Прескокни до содржината

Вести

506 објави

„Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Северна Македонија и Албанија“.

На 6ти септември 2023 година, во НП „Маврово“, МЕД во координација со Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) и соработка со организацијата за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА), со поддршка на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, организираше настан за промоција и започнување на проектот „Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Северна Македонија и Албанија“. На настанот учествуваа…

Новости

Став на Македонското еколошко друштво во врска со актуелните случувања со кафеавите мечки во Националниот парк „Маврово“

Кафеавата мечка е трајно заштитен дивеч согласно Законот за ловството, и строго заштитен вид согласно Законот за заштита на природата. Единствено, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство може да дозволи лов на мечка како заштитен дивеч, доколку определена единка прави штети, но по претходно мислење на Министерството за животна средина и просторно планирање. Меѓу другото, таа е ставена и на Националната црвената листа на цицачи како ранлив вид. Освен со националната, мечката е…

Новости

10 години ПреспаНет

Прославивме десетгодишнина од формирањето на ПреспаНет Мрежата за одржлив развој на прекурганична Преспа Со гордост најавуваме дека ПреспаНет, мрежата на еколошки невладини организации посветени на зачувување на природното и културното наследство на прекуграничниот слив на Преспанското Езеро, наврши 10 години постоење! Основана во 2013 година од три организации со богата историја на зачувување на природата во регионот – ние, Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Заштита и зачувување на…

Новости

Влажни ливади - Преспа 2023

Оваа година се затвора циклус од четири години, во кој ги истражувавме и анализиравме дел од еколошките карактеристики и особености на влажните ливади во Преспа. Паралелно со истражувачкиот процес, организирано работевме и на подигање на свеста кај локалното население и пошироко, за значајноста од зачувување на овие природни живеалишта. Во работата со влажните ливади во изминатите четири години беа вклучени околу 50тина експерти, соработници, практиканти и волонтери од земјата и странство, како…

Новости

Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија

Проектот за Ревитализација на шуми во Северна Македонија и Албанија претставува заеднички напор за соочување со еколошките предизвици, со кои се соочуваат двете земји. Како дел од Фондацијата на шведската поштенска лотарија, Иницијативата за северни шуми, цели кон контрибуција во ревитализацијата и зачувувањето на исклучително важни шумски екосистеми во Албанија и Северна Македонија, како и зајакнување на капацитетите и посветеноста на локалните, регионалните и националните чинители за одржливо…

Новости

29-та истражувачка акција на ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози)

Ова топло лето во месец јули, Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) ја организираше 29-тата традиционална истражувачка акција во соработка со нашето друштво и НП Маврово. Акцијата се одржа во НП Маврово во периодот од 10 -25.07.2023 година, со цел да се придонесе кон Студијата за ревалоризација на националниот парк преку собирање на што повеќе информации за биолошката разновидност на просторот на паркот. Околу 40 студенти неуморно и вредно земаа учество во истражувањата на…

Новости

Нов билтен на Програмата за зачувување на балканскиот рис (август 2023)

Повторно обединети за рисот Новите потфати во Програмата за зачувување на балканскиот рис се стратешки напредок во развивање на нови решенија и работење со нови целни групи со истата цел - да ја зачуваме популацијата на балканскиот рис. Нашиот тим останува составен од пет различни организации од пет земји и сите наши напори се меѓународни и базирани на наука. Имаме среќа зачувувањето на рисот да привлекува научници од многу нации кои се подготвени да разменат искуства и знаење од кои ние можеме…

Новости

Повик за доставување понуди за изведба на фотонапонски систем

За потребите на проектот: „Воспоставување зелена комуна како модел за одржливо користење на ресурсите, зачувување на биодиверзитетот и намалување на влијанието на климатските промени во регионот на Илинска-Плакенска Планина“, финансиран од Еко Свест/SIDA, предвидено е набавка и изведба на фотонапонски систем за училишната зграда во село Белица, Kичево. Повикот со потребните информации ви го испраќаме во продолжение на линкот. Доколку сте заинтересирани Ве молиме да доставите вашa понуда на…

Новости

Ново видео сликовито го илустрира циклусот на незаконското труење на дивиот свет

Незаконското труење на дивиот свет е сурова и штетна практика. И покрај тоа што е забрането во многу земји, останува распространет метод за елиминирање на животните кои се сметаат за штетници или предатори. Последиците се протегаат многу подалеку од предвидените цели, влијаејќи на диви животни, па дури и на луѓе. Оставањето отровни мамки на отворени површини започнува циклус, неселективно убивајќи го секое животно што ќе дојде во контакт со овие токсични материи. Овој циклус има разорни ефекти…

Новости

Змиите се дел од нашата животна средина

Овој текст е реакција кон скорешни написи кои поттикнуваат паника во врска со присуството на змии во нашата животна средина и обид да ги информираме граѓаните дека голем дел од змиите кои ги среќаваат на Водно или покрај реки и вода не се отровни и не се опасни по здравјето на луѓето. Истовремено сакаме да потсетиме за корисната улога на овие животни во природното контролирање на глодарите кои се дел од нивната главна исхрана.   Слика 2 - Шарка Слика 1 - Поскок Во Македонија постојат 16…

Новости

Теренска лабораторија Преспа

Прекугранично искуство во мониторинг на биолошка разновидност и едукација за зачувување на природата „ПРЕСПАНУВАЊЕ“ 07 – 12 август 2023 година, Стење, Северна Македонија Краен рок за аплицирање: недела, 16 јули 2023 година Во соработка со нашите партнери од ПреспаНет, ППНЕА од Албанија (Заштита и зачувување на природната средина во Албанија) и СПП од Грција (Друштвото за заштита на Преспа) ќе ја организираме петтата прекугранична летна школа на мрежата насловена „ПРЕСПАНУВАЊЕ“. Школата оваа…

Новости

Повик за доставување понуди за метеоролошка станица

За потребите на проектот: „Воспоставување зелена комуна како модел за одржливо користење на ресурсите, зачувување на биодиверзитетот и намалување на влијанието на климатските промени во регионот на Илинска-Плакенска Планина“, финансиран од Еко Свест/SIDA, предвидено е да се набави метеоролошка мониторинг станица. Барањето за понуда со потребните технички спецификации за мониторинг станицата се наоѓа на следниот линк . Доколку сте заинтересирани Ве молиме да доставите вашa понуда на следните…

Новости