Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Завршија овогодишните активности за заловување на рис на планините Јабланица, Бистра и Стогово!

Во периодот од 26 ти март до 30 ти април 2012 година, тимот од МЕД кој работи на заштита на балканскиот рис помогнати од неколку посветени волонтери, спроведе активности за заловување на рис на планините Јабланица, Бистра и Стогово. Вакви активности беа спроведени и во 2010 и 2011 година, во рамките на проектот „Статус, екологија и окупираност на територијата на критично загрозениот балкански рис во Македонија и Албанија”: Исто како претходните две години, целта на тимот беше да се заловат…

Новости

МЕД заедно со ПК „Љуботен“ на традиционално кампување на Лешница

Планинарите од планинарското друштво Љуботен од Тетово и по трет пат волонтираа во рамките на проектот за промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија. Околу дваесетина волонтери на 3 и 4 август 2012 година, учествуваа во акцијата за маркирање и чистење на една од патеките која во иднина ќе биде промовирана како една од неколкуте флористички патеки на Шара. Настанот заврши на 5 август со пречекување на останатите планинари и вљубеници во природа на местото на кампување. Тие имаа…

Новости

Царските орли од Овче Поле добија 10 платформи за гнездење!

Во периодот 4-8 јуни, МЕД и МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Платформите се поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Скопје 4 – Дуброво, поконкретно на потегот Сојаклари – Караслари, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. По серија консултативни состаноци помеѓу членовите на тимот од проектот „Процена на заканите за птиците во две значајни…

Новости

Одржан состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово

На 18.05.2012 година, во Скопје, се оддржа состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово. Целта на состанокот беше да се дефинира единствен модел на управувачко тело на предлог заштитеното подрачје на Осогово и детално да се рагледаат ставовите по однос на изработената студија за финансиска импликација за Управувачкото тело.

Новости

Планинарите во потрага по цвеќиња!

На 29 ти април 2013 година се одржа првиот од вкупно три настани на Шар Планина во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Настанот беше организиран во соработка со ПК „Љуботен“ од Тетово, а авантурата на групата планинари започна од с. Беловиште и заврши на Беловишки Водопад. Мотото на овој настан беше „ Пронајди го цвеќето “. Имено, пред групата планинари да започне со искачување кон водопадот, им беа поделени фотографии во боја од…

Новости

Учество на десетдневна обука во Англија и Холандија за привлекување и координирање со волонтери во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја - IP

Пред почетокот на реализиција на планираните настани во трите избрани значајни растителни подрачја, во периодот од 17 до 27 април, четворица претставници од Македонија учествуваа на десетдневна обука во Англија и Холандија. Организацијата Plantlife International од Англија и Floron од Холандија беа домаќини и организатори на оваа обука. Главната цел на обуката беше воведување на учесниците од Македонија, Бугарија и Романија кон техниките за управување со волонтерските групи кои ќе учествуваат…

Новости

Проект за промовирање на Значајните растителни подрачја во Македонија

Како продолжение на проектот „Идентификација и заштита на значајните растителни подрачја (ЗРП) во Македонија“, кој МЕД го спроведуваше во периодот од 2007 до 2009 година, од февруари, 2012 година со времетраење од една година започнува проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Идејата на проектот е да се формира т.н. ЗРП мрежа (IPAnet) која би опфаќала по три ЗРП од Македонија, Бугарија, Романија, Холандија и Англија. Преку организирање разни…

Новости

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ - ШАР ПЛАНИНА

Македонското еколошко друштво (МЕД) и Германската фондација Еуронатур (EuroNatur), објавуваат повик за поднесување на проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Шар Планина. Повикот е во склоп на проектот „Промоција на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина и инволвирање на „засегнатите страни“, кој се имплементира од страна на EURONATUR и МЕД. Овojпроект е финансиски поддржан од Германската федерална фондација за животната средина…

Новости

Состанок за потенцијалите и можностите за воспоставување на заштитено подрачје во осоговскиот регион

На 9 ти февруари 2012 год. во хотелот „Карпош“ во Скопје со почеток од 10 часот, се одржа состанок на тема: Осогово и потенцијалите и можностите за воспоставување на заштитено подрачје во осоговскиот регион. Заради навремено усогласување на ставовите и насоките за успешно спроведување на процесот за воспоставување на заштитено подрачје во регионот, на состанокот преку отворена дискусија, транспарентно се разговараа насоките и ставовите помеѓу чинителите на локално и државно ниво. На состанокот…

Новости

Промоција на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина и инволвирање на засегнатите страни – мали грантови

Во рамките на програмата за мали грантови, која Македонското еколошко друштво заедно со германската организација ЕУРОНАТУР и организацијата Центар за унапредување на јавниот живот од Тетово, ја спроведуваат на подрачјето на Шар Планина, беа поднесени 47 проект апликации. Од пријавениот број, одбрани беа 20 проекти. Комисијата за оценка на доставените предлог-проекти беше составена од: Др. Александер Битнер (DBU –Германија); Анете Шпангенберг (Еуронатур – Граманија); Мануела фон Аркс (KORA –…

Новости

МЕД – домаќин на три теренски обуки за партнерски организации од Албанија, Косово и Хрватска

Претставници од невладината организација за заштита на животната средина во Албанија PPNEA, од Американскиот Универзитет од Косово AUK, како и од Факултетот за Ветеринарна медицина од Загреб изминативе два месеци беа дел од обуките наменети за правилно спроведување анкети со локално население коишто МЕД ги организираше во Македонија. Обуките се дел од активностите на проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците…

Новости

Завршна презентација на проектот за развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)

Македонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Европскиот центар за заштита на природата од Холандија организира завршна презентација на проектот за развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН). Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2011 год. (среда) во ресторанот Ореов Лад, Скопје. На настанот се поканети голем број претставници од сите засегнати страни: министерства, јавни претпријатија, научни установи, субјекти за…

Новости