Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Завршен настан на Програмата за мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина

По повод завршувањето на Програмата за мали грантови која МЕД ја спроведе на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина, се одржа завршен настан во основното училиште Гоце Делчев во Демир Хисар. Покрај претставниците од МЕД, на настанот учествуваа претставници од сите организации кои спроведоа мали проекти во склоп на Програмата, како и претставник од германската организација Еуронатур. Секоја организација накратко го презентираше својот проект со главните цели, активности и постигнатите…

Новости

Претставување на придонесот на МЕД кон Европскиот атлас на птици гнездилки во Микулов, Чешка

Во периодот 26-29 октомври, Македонско еколошко друштво зеде учество на средбите за Европскиот атлас за птици гнездилки и Пан-европската шема за мониторинг на обични видови птици во Микулов, Чешка. На средбите учествуваа претставниците на националните атласи за птици гнездилки од цела Европа и партнерите во развивање на Пан-европската шема за мониторинг на обични видови птици. Целта на овие средби беше да се направи увид на сработеното кон Европскиот атлас за птици гнездилки, да се укажат…

Новости

Симпозиум за заштита на балканскиот рис, Албанија, 2015 година

Цели 10 години поминаа од почетокот на првите иницијативи за заштита на балканскиот рис. По повод овој јубилеј, учесниците во проектот Програма за закрепнување на балканскиот рис, организираа научен симпозиум во националниот парк Дајти, Албанија од 21 до 22 октомври 2015 година. На него учествуваа претставници од владиниот и невладиниот сектор од сите четири земји кои го имплементираат проектот, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и стручните соработници од Германија, Швајцарија,…

Настани

Волонтерите и соработници на МЕД се сретнаа во Преспа да го одбележат Европскиот ден за набљудување на птици

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од втори до четврти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците…

Новости

Пријателите на Шара во посета на националниот парк „Шварцвалд“ во Германија

„Пријателите на Шара“ од 08-11 октомври го посетија новопрогласениот Национален парк „Шварцвалд“ во Германија. Целта на посетата беше групата да се запознае со предизвиците и менаџирањето на едно заштитено подрачје како што е Шварцвалд. Посетата на паркот беше организирана од Еуронатур, Македонско еколошко друштво како и Пријателите на Шварцвалд, здружение формирано во 2011 година со цел промоција и лобирање за идно прогласување на „Шварцвалд“ за национален парк. - Германија има многу малку…

Новости

Четврти октомври - Светски ден за заштита на животните

По повод четврти октомври, Светскиот ден за заштита на животните, Македонското еколошко друштво во соработка со спелеолошкото истражувачко друштво Урсус Спелеос ( www.ursusspeleos.com.mk ), одржаа едукативни предавања во Зоолошката градина – Скопје. Посетителите имаа можност да се запознаат со значењето на пештерите во Македонија, нивните најинтересни жители – лилјаците и со крупните месојадни животни во нашата држава. Дечињата ја пробаат на себе и опремата која ја користат спелеолозите кога ги…

Новости

Европски ден за набљудување птици, 2015

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од 2-ри до 4-ти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците преселници…

Настани

Публикација за природните вредности на сливот на реката Дрим

Во рамки на проектот Act4Drin, во кој Македонско еколошко друштво го спроведува проектот “ Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”, oбјавена е нова публикација преведена на 5 јазици за природните вредности на сливот на реката Дрим, кој е еден од најважните “hot spots” на биолошката разновидонoст во Европа. Публикацијата има за цел да ја подигне свеста на луѓето за природното богатство на овој слив преку превземање на индивидуални или заеднички активности за…

Новости

Промовирана платформата „Пријателите на Шара“

На 26ти септември во Тетово се одржа промотивен настан за новоформираната платформа „Пријателите на Шара“ со настап на две музички групи од Тетово. Оваа неформална платформа е составена од здруженијата „Институтот за развој на заедницата“ од Тетово, „Планинарскиот клуб Љуботен“ од Тетово и „Центарот за едукација и развој“ од Теарце со цел поддршка на процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк. „Со организациите коишто се нарекоа „Пријателите на Шара“ се обединивме во мисијата…

Новости

Спроведени кампови за следење на миграција на птиците на Дојранско езеро и на Илинска Планина

Во периодот од 24-27 август и 10-13 септември годинава се одржаа два кампа за следење на миграција на птиците на Св. Илија, Илинска Планина и над Ачикот на Дојранско езеро, соодветно. На кампот учествуваа волонтери на МЕД чија задача беше непрекинато да набљудуваат птици кои мигрираат назад кон своите зимски престојувалишта. Од двата кампа беа забележани неколку случаи на миграција на птиците, но без поголем интензитет и бројност. Оваа активност, годинава беше вклучена како активност во склоп…

Новости

Завршен настан на проектот „Заштита и промоција на Блатниот даб - Слоештица“

Во склоп на Програмата за мали грантови која се спроведува како дел од Програмата за закрепнување на балканскиот рис, беше одржан завршен настан на краткорочниот проект “Заштита и промоција на Блатниот даб - Слоештица”. Проектот го спроведе Основното училиште “Гоце Делчев” од Демир Хисар и имаше за цел едукација на учениците од основното училиште за заштита на растителниот вид и негово зачувување. На завршниот настан присуствуваа претставници од Општина Демир Хисар, јавни претпријатија и…

Новости

БООМ Македонија

Во периодот од 7ми-15ти август 2015 година се одржа Балканска одонатолошка средба (Balkan Odonatological Meeting – BOOM 2015) во Македонија. Околу 20 учесници од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Холандија, Германија и Mакедонија беа дел од тимот. Ова е петта средба од ваков тип, во рамки на која се спроведуваат теренски истражувања, предавања и работилници за вилинските коњчиња. Затоа BOOM претставува можност за стекнување знаења и размена на искуства за вилинските коњчиња, што е важно…

Новости