Публикации
Во овој дел се достапни публикациите на Македонското еколошко друштво, кои ги опфаќаат научните истражувања, стручните изданија, материјалите од конгреси и публикациите наменети за пошироката јавност. Овие содржини имаат за цел да придонесат кон подобро разбирање, заштита и унапредување на природата и биодиверзитетот.
Програма за млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“
Свесен за неопходноста на теренската работа и за важноста на менторската и финансиската поддршка како поткрепа на личниот ентузијазам, во 2009 година проф. д-р Љупчо Меловски ја иницира уникатната Програма за млади еколози за да ги охрабри и поттикне младите студенти да истражуваат во областа на екологијата и животната средина. До ден-денес, оваа програма е единствената програма која обезбедува континуирана поддршка за младите еколози, придонесувајќи на тој начин не само кон нивното стручно профилирање, туку и кон продлабочување на научните сознанија за повеќе значајни еколошки прашања во земјава.
Инспирирани од посветеноста и неисцрпната љубопитност на проф. д-р Меловски и во чест на неговиот придонес за еколошката наука во земјава, Македонското еколошко друштво нему му ја посвети оваа програма, поради што од 2020 година таа го носи неговото име.
Преку Програмата за млади еколози обезбедуваме менторство и финансиска поддршка во вид на мали и средни грантови. Малите (едногодишни) грантови се наменети за млади еколози до 26 години кои се на почетокот од својата научна кариера додека, пак, средните (двегодишни) грантови им се доделуваат на лица до 30 години со претходно искуство во научно-истражувачката работа кои веќе имаат успешно реализиран проект со мал грант. Така Програмата охрабрува континуитет во професионалниот развој и постепено надоградување на младите истражувачки капацитети.
Заинтересираните кандидати се пријавуваат на повик што го објавуваме еднаш годишно. Досега програмата ја спроведовме девет пати и доделивме 81 и 19 средни грантови, со што до 2026 година поддржавме вкупно 100 истражувања.
2026
test
BotanikaРаководител:
Отвори публикација
Aleksej Anovski
2026test 2
EntomolgyРаководител:
Aleksej Anovski
2026