Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Одржливо искористување на трската од Моноспитовско Блато

Во склоп на обуката за лидери во заштитата на животната средина НатуРегио_Балкан која се спроведува од страна на германската академија за еколошка едукација NNA, се реализира индивидуален проект со наслов „Обновување на влажните живеалишта во Моноспитовско Блато преку одржливо користење на обновливите ресурси (трската, Phragmites australis ) како био-гориво“. Главната цел на проектот е да го поттикне локалното население да се врати на старата пракса и повторно да ја користи трската од…

Новости

Резултати од повикот за поднесување на предлог проекти за локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина

На објавениот повик за поднесување проектни концепти/проекти за доделување мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина заклучно со 30.12.2014 година, пристигнаа вкупно 8 предлог- проекти кои беа доставени за оценка до членовите на комисијата. Сите доставени предлог-проекти беа оценувани согласно следниве критериуми: квалитет на предлог-проектот, остварливост на проектот, одржливост и влијание на проектот, поврзаност со целите на МЕД во регионот и оценка на финансискиот план .…

Новости

Белиот нуркач (Mergellus albellus) е птица на годинешниот цензус на водни птици!

Белиот нуркач ( Mergellus albellus ) е избран за птица на зимскиот цензус на водни птици, организиран од тим на на професионалци и волонтери на МЕД, којшто се одржа на 17 и 18 јануари. За време на цензусот беа избројани над 40 000 птици од 34 различни видови на 7 локалитети. Се броеше на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, на акумулациите Мантово (кај Радовиш) и Младост (кај Велес), браната Паљурци и блатото Ѓол близу селото Богородица (гевгелиско). Белиот нуркач, Mergellus albellus…

Новости

Пет мали проекти од Струга и Вевчани за природните вредности на Јабланица ќе бидат финансиски поддржани од Програмата за заштита на балканскиот рис

На 10 и 11 декември во Вевчани се одржа состанок на жирито одговорно за селекција на проекти за едукација на локалното население и подигнување на јавната свест заправилно користење на природните ресурси на планината Јабланица, коишто треба да се спроведат во текот на 2015-та година. Жирито беше составено од претставници на МЕД, Фондацијата ЕуроНатур од Германија, Здружението за заштита и животната средина на Албанија ППНЕА, како и претставник од Постојаната работна група за регионален рурален…

Новости

Повик за поднесување на предлог проекти на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина

Македонското еколошко друштво (МЕД) и германската фондација Еуронатур (EuroNatur) објавуваат Повик за поднесување на предлог проекти кои се однесуваат на локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина. Повикот е во склоп на Програмата за мали грантови организирана во рамките на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис III“. Проектот го спроведува МЕД во соработка со Еуронатур, а е финансиски подржан од Фондацијата „МАВА“ од Швајцарија. Критериуми за аплицирање…

Новости

Обука за воспоставување на Натура2000 подрачја

Во период од 06-10 октомври беше спроведена обука за целите и спроведувањето на Натура 2000. Предавачи на обуката беа Матјаж Хармел и Рената Розман од невладината организација ЗаВита од Словенија, а истата беше имплементирана од Македонското еколошко друштво. Предмет на анализа, како потенцијално Натура 2000 подрачје, беше земено Белчишко Блато. Обуката беше поделена на теоретски дел и теренски активности по денови. И тоа: - 1 ден: Запознавање со Директивите за станишта и птици, - 2 ден:…

Новости

Успешно реализирано уште едно ОСОГОВО - И ЛИЧНО И РАЗЛИЧНО!

Уште еднаш Македонското еколошко друштво (МЕД) го помогна промовирањето на убавините на Осоговските Планини заедно со локалното население. На 19 октомври, беше одржан третиот по ред настан под мотото „ Осогово - и лично и различно 3 “, повторно на Пониква. Невладини организации и локални поединци ја презентираа својата работа на збирното место - игралиштето на одморалиштето на МВР, каде се сретнаа и двете групи велосипедисти од Кочани и Пробиштип, од спортските друштва Зелени патеки, Електрика…

Новости

ПРОМОТИВНО - ЕДУКАТИВЕН НАСТАН „ОСОГОВО - И ЛИЧНО И РАЗЛИЧНО 3“

На 19 октомври, на Пониква, Осоговски Планини, ќе се одржи промотивно - едукативен настан под мотото „ Осогово - и лично и различно 3 “. Поводот на овој настан е да се истакне значењето на буковите шуми на Осоговските Планини, а воедно и промоција на целиот регион. Ова е трет по ред настан за промоција на Осогово, организиран од повеќе организации, а под координација на МЕД. Планирано е на настанот да земат активно учество од околу 100-150 деца од училиштата од регионот, граѓани и вљубеници во…

Новости

Европски денови за набљудување птици 2014 – истражување на Катлановско блато и забава во Зоолошката градина во Скопје

Викендот на 4 и 5 октомври низ цела Европа беше одбележан како ден за набљудување птици и 40 земји од Европа и Централа Азија организираа настани на кој се набљудуваше фасцинантната миграција на 2,5 милиони птици кон јужните места на кои ќе презимат. Од Португалија до Казахстан и од Малта до Норвешка над 23.000 луѓе учествуваа на 895 настани на кои се славеше природата. Во Македонија беа организирани два настана. Првиот беше теренско истражување на Катлановско блато кое е важна прелетна точка…

Новости

Европски денови за набљудување птици 2014 – истражување на Катлановско блато и забава во Зоолошката градина во Скопје

Викендот на 4 и 5 октомври низ цела Европа беше одбележан како ден за набљудување птици и 40 земји од Европа и Централа Азија организираа настани на кој се набљудуваше фасцинантната миграција на 2,5 милиони птици кон јужните места на кои ќе презимат. Од Португалија до Казахстан и од Малта до Норвешка над 23.000 луѓе учествуваа на 895 настани на кои се славеше природата. Во Македонија беа организирани два настана. Првиот беше теренско истражување на Катлановско блато кое е важна прелетна точка…

Настани

Повик за мали грантови за Јабланица

Македонско еколошко друштво на 02 Октомври во Струга официјално го отвори повикот за аплицирање на мали грантови за проекти кои ќе третираат теми поврзани со природните вредности на планината Јабланица и одржливо користење на природните ресурси. Рокот за аплицирање е до 15 ноември. Повеќе детали за процесот на аплицирање имате тука .

Новости

МЕД го претстави проектот за планинскиот масив Јабланица-Шебеник на ИПА саем во Тирана

МЕД учествуваше на саем на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија којшто се одржа на 23 септември во Тирана. Македонското еколошко друштво ги претстави промотивните материјали, целите и активностите на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ заедно со партнерската организација од Албанија ППНЕА. На саемот учествуваа голем број на финансирани проекти од ИПА…

Новости