
МЕД го одбележа Денот на биодиверзитетот - 22 мај, 2013 година
Македонското еколошко друштво со изложба на детски цртежи, прикажување на документарни филмови за биодиверзитетот во Македонија како и саем на локални производи и храна го одбележа Светскиот ден за заштита на биолошката разновидност, во Отешево на Преспанското Езеро. Повеќе од 200 учесници, претставници на локалното население, ученици, професори од шесте училишта во регионот, претставници на владниот и невладин сектор, членови на МЕД и љубители на природата, заеднички го одбележаа овој настан.…