Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Официјализирана Стандардна оперативна процедура за постапување при случаи со труење диви животни во Северна Македонија

На 5-ти август, Државниот инспекторат за животна средина официјално го усвои Стандардниот оперативен протокол (СОП) за постапување при случаи со труење диви животни, развиен во рамки на проектот БалканДетокс LIFE. Овој важен документ беше предложен за време на состанокот на Националната работна група за борба против труење диви животни, каде членовите ја истакнаа потребата од јасно дефинирани улоги и одговорности меѓу националните тела, како и ефикасна соработка во вакви случаи. Во согласност…

балкан детокс

Работилница за балканскиот рис на Денот на екологијата

Македонското еколошко друштво се надоврза на прославувањето на Денот на екологијата, кој се роди на тркалезна маса во Европскиот Парламент во 2016 година, како означување на век и половина од постоењето на екологијата како наука. МЕД за своите членови, во Зоолошката градина во Скопје, одржа детска работилница на тема „Балкански рис“. На работилницата присутни беа повеќе од 20 деца, заедно со своите родители. За едукативниот дел се погрижија Александар Павлов од МЕД, и едукаторот Александар од…

Одбележување важни денови

Борбата против криминалот врз дивиот свет – тема на работилница за јавни обвинители и инспектори

Македонско еколошко друштво со поддршка од Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија организираше Работилница за борба против криминалот врз дивиот свет. Присутни беа јавни обвинители, инспектори за животна средина и ловство, полициски инспектори, како и претставници од заштитените подрачја и ловните друштва. Работилницата беше поддржана и од Академијата за судии и јавни обвинители. Експертите од Македонското еколошко друштво презентираа за криволов на диви птици и…

Новости

Заврши пописот на штркови

Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 377 неактивни гнезда - односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или…

Новости

Програма за искуствено учење за квалитет на воздух на Mрежата за искуствено учење

Наслов на проектот: Програма за искуствено учење за квалитет на воздух на Mрежата за искуствено учење Времетраење : ноември 2023 – октомври 2024 Финансие р: SIDA – Swedish International Development Agency Координатор : УНИЦЕФ Спроведувач : МЕД Вклучени партнери (меѓународни/национални) : Едукативен центар Негрево, Хидробиолошки институт, Природно научен музеј, Народна техника на Град Скопје, Ботаничка градина и НП Галичица Главни цели на проектот: Изработка и спроведување на годишна образовна…

Еколошка едукација

Соопштение од Македонско еколошко друштво: Во Македонија недостасува центар за рехабилитација на диви животни

9.08.2024 Во Македонското еколошко друштво од граѓаните ширум државата често пристигнуваат дојави за пронајдени повредени диви животни. Нашиот тим многупати досега направил се што може за да им помогне, во рамките на нашите познавања и ресурси, иако тоа е многу поразлично од нашите редовни обврски. За жал, можеме да издвоиме ресурси само за единки кои припаѓаат на исклучително засегнати видови (со мала бројност во земјата). Во неколку наврати изминативе години МЕД и Зоолошката градина во Скопје…

Новости

18 млади од Шар Планина учествуваа на обука за рурален туризам

Во рамки на проектот „Зајакнување на заедниците во регионот на Шар Планина за одржливо управување со Европскиот зелен појас“ на 4 и 5 јули во планинарскиот дом Љуботен на Шар Планина се одржа дводневна обука на тема „Рурален туризам на Шар Планина и потенцијали за развој“. Обуката МЕД ја организираше во соработка со „Центарот за едукација и развој“ и нашите партнери од Косово „ЛАГ Шари“. Целта на обуката е да се обучат млади од Македонија и Косово коишто се занимаваат или сакаат да се…

Новости

Спроведени активности за управување со влажните ливади - искосени околу 10 хектари

Оваа година беа искосени околу 10 хектари влажни ливади во близина на селата Долно Перово и Волкодери. Како резултат на оваа активност беа произведени околу 2 500 бали на сено кои ќе бидат донирани на 10-тина локални сточари и дел на НП „Галичица“. На 25.06.2024 беше одржан завршен настан на кој беа презентирани резултатите постигнати во рамки на оваа активност во последните 5 години, при што посебно внимание посветивме на придобивките за природата од управувањето на влажните ливади, како и…

Новости

Историска победа за природата на ЕУ: Советот на ЕУ го усвои Законот за обновување на природата

По последната напната дискусија, Советот за животна средина на ЕУ конечно го усвои Законот за обновување на природата (NRL), означувајќи го последниот чекор за овој долгоочекуван предлог конечно да стане закон. Овој исход е огромна победа за природата на Европа, климатските акции, граѓаните и иднината. Државите членки ги исполнија своите обврски и со мнозинство од 20 земји, кои претставуваат 66,07% од населението, законот беше официјално поддржан, благодарение на австриската министерка за…

Новости

Јакнење на напорите за заштита: Партнерите на BirdLife во Кавказот и Западниот Балкан се состанаа во Софија

Работилницата за Конзервација Базирана на Докази (EBC) се одржа во Софија, Бугарија, од 3 до 6 јуни, 2024 година. Програмата RENATE ја иницираше и финансираше настанот, кој беше домаќин на BSPB / BirdLife Бугарија. RENATE (Враќање на Природата на Исток) има за цел да ги зајакне Партнерите на BirdLife во Источна Европа и Централна Азија, зголемувајќи го колективното влијание на BirdLife International за заштита и обновување на пејзажите низ овие региони. Работилницата имаше активно учество од 12…

Новости

Екскурзија кај едукативната детска патека „Бунец“ по повод Светскиот ден на рисот

Светскиот ден на рисот, Македонското еколошко друштво, оваа година да го одбележа со организирана посета на ученици од скопското основно училиште „Лазо Ангеловски“ во едукативниот центар „Бунец“ кај Маврово. Учениците имаа можност да прошетаат по едукативната патека, која е специјално наменета за деца на нивна возраст. Едукаторите од НП Маврово, внимателно и посветено им објаснуваа што гледаат на секој чекор од патеката. Едукативната патека претежно се наоѓа во букова шума, но имаше и по некоја…

Одбележување важни денови

Едукативно теренско истражување со членството на Македонско еколошко друштво

Македонското еколошко друштво за своите членови на 8 јуни 2024 одржа едукативно теренско истражување, предводено од раководителката на секцијата „Биодиверзитет“, проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ. Професорката Славевска Стаменковиќ, заедно со асистентката Јелена Хиниќ и нашата Деспина Китанова ги едуцираа присутните членови на МЕД за поточниот рак кој живее во водите на Љубанска Река, и кој претставува Натура 2000 вид. Професорката лично демонстрираше како се земаат примероци директно…

Средби на членови на МЕД