Прескокни до содржината

Вести

98 објави за „Преспа“

Работилница за мониторинг на крупни ѕверови, февруари 2016, Грција

Дводневна работилница за обука за мониторинг на крупни ѕверови беше одржана во Преспа, Грција на 2 и 3 февруари, 2016 година. Работилницата беше организирана од тимот на МЕД кој работи на заштита и проучување на рисот, заедно со ППНЕА од Албанија и Калисто од Грција. Обуката беше иницијатива на СПП, на истата присуствуваа 40 учесници - вработени во СПП и ренџери. Покрај обуката за мониторинг на рисот и неговите жртви, беа спроведени и теренски активности и поставени неколку камери.

Новости

Светски Ден на Водните живеалишта

По повод 2 февруари - Светскиот ден на водните живеалишта, МЕД, СПП и ППНЕА заеднички изработија макета на Преспа. За оваа цел децата од основните училишта во трите земји работеа на комплетирање на секој од трите делови на регионот. Во Македонија активноста се спроведе во Ресен, во ОУ „Гоце Делчев“, каде преку игра децата ги проширија знаењата за водните живеалишта и нивното значење. Учениците на макетата на македонскиот дел на Преспа, претставија како тие го гледаат Рамсарското подрачје во кое…

Новости

Фото конкурс - Балкански Зелен појас 2016

Во рамките на Балканскиот зелен појас, дел од иницијативата Европски зелен појас, во секоја од деветте држави на Балканот се организираат фото конкурси на тема мотиви од зелениот појас. Македонското еколошко друштво, како членка на асоцијацијата Европски зелен појас, заедно со Еуронатур од Германија го најавува првиот фото конкурс на оваа тема, кој ќе трае до 30 јуни, 2016 година. Што е тоа Зелен појас? Мрежа која ги поврзува пограничните региони со исклучителни природни вредности сочувани долж…

Новости

Придружете ни се во јубилејното зимско пребројување на птиците!

Годинава цензусот слави златна годишнина - 50 години! Земјите кои припаѓаат на Афричко-евроазискиот миграторен пат ќе ги бројат водните птици во средина на месец јануари. Придружете ни се и нас да ги изброиме птиците кои доаѓаат на езерата, акумулациите и другите влажни станишта во Македонија. Распоредот за овогодинешниот цензус во Македонија е следниот: - Преспанско езеро, 16ти јануари - Охридско езеро, 17ти јануари - Велешко езеро, влажни станишта околу Ќоселари и Кучичино, брана Мантово,…

Новости

Воведна работилница за треттото продолжение на проектот „Поврзување на луѓето со природата“

Македонското еколошко друштво во соработка со Plantlife, невладина организација од Велика Британија и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) продолжи со реализација на проектот со наслов „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ преку вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата; преземање акции кои би придонеле кон имплементација на ЕУ регулативите за воведување на мрежата Натура 2000. Овој…

Новости

Волонтерите и соработници на МЕД се сретнаа во Преспа да го одбележат Европскиот ден за набљудување на птици

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од втори до четврти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците…

Новости

Европски ден за набљудување птици, 2015

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од 2-ри до 4-ти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците преселници…

Настани

Цензус на пеликани

Третиот по ред Цензус на пеликани се одржа на 16 мај 2015 година, на водни површини на 41 локација долж цела Грција. Целта на цензусот беше да се евидентира вкупниот број на пеликани кои ги користат водните површини во земјата за време на периодот на разможување. Цензусот е иницијатива на Друштвото за заштита на Преспа (СПП) и Грчкото Орнитолошко Друштво и беше успешно спроведен благодарение на управувачките тела на 12 заштитени подрачја. Цензусот на Преспанското Езеро кое го делат трите…

Новости

Друштвен викенд во Албанија

Членовите на ПреспаНет по втор пат се собраа на друштвен викенд. Овој пат дружењето се случи во албанскиот дел на Преспа. Учесниците освен неформална дружба имаа можност да се искачат по падините на планината Галичица каде уживаа во видикот на езерото и убавините кои трите соседни земји ги пружаат. Во останатиот дел од посетата, беа посетени и средновековниот музеј во Корча и селото Бобоштица кое е познато по развиениот селски туризам.PrespaNet members gathered for the second time for the…

Новости

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта со активности во Преспа, 2015

Како и секоја година така и оваа, Рамсарската конвенција дава иницијатива за организирање различни активности во светски рамки, за одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта - 2 февруари. Мотото на овогодинешната иницијатива беше „Водни живеалишта за нашата иднина“. МЕД се приклучи на иницијативата со интересна презентација за учениците од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Целта на предавањето беше подигнување на свеста на младите за значењето и вредноста на водните живеалишта, но истовремено…

Настани

Прекугранична стратегија за заштита на Преспа

Во текот на последните 6 месеци членовите на ПреспаНет ( MEД , SPP и PPNEA ) работеа на креирање на прекугранична стратегија за заштита на Преспа. Првата верзија на овој стратешки документ беше презентирана на 3 и 4 февруари во Лемос, Грција пред претставници на EuroNatur , КОRА , FZS , Plantlife и SAVE foundation . Првиот дел од работилницата го опфати сработеното досега, проследено со дискусија за различни делови од стратегијата, задачите и зацртаните цели на ПреспаНет кои се резултат на…

Новости

2 февруари 2015, Светски ден на водните живеалишта: Време е за ратификација на Меѓународниот договор за паркот Преспа

2 февруари 2015 не е само Светски ден на водните живеалишта, туку и петгодишнина од денот кога беше потпишан Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа од страна на трите земји што го делат Преспанскиот басен и на Европската комисија. Договорот сè уште е неактивен, затоа што не е ратификуван од страна на грчката влада. Неодамна Македонија и Албанија, повторно без Грција, воспоставија „Прекуграничен биосферен резерват“ во областа под покровителство на УНЕСКО, во кој…

Одбележување важни денови