Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија

Времетраење: 2014–2015 г. Финансиер: Европска Унија, Национална програма на ИПА за Македонија Партнери: „ Арт Поинт – Гумно“ (с. Слоештица), Грашница (Охрид), Центар за едукација и развој (с. Теарце), ПК „Љуботен“ (Тетово) Цел на проектот: Зајакнување на капацитетите на националните и локалните граѓански организации преку вклучување на македонските граѓани како волонтери за заштита на природата, преземање акции кои би придонеле кон спроведување на регулативите на ЕУ за зачувување на мрежата…

Луѓето и природата

Проект за заштита на мршојадците во Македонија

Времетраење : 2002–2008 г. Финансиери : Франкфуртско зоолошко друштво (ФЗС), Фондација за зачувување на мршојадците и дополнителна финансиска поддршка од Европската Комисија, Lush Ltd. и BirdLife International Цел : Зачувување на мршојадците на Балканскиот Полуостров и соседните подрачја. Лице за контакт: Данка Узунова uzunova@mes.org.mk Новости од МЕД

Проучување и заштита на птици

Завршна конференција на проектот за „Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо искористување на ресурсите на Шар Планина“

Повеќе од 80 учесници од Македонија и регионот на Шар Планина учествуваа на 11 мај на завршната конференција на проектот за зачувување на биолошката разновидност на Шар Планина што го спроведува Македонско еколошко друштво од 2015 година заедно со локалните организации обединети како платформа „Пријатели на Шара“. Конференцијата која што беше насловена „Предизвици за заштита на природата на Шара во идното прекугранично заштитено подрачје Шара, Кораб, Шари“ ги обедини сите домашни и меѓународни…

Новости

Светскиот ден на птиците преселници и „Скопје сака птици“, 2017

Прослава по повод Светскиот ден на птиците преселници под наслов „Скопје сака птици“ се одржа на 14 мај 2017, со почеток во 12 часот во Градскиот парк. На овој ден со скопјани го прославивме пристигнувањето на птиците преселници и им посакавме успешно гнездење. Преку квизови, игри, креативни задачи и набљудување птици во срцето на Скопје се потсетивме дека и тие се жители на градот. Птиците преселници и луѓето ја делат истата планета, а со тоа и истите ограничени ресурси. Затоа годинешната тема…

Настани

Фото конкурс „Балкански зелен појас“

Македонското еколошко друштво во соработка со Еуронатур од Германија втора година по ред го организира фото конкурсот на тема “Балкански зелен појас”. Балканскиот зелен појас е дом на многу различни предели и див свет. Затоа ги покануваме сите посетители и жители на Балканскиот зелен појас да истражуваат и ди ни ги испратат своите приказни преку фотографија. Повеќе информации за начинот и правилата на учество на фото конкурсот може да се најдат тука. The Macedonian Ecological Society, as part…

Новости

Модровраните добија бесплатни домови!

МЕД и ЕВН Македонија поставија куќарки за гнездење за модроврани, пилот активност со цел да се зголемат можностите за гнездење на овој егзотичен вид. Модровраните имаат ограничен ареал на распространување во Македонија – најчесто се среќаваат во централните, источните и североисточните делови од земјата. Специфични се бидејќи гнездат во дупки во дрвја, но лесно прифаќаат гнездечки структури кои се безбедни и поставени во нивното типишно живеалиште. Овој вид гнезди покасно во гнездечката сезона…

Новости

Еразмус+ и птиците нè поврзуваат

Македонското еколошко друштво заедно до пет Европски еколошки организации и Универзитетот од Гданск, Полска го започна проектот „Зголемување на можностите на наставниците и учениците за подобар живот преку природа“ под програмата Еразмус+. Наставници од градинки и основни училишта од Македонија, Полска, Ирска, Чешка, Шпанија и Словачка ќе добијат на располагање современи, креативни и релевантни ресурси за настава како и поддршка и обука за да може да спроведат тематска едукативна програма за…

Новости

Пролетта Доаѓа - со неа и пилињата

Осамени, беспомошни, мали, неспретни и пуфкасти - Кога ќе видиме пиле на земја на многу од нас ни се пресекуваат колената. Како се нашло тука? Каде му се родителите? Дали паднало од гнездото? Дали е повредено? Дали му треба помош? Мора да го спасам! Мора да направам нешто... Нашиот нагон е да ги земеме и „спасиме“, за жал тоа најчесто е погрешен чекор. Повеќе совети во инфографикот:

Новости

Одржан прв партнерски состанок во рамки на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис 4‘‘

Претставници на Програмата за закрепнување на балканскиот рис 4 на 11 март во Призрен, Косово го одржаа првиот партнерски состанок. На оваа средба учествуваа сите партнерски организации од регионот коишто работат на заштита на балканскиот рис. На состанокот беа презентирани и дискутирани стратегиите на кои ќе се работи во рамки на проектот, како и резултати од досегашните проектни активности.  

Новости

14 февруари 2017: историски ден за прекугранична Преспа

Невладините организации од областа на животната средина ги повикуваат трите земји и Европската Унија да побрзаат со воспоставувањето на прекуграничниот Преспа парк. Минатиот вторник, 14 февруари 2017, беше историски ден за грчката политика во областа на животната средина и одржливиот развој. Парламентот со огромно мнозинство го ратификуваше Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа . Договорот беше потпишан на 2 февруари 2010 година од страна на министрите за животна…

Новости

Годишна средба на членовите вклучени во мониторингот на диви животни на Осогово

На средбата беа претставени резултатите од актуелниот мониторинг на Осогово и разгледана е Стратегијата на мониторинг мрежа за диви животни на Осогово. Соработка на МЕД и локалните партнери вклучени во мониторингот резултираше со позитивни реултати, како: собирање на поголем број податоци за моменталната состојба со крупните ѕверови и нивниот плен, обуки за користење на соодветни методи за мониторинг и обострана размена на информации и стручни совети. Овие резултати ја зајакнаа меѓусебната…

Новости

Пребројувањето на птици презимувачки за 2017 во Македонија заврши

Меѓународното пребројување птици во Македонија се спроведе во два викенда. На 14-15 јануари се избројаа птиците на Преспанско и Охридско езеро, во вкупен број од 27000 и 9500 единки птици соодветно. Наредниот викенд 21-22 јануари се избројаа птиците на Дојранско езеро (избројани околу 6100 единки) и неколку стотини на други влажни станишта и акумулации во регионот. Временските услови беа предизвик, особено на Дојранско езеро кое беше потполно заледено, со десетина отвори во мразот. Новинарски…

Новости