Прескокни до содржината

Пет мали проекти за промоција и заштита на природните ресурси на Јабланица почнуваат со реализација

adminНовости

На 17 февруари во Вевчани добитниците на мали грантови за проекти кои ќе спроведуваат активности на Планината Јабланица потпишаа договори со Македонско еколошко друштво.

Организациите ќе започнат со реализација на активности во март а проектите ќе траат до септември 2015 година.

Проектни активности поврзани со промоција и заштита на природните ресурси на Планината Јабланица ќе спроведуваат Општина Вевчани, Здружение Сороптимист, Струга, Планинарско друштво Закамен, Струга, Лекофарм, Струга и невладината организација Енхалон од Струга.

Повикот за мали грантови се организираше во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис а финансиските средства се обезбедени преку Фондацијата МАВА од Швајцарија и Фондацијата Еуронатур од Германија.