Прескокни до содржината

Вести

712 објави

ПреспаНет на ICZEGAR 2025: Наука, соработка и градење капацитети за заштита на природата

Меѓународниот конгрес за зоогеографија и екологија на Грција и соседните региони (ICZEGAR) веќе долго време претставува форум за презентација на истражувањата поврзани со биодиверзитетот во Медитеранот, а нашата мрежа на еколошки организации ПреспаНет е горда што имаше силно присуство на 16-тиот конгрес што се одржа во Атина минатата недела (03 – 06 јули). Со седум различни презентации, нашиот тим ја истакна еколошката уникатност и предизвиците за заштита на прекуграничниот Преспански басен –…

Новости

Мурал за Светскиот ден на рисот

Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија - Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме јавната свест, не само на рурално туку и на урбано ниво. Кога работите ќе згуснат ни треба секаква поддршка, од секоја популација“, изјави раководителот на…

Новости

Повик за понуди за набавка на GPS уреди

Македонското еколошко друштво објавува повик за набавка на GPS уреди:   Инструкции за понудувачите   Договорен орган Договорен орган е Македонско Еколошко Друштво Скопје со адреса на Архимедова бр. 5, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2402773.   Лице за контакт кај договорниот орган е Данка Узунова, електронска адреса uzunova@mes.org.mk   Предмет на договорот за набавка Предмет на договорот е набавка на GPS уреди. Најзначајни критериуми се (i) квалитетот на понудениот…

Новости

Средни грантови (2025)

Во текот на 2025 и 2026 година треба да се реализираат три истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата. Мониторинг и молекуларна карактеризација на бактерии кои толерираат тешки метали изолирани од „жешки точки“ во Република Северна Македонија Раководител: Софија Костандиновска Човечките активности значително влијаат на биосферата, предизвикувајќи неповратни промени кои го нарушуваат…

Мали грантови (2025)

Во текот на 2025 година се очекува да се реализирани девет истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата. Еколошки пристап за екстракција на биоактивни соединенија од Hypericum perforatum со примена на длабоки евтектички растворувачи Раководител: Анастасија Хаџисмилева Концептот за зелена хемија се заснова на 12 принципи поставени во 1998 година, од кои за хемиските истражувања најважни…

Натпревар за фотографии од клисури

Периодот за учество на овој натпревар е од 14 мај 2025 година до 30 септември 2025 година. Какви фотографии може да учествуваат За да бидат прифатени во натпреварот фотографиите мора да прикажуваат хабитати или видови сликани во клисури во Македонија. Жири Жирито се состои од вработени на МЕД и членови на Собрание. Жирито анонимно ќе ги разгледува фотографиите кои ќе бидат пријавени. Жирито ќе одбере 12 фотографии кои ќе бидат наградени. Сите избрани фотографии ќе бидат искористени за…

Новости

Меморијален марш и фото конкурс „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“

Во чест и сеќавање на Љупчо Меловски, неговото најблиско семејство, колеги, пријатели, студенти и почитувачи се искачија на планината Китка, следејќи ги стапките на човек кој целиот свој живот ѝ го посвети на заштитата на природата. Меморијалниот марш, што традиционално се одржува веќе петта година по ред, беше организиран од Македонското еколошко друштво во соработка со П.К. „Љуботен“ – Тетово. Оваа година, маршот се одржа на 27 април, во духот на сплотеност и длабока почит кон ликот и делото…

Новости

Конференција „Bird Numbers 2025“

Конференцијата „Bird Numbers 2025“, одржана во Рига, Латвија, од 31 март до 4 април 2025 година, ги собра истражувачите на птици и експертите за зачувување на природата од Европа на темата „Синергии во мониторингот за заштита“. Главните дискусии беа фокусирани на интеграцијата на различни извори на податоци, како што се националните атласи и долгорочните истражувања, со цел проценка на популациските трендови и донесување на ефикасни стратегии за заштита на птиците гнездилки во Европа.…

Новости

Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk

Македонските ентузијасти и истражувачи на птици ќе имаат ново виртуелно место каде ќе можат да учат и споделуваат знаења за видовите птици. Неколку десетици граѓани, вљубеници во природата и птиците се собраа вчера во Нетавил во Скопје на промоцијата за новиот сајт за прибирање податоци за птици „ptici.mk“. На настанот, своја презентација имаше заменик-директорот на Македонското еколошко друштво, орнитологот Методија Велевски, кој раскажа за идејата и процесот на создавање на оваа платформа,…

Новости

Започна пошумувањето на Буковиќ: Обнова на шумата и зачувување на домот на балканскиот рис

Македонското еколошко друштво, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подружница Шар-Гостивар, веќе започна со пошумување на пределот Буковиќ, важен природен екосистем и клучен био коридор за балканскиот рис. Акцијата за пошумување е во полн ек – со заеднички напори на еколозите и шумарите се садат 21.000 садници од видот бука ( Fagus sylvatica ), кој според експертската проценка е најсоодветен за ова подрачје. Овој вид не само што е автохтон за пределот, туку и најзастапен –…

Новости

ЕУ подготвува ослабување на заштитата на волците – невладините предупредуваат за пошироки закани за природата

На 7 март 2025, Европската комисија предложи директна измена на статусот на заштита на волкот според Директивата за живеалишта. Овој предлог следи по одлуката за намалување на заштитниот статус на волкот според Бернската конвенција, која стапи на сила на 6 март 2025 година, што предизвика силни критики од страна на експерти за зачувување на природата и еколошки организации. Во изминатите 18 месеци, ЕУ активно се залагаше за намалување на заштитата на волкот, и покрај недостатокот на научни…

Новости

Одржан прекуграничен состанок на трите локални акциони групи во Кукс, Албанија

24.02.2025 – Локалните акциони групи „Пријатели на Шара“ од Македонија, Лаг „Кораб-Коритник“ од Албанија и Лаг „Шари“ од Косово одржаа состанок во Кукс Албанија на 21 и 22 февруари. Целта на состанокот беше размена на искуства и информирање за активностите на лаговите од 2023 година, кога се одржа последниот прекуграничен состанок во Призрен, Косово. Лаговите дискутираа дека темите како едукација за природа, одржлив туризам и соработка и промовирање на регионот Шара-Кораб-Коритник се и понатаму…

Новости