
Белиот нуркач (Mergellus albellus) е птица на годинешниот цензус на водни птици!
Белиот нуркач ( Mergellus albellus ) е избран за птица на зимскиот цензус на водни птици, организиран од тим на на професионалци и волонтери на МЕД, којшто се одржа на 17 и 18 јануари. За време на цензусот беа избројани над 40 000 птици од 34 различни видови на 7 локалитети. Се броеше на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, на акумулациите Мантово (кај Радовиш) и Младост (кај Велес), браната Паљурци и блатото Ѓол близу селото Богородица (гевгелиско). Белиот нуркач, Mergellus albellus…
