Осогово презентирано на работен состанок за прекугранична соработка, во организација на УНЕСКО!
Потенцијалите за заштита и развој на Осогово, но и проблемите за успешно спроведување на номинациониот процес во осоговскиот регион, беа презентирани на субрегионалниот работен состанок за прекугранична соработка организиран од УНЕСКО, во Поградец, Албанија, во декември, 2013 година. На средбата учествуваа заменик министрите за животна средина од Албанија и Македонија, претставници од МАБ комитетите и дел од клучните страни, особено од охридско – преспанскиот регион. Поканета беше и грчката…
