Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Сесија на фото – замки, Маврово 2013 година

Тимот за заштита на балканскиот рис од МЕД во соработка со вработените од ЈУ НП Маврово, ја започна третата систематска сесија на фото замки во Националниот парк „Маврово“. Сесијата започна на 9 март и ќе трае точно 60 дена. Добиените резултати ќе овозможат да се одреди големината на популацијата на рисови во засега единственото подрачје во Македонија каде е потврдена репродукција на рисот и кое за жал претставува засега единствен познат извор на популацијата. Овие резултати понатаму ќе…

Новости

Одржана работилница за улогата на фармерите и шумарите во заштитата на балканскиот рис во идните заштитени подрачја!

  Оваа работилница претставува една од последните активности што МЕД ги реализира во рамките на втората фаза од проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис ” , кој има за цел заштита и зачувување на автохтоната популација на балканскиот рис во Република Македонија. Работилницата беше организирана во Демир Хисар на 20 ти ноември 2012 година каде најважни слушатели беа претставниците од шумарскиот сектор и индивидуалните сточари и одгледувачи на овци и добиток од регионот на…

Новости

Завршна работилница на партнерите од проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја (IPAnet)“

Претставници од сите пет земји кои беа вклучени во IPAnet проектот се состанаа во Бугарија во периодот од 29.10 до 02.11. 2012 година. Средбата беше организирана со цел презентирање на резултатите од реализираните активности во изминатите осум месеци. Проектот беше оценет како успешно спроведен што беше причина за изработка на нацрт план за негово потенцијално продолжување. Македонското еколошко друштво во склоп на овој проект реализираше вкупно 9 настани за промовирање на три значајни…

Новости

Значајните растителни подрачја во Македонија се навистина значајни!

Три значајни растителни подрачја од Македонија беа тема за изработка на промотивни материјали, кои воедно се крајниот резултат во рамките на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја (IPAnet)“. Покрај националните изданија, изработено еи регионално издание од страна координаторот на проектот - Plantlife, во кој учествуваа пет европски земји. Повеќе информации ќе најдете на:…

Новости

Новости во проектот Осогово!

На 23 ти ноември, во Скопје беше одржан состанок на членовите на Координативното тело во рамките на проектот Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас, на кој беше презентирана предлог студијата за прогласување на заштитено подрачје на Осогово. На состанокот беа присутни преставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Министерството за економија на РМ, ЈП „Македонски шуми“, два концесионера,…

Новости

По Марко и Ристе, Мартин!

  Мартин е името на третиот рис, кој пред два дена (31 ви октомври) Македонското еколошко друштво го залови на планината Стогово, Кичевско. По фаќањето, рисот беше успан и детално измерен, беа земени крв и влакна за генетска анализа. По успешното поставување на ГПС околувратник, Мартин беше ослободен во природа. Мартин се фати во кафез-замка поставена во дабова шума на стрмен терен. Староста е проценета на 3 до 5 години, должината на телото му изнесува 98 сантиметри, а тежината - 24…

Новости

Уште 10 нови платфoрми за царските орли од Овче Поле!

По втор пат годинава, МЕД во соработка со МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли ( Aquila heliaca ) во Овче Поле. Овој пат платформите беа поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Штип – Пробиштип, поконкретно на потегот Чардаклија – Стрмош, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. На вториот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваа многу локални и национални…

Новости

Трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици“, септември 2012

На 24 септември, во ОУ „Владимир Полежиновски” во Кичево, се одржа трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици”. Организатор на трибината беше здружението на граѓани Брждани 2010 како дел од предвидените активности на проектот „Заштита на автохтоната македонска пастрмка ( Salmo macedonicus ) во горниот тек на реката Треска”. Трибината имаше за цел да ја подигне јавната свест кај локалните чинители за заштита на животната средина и биодиверзитетот на…

Настани

Популаризација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ на локално ниво

Македонското еколошко друштво учествуваше на настанот (црковен собир) во Св. „Пантелејмон“, с. Пантелеј – Кочани. Во атарот на манастирот беше поставен панел за Осогово, каде заинтересираните посетителите имаа можност преку непосредни разговори со претставниците од МЕД да добијат повеќе информации за вредностите на Осогово и иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово. Поделени беа и промотивни материјали изработени преку проектот. Настанот беше масовно посетен од локалното…

Новости

Осоговскиот регион презентиран на саем на регионите од југоисточна Европа (ЕКСПО 2012)

Претставници од Македонското еколошко друштво учествуваа на ЕКСПО 2012 – Радовиш, саем на регионите од југоисточна Европа, кој се оддржа во Радовиш, од 7-9 јули 2012 година. За време на панел форумот за „Култура, соработка и туризам во југоисточна Европа “ како дел од саемот, од страна на МЕД беа презентирани природните и културните вредности на осоговскиот регион како основа за развој на туризмот во рамки на иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осоговските Планини. Од…

Новости

Волонтерите од Битола запознаа дел од растенијата на Пелистер

Дваесетина волонтери од Битола на 23 мај учествуваа на настанот „ Колку ги познавам растенијата на Пелистер “ организиран од МЕД и Младинскиот културен центар од Битола. Целта на настанот беше преку интерактивни игри и кратко предавање за флористичкото богатство на националниот парк „Пелистер“, младите да се запознаат со дел од растенијата кои се значајни за планината Баба. Оваа активност заврши со прошетка по шумската патека од Голема Ливада до планинарскиот дом Копанки, каде учесниците имаа…

Новости

Одржан состанок по повод овогодинешните теренски истражувања за проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан

Mакедонското еколошко друштво организираше планирачки состанок по повод овогодинешните теренски истражувања во рамки на проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан од 07 до 11 мај во Скопје. Целта на состанокот беше јасно дефинирање на методите и техниките за теренските истражувања кои треба да се направат летово во сите четири земји каде што се спроведува проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на…

Новости