Прескокни до содржината

Вести

98 објави за „Преспа“

Вело птичарска дружба во Преспа

МЕД во соработка со Велосипедски кружок Милтон Манаки и Велосипедско планинскиот клуб ПреспаБајк организираа на средина на септември, настан за набљудување на птици со велоспидиска тура околу Преспанско Езеро. Настанот имаше за цел да ги приближи птиците кои се среќаваат на Преспанско езеро до велосипедистите во рамки на Европските денови на набљудување на птици. Преку неколку точки за набљудување и одмор на Претор, Горно Перово, Сирхан и Стење учесниците научија нешто повеќе за користење на…

Одбележување важни денови

Дивата страна на Преспа

Група од 14 средношколци учествуваа на теренската сесија од серијалот „Дивата страна на Преспа“ која всушност беше практично воведување во основите на биолошки мониторинг. После серијата од неколку теоретски предавања, на последниот училишен ден 10 јуни, средношколците посетија дел од подрачјето на паркот на природа „Езерани“ каде под менторство на неколку вработени од МЕД набљудуваа различни видови растенија, влекачи и водоземци, птици и траги од цицачи. Работата на МЕД во Преспа со најмладите…

Новости

Дивата страна на Преспа - растенија

Серијата предавања насловени како „Дивата страна на Преспа“ продолжија со презентација за растенијата. Канцеларијата на МЕД во Ресен на 4 април повторно беше исполнета со група средношколци од средното училиште „Цар Самоил“. Тематиката за растенијата е всушност дел од една цела компонента на проектот за зачувување на преспанскиот регион што МЕД го спроведува заедно со партнерите од ПреспаНет. Се работи за делот насловен како „Растенија, луѓе, Преспа“, преку кој ќе се потрудиме да ги…

Новости

Дивата страна на Преспа – почна серија на настани

Канцеларијата на МЕД во Преспа организира серија предавања насловени како „Дивата страна на Преспа“. Целта на кусите презентации е да се запознаат заинтересираните (особено локалното население и младите) со поимот мониторинг на биодиверзитет и потребните вештини за негово изведување. Темите се обработувани преку примери од различни групи организми (птици, влекачи, растенија, итн.) во голема мера од самата Преспа. Преку овие примери ќе се увиди дека без правилен мониторинг не може да знаеме…

Новости

Светскиот ден на водните живеалишта - Преспа во фокус

Светски ден на водните живеалишта го одбележавме на четврти 4 февруари во Ресен заедно со Општина Ресен. Оваа година органзириравме едукативни активности за најмладите преку кои тие се запознаа со водните птици од нивниот регион. Со најмладите од градинките во Јанковец зборувавме за амблематичниот пеликан и за другите птици од водните површини коишто се индикатори за климатските промени а кои годинава се во фокус на Светскиот ден за одбележување на влажни живеалишта (World Wetlands Day).…

Одбележување важни денови

Зимско пребројување на водни птици 2019

Десет години по ред, во викендот на 12 и 13 јануари 2019 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. И покрај остриот студ, ентузијазмот на тимовите кои го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија го преточија во пријатен потфат во којшто беа избројани вкупно околу 25.000 птици на Охридското и Преспанското Езеро, односно, околу 6.000 птици во Дојранското Езеро. Малата…

Новости

Летна школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство во Преспа, Албанија

Во периодот од 17 до 21 септември, во албанскиот дел на Преспа, студенти од трите земји кои го делат преспанскиот регион учествуваа на летната школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство. Прекуграничната летна школа, организирана од членовите на ПреспаНет – Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА) и Друштвото за заштита на Преспа (СПП), преку практични и тематски предавања им овозможи на учесниците да ги…

Новости

Повик за учесници на летна школа за еколошка едукација во Преспа, Албанија

“N atur e interpretation and Environmental Education in Prespa” Summer School 17 th - 21 st September 2018, Prespa National Park - Korçë , Albania Application Deadline: 27th August 2018   Introduction The NGO Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA), based in Tirana, Albania in collaboration with its partners Macedonian Ecological Society (MES) based in Skopje and Resen, and Society for Protection of Prespa (SPP), based in Laimos, Prespa, will organise a summer…

Новости

Македонско еколошко друштво отвори подружница во Ресен

Македонското еколошко друштво (МЕД) на 09 јули 2018 година за прв пат од своето формирање во 1972 година, својата работа и официјално ја прошири во преспанскиот регион, отворајќи регионална канцеларија во Ресен. Отворањето на подружницата во Преспа претставува важен исчекор за нас, имајќи на ум дека ние сме активна членка и основач на прекуграничната мрежа ПреспаНет, којашто се формираше во 2013 година и од тогаш до сега спроведува акции за заштита на преспанскиот регион во Македонија, Албанија…

Новости

Пет години Преспа Нет!

На 2 9 март 2018 година, Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природата во Албанија ја прославија петтгодишнината од денот кога овие организации од трите страни на Преспа ја формираа ПреспаНет, мрежа на невладини организации за заштита на преспанскиот басен. Притоа сe потенцира потребата трите држави да работат усогласено за нејзина заштита. Организациите во наредните години остварија тесна соработка заради остварување на…

Новости

Воведна работилница за третото продолжение на проектот „Поврзување на луѓето со природата“

Македонското еколошко друштво во соработка со Plantlife, невладина организација од Велика Британија и Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) продолжи со реализација на проектот со наслов „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ преку вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата; преземање акции кои би придонеле кон имплементација на ЕУ регулативите за воведување на мрежата Натура 2000. Овој…

Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија

Светски ден на водните живеалишта, 2017

Денес е Светски ден на водните живеалишта! Рамсарската конвенција секоја година го организира овој настан со различни активности и игри. Оваа година беа подготвени неколку пораки кои ни ги испраќа преку следното видео https://www.youtube.com/watch?v=dDnokfpEiz4 и еден интересен стрип ! МЕД го прослави овој ден со едукативен настан во Преспа. Заедно со децата од ОУ „Гоце Делчев“, ги проверивме нашите знаења за функциите на водните живеалишта преку интересен квиз и дознавме како не штитат од…

Настани