЕД) го помогна промовирањето на убавините на Осоговските Планини заедно со локалното население. На 19 октомври, беше одржан третиот по ред настан под мотото „ Осогово - и лично и различно 3 “, повторно на Пониква. Невладини организации и локални поединци ја презентираа својата работа на збирното место - игралиштето на одморалиштето на МВР, каде се сретнаа и двете групи велосипедисти од Кочани и Пробиштип, од спортските друштва Зелени патеки, Електрика…

Новости

ПРОМОТИВНО - ЕДУКАТИВЕН НАСТАН „ОСОГОВО - И ЛИЧНО И РАЗЛИЧНО 3“

На 19 октомври, на Пониква, Осоговски Планини, ќе се одржи промотивно - едукативен настан под мотото „ Осогово - и лично и различно 3 “. Поводот на овој настан е да се истакне значењето на буковите шуми на Осоговските Планини, а воедно и промоција на целиот регион. Ова е трет по ред настан за промоција на Осогово, организиран од повеќе организации, а под координација на МЕД. Планирано е на настанот да земат активно учество од околу 100-150 деца од училиштата од регионот, граѓани и вљубеници во…

Новости