Прескокни до содржината

Волонтирај со МЕД

Уште еден начин да ја поддржиш нашата работа е да ни се придружиш во теренските активности како волонтер/ка.

Волонтирањето како искуство

Уште еден начин да ја поддржиш нашата работа е да ни се придружиш во теренските активности како волонтер/ка. Така не само што ќе имаш можности за уникатни искуства во природа и за учење и дружење со страсни познавачи и истражувачи, туку и ќе можеш директно да придонесеш кон развојот на граѓанската наука во земјава.

Волонтирањето е отворено за секого, а пријавата за активностите подолу се прави со активно членство во МЕД — стани член и придружи ни се на терен!

Што е граѓанска наука?

Токму активното вклучување на волонтери во научни истражувања е темелот на граѓанската наука. Така секој може да учествува во подобрувањето на знаењето за која било тема поврзана со животната средина или за кој било растителен или животински вид.

Граѓанската наука е дел од работењето на Македонското еколошко друштво затоа што сме свесни, од една страна, дека не можеме сè да постигнеме сами, а од друга страна дека ваквите искуства се неверојатна можност токму за самите волонтери да научат повеќе, да си ги прошират видиците и уште повеќе да ги ценат природата и останатиот жив свет.

Нашите активности

Нашите теренски активности вклучуваат набљудување и пребројување на различни видови (птици, цицачи, водоземци и слично) и живеалишта, јавни настани и научни средби.

Доколку ова ти фаќа око, разгледај го календарот и пријави се за некоја од нашите активности!

Сакаш да нè поддржиш?