Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Заврши пописот на гнезда на штркови во Македонија - имаме 817 гнезда

Пописот се состоеше од броење на гнезда и младите во нив. Сега се знае дека во Македонија има точно 817 гнезда на штркови и во нив има 2027 млади и 1634 возрасни. Во оваа голема акција се вклучија волонтери и локално население од над 1000 села во Македонија. Попис од ваков вид последен пат е спроведен во 1958 година од научникот Р.Јоветич. Тогаш во Македонија имало вкупно 1132 активни гнезда (315 гнезда повеќе од 2015 год.), во нив имало вкупно 3576 млади (1549 млади повеќе од 2015 год.) и за…

Новости

Годишна повеќедневна истражувачка акција

Од 8 до 22 јули 2015 година се одржа 21та повеќедневна акција на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ). Малешевските планини беа цел на овогодинешната акција на ИДСБ која беше потпомогната од страна на МЕД. Членови на МЕД имаа за задача да водат дел од секциите на ИДСБ, а со тоа да ги обучат младите биолози во методиките на работа и техниките на идентификација на видови. На пример, мамолошката секција имаше шанса да научи нешто повеќе околу методот на заловување на ситни цицачи,…

Новости

Цензус на пеликани

Третиот по ред Цензус на пеликани се одржа на 16 мај 2015 година, на водни површини на 41 локација долж цела Грција. Целта на цензусот беше да се евидентира вкупниот број на пеликани кои ги користат водните површини во земјата за време на периодот на разможување. Цензусот е иницијатива на Друштвото за заштита на Преспа (СПП) и Грчкото Орнитолошко Друштво и беше успешно спроведен благодарение на управувачките тела на 12 заштитени подрачја. Цензусот на Преспанското Езеро кое го делат трите…

Новости

Камп за следење на миграција на птици

По четврт пат МЕД организира камп за следење на миграција на птици. Камповите ќе се одржат од средината на август до почетокот на септември на Илинска Планина и Дојран. Кампот ќе се организира во три наврати и ќе трае 4 дена. Откако, ќе ги прочитате деталите подолу ПРИЈАВЕТЕ СЕ! *ПРОМЕНЕТ Е ДАТУМОТ ЗА КАМПТ ВО ДОЈРАН! (10-13 СЕПТЕМВРИ 2015)

Новости

Друштвен викенд во Албанија

Членовите на ПреспаНет по втор пат се собраа на друштвен викенд. Овој пат дружењето се случи во албанскиот дел на Преспа. Учесниците освен неформална дружба имаа можност да се искачат по падините на планината Галичица каде уживаа во видикот на езерото и убавините кои трите соседни земји ги пружаат. Во останатиот дел од посетата, беа посетени и средновековниот музеј во Корча и селото Бобоштица кое е познато по развиениот селски туризам.PrespaNet members gathered for the second time for the…

Новости

Членовите на ПК Љуботен во соработка со МЕД поставија информативни табли на Шара

Планинарскиот клуб „Љуботен“ како еден од локалните партнери во проектот раководен од МЕД „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ овој викенд на Шара постави две информативни табли. Таблите содржат информации за географските вредности на Шар Планина, топографска мапа на Шара, нејзиното флористично богатство со опис на неколку видови, како и детали околу атрактивни планинарски тури прикажани картографски. Одбрани беа две локации за…

Новости

Проширување на знаењата за балканскиот рис на деца од неколку основни училишта во Националниот парк Маврово

МЕД во соработка со наставниот кадар на основните училишта од Маврови Анови, Ростуше, Требиште и Велебрдо, спроведе едукативни активности поврзани балканскиот рис. Целта на активностите беше да се подобрат и прошират знаењата на децата за овој загрозен вид. Околу 280 деца на возраст од 6 до 14 години учествуваа во едукативните активности. Трите различни активности содржани испакувани во интересен едукативен пакет, меѓусебно се надополнуваа, со цел да создадат целосна и јасна слика за…

Новости

Работилница за имплементација на проекти

Во склоп на активностите за јакнење на капацитетите на локалните партнерски организации на МЕД од подрачјето на Илинска и Плакенска Планина, беше спроведена еднодневна работилница за имплементација на проекти. Работилницата беше одржана на 27 мај во просториите на ОУ „Гоце Делчев‘‘ – Демир Хисар. На работилницата учествуваа вкупно 12 учесници од 7 различни организации кои се вклучени во имплементација на проекти добиени преку програмата за мали грантови на МЕД. Главна цел на работилницата беше…

Новости

Спроведено 4-то систематско истражување со фото замки во НП Маврово

Годинава, во периодот 15 март – 13 мај 2015, МЕД во соработка со националниот парк „Маврово‘‘ го спроведе 4 то систематско истражување со фото замки на територијата на паркот. Главна цел на истражувањето беше да се процени бројот и густината на популацијата на балкански рис во НП Маврово, како и да се види трендот на популацијата преку споредба со резултатите од претходните 3 истражувања. Вкупно беа поставени 60 фото замки на 30 различни локации. Фото замките беа проверувани на секои 10 дена,…

Новости

Кампања FUTUREISCLEAN

Македонското еколошко друштво се приклучи кон меѓународната кампања FUTUREISCLEAN, која се заснова на идејата за користење на алтернативни, чисти видови на енергија, првенствено сончевата. На почеток на месец декември оваа година, светските лидери ќе се сретнат во Париз на Конференцијата на UN за климатски промени (COP21), за да одлучуваат за новиот договор за климатските промени. Одлуките кои ќе бидат донесени на оваа Конференција ќе влијаат на иднината на нашата планета. Целта на оваа Кампања…

Новости

Светските денови за птици преселници, 2015

МЕД организираше посета на гнезда на штркови кои се поставени на електрични столбови во Јужна и Источна Македонија, со цел да процени дали истите се сигурни и за птиците и за електричната мрежа. Овие активности беа остварени во викендот на 9-10 мај, со цел обележување на Светските денови за птици преселници.

Настани

Отворање на првата стрип изложба во МКЦ во Битола

Во рамките на проектот Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија на 7 мај 2015 година беше отворена првата стрип изложба во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола. Стрипот настана како идеја на еко-клубот кој работи во МКЦ Битола и Македонското еколошко друштво. Темата на стрипот беше инспирација од кампот за еколошки мониторинг кој МКЦ и МЕД заеднички го организираа во Националниот парк Пелистер а на кој членовите од еко-клубот ги…

Новости