Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Следниот четврток ќе се одржи Јавна научна трибина за „Состојбите со загадувањето на животната средина“

Загадувањето на животната средина е постојано актуелен и сериозен проблем. Евидентирањето на загадувањето на сите медиуми во животната средина е задача на научната и стручната јавност, преку истражувачки проекти и континуиран мониторинг, кои, за жал, често не можат да одржат чекор со брзите промени. Со цел јавна презентација на дел од поновите научни истражувања за загадувањето на воздухот, почвата и водата во Македонија, организираме научна трибина која ќе се одржи на 18.12.2025 година…

Настани

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање консултант за прибирање финансиски средства и надворешна соработка

Назив на ангажманот: Консултант за прибирање финансиски средства и надворешна соработка (физичко или правно лице) Локација: Скопје, со можност за работа на терен и онлајн Тип на договор: Консултантски договор (до 40 работни дена во периодот декември 2025 – октомври 2027) Рок за пријавување: 21.12.2025 1. ЦЕЛ НА АНГАЖМАНОТ Консултантот за прибирање финансиски средства и надворешна соработка, обезбедува стручна поддршка за финансиска одржливост на Мрежата за искуствено учење (МИУ), преку развој и…

Новости

Отворена изложба за балканскиот рис во „Јасен“

Во Планинскиот центар „Гризли“ на Козјак, во рамките на Природниот резерват „Јасен“, вчера беше отворена патувачката изложба посветена на балканскиот рис. Изложбата претставува внимателен избор од 21 фотографија, создадени во текот на нашите долгогодишни напори за закрепнување на популацијата на овој редок вид - најголем дел од нив направени со методот на фотозамки, сведочејќи за убавината, важноста и ранливоста на едно од најтаинствените животни на нашите простори. Со популација помала од 50…

Настани

Јавен повик бр. 3/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала. За таа цел, договорниот орган…

Новости

Признание за трајни вредности од ПК „Љуботен“

Да се опстои еден цел век во каква било дејност е редок и навистина голем подвиг, а особено кога станува збор за мисија што бара страст, истрајност и длабока љубов кон природата и планините. Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, на 15 ноември со свечена церемонија го одбележа својот импресивен 100-годишен јубилеј. Овој значаен датум сведочи за сто години неуморна енергија, заедништво и посветен труд вложен во промовирањето на планинарењето и…

Новости

Проф. д-р Трајче Стафилов избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите

Ни претставува особена чест и гордост што нашиот потпретседател, проф. д-р Трајче Стафилов, беше избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите при Одделението за природно-математички и биотехнички науки. Професорот Стафилов е еден од најистакнатите и најпосветени хемичари во земјата. Зад себе има богата и неуморна научна кариера со авторство на 33 научни и стручни монографии и повеќе од 350 печатени трудови, од кои најголемиот дел се објавени во реномирани…

Новости

Објавен нов Прирачник за криминалистички истраги и инспекциски надзор при случаи на труење диви животни

Борбата против труењето на дивите животни претставува борба за заштита на севкупниот екосистем и обезбедување поздрава и побезбедна животна средина за сите живи организми – вклучително и за човекот. Поаѓајќи од своите основни определби за заштита на дивиот свет, зачувување на екосистемите и обезбедувањето одржлива иднина, Македонското еколошко друштво го објави „Прирачникот за криминалистички истраги и инспекциски надзор при случаи на труење диви животни“, подготвен на македонски и албански…

Издаваштво

Отворена изложбата фотографии од балканскиот рис во Тетово

Патувачката изложба посветена на балканскиот рис пристигна во Националниот парк „Шар Планина“, каде што е поставена во просториите на паркот во срцето на Тетово. Преку 21 фотографија - најголемиот дел снимени со методот на фото-замки, изложбата ја прикажува долгогодишната работа на тимот кој речиси две децении се залага за заштита и закрепнување на ова исклучително ретко и величенствено животно. Посетителите имаат можност одблиску да ја запознаат убавината и таинственоста на рисот, неговата…

Настани

Иницијатива за северни шуми – Приказна за прекуграничен успех во обновување на шумите

Иницијативата за Северни шуми го одбележа својот успешен завршеток со регионален настан посветен на обновувањето на шумите во Албанија и Северна Македонија. Овој значаен собир ги прослави постигнувањата на проектот во намалување на деградацијата на шумите и зајакнување на одржливото управување со шумите низ Западен Балкан. Настанот собра над 40 засегнати страни – меѓу кои владини претставници, локални власти, партнери во спроведувањето и експерти за заштита на природата – и ја истакна клучната…

Настани

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Координатор за комуникации во Скопје

Назив на позицијата: Координатор за комуникации Локација: Скопје Тип на договор: Полно работно време Рок за аплицирање: 14.11.2025 1. ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО Координаторот за комуникации го поддржува развојот и спроведувањето на внатрешните и проектно-специфичните комуникациски стратегии на организацијата со цел зголемување на видливоста, јавната свест и вклученоста во иницијативи за заштита на природата и биолошката разновидност. Оваа позиција обезбедува стратешка, усогласена и ефективна…

Новости

Ресенскиот Сарај блесна во ликот на балканскиот рис!

Синоќа, во позитивна атмосфера исполнета со љубопитност, во Ресен беше отворена патувачката изложба на фотографии посветена на балканскиот рис - организирана од Македонското еколошко друштво, во соработка со Националниот парк „Галичица“ и Домот на културата „Драги Тозија“. Фотографиите се изложени во познатиот ресенски Сарај, еден од најрепрезентативните споменици на неокласичното архитектонско наследство во земјата од почетокот на минатиот век. Изложбата ќе биде достапна за посетителите во…

Настани

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавен повик бр. 2/2025

Ја известуваме јавноста за избор на најповолен понудувач по однос на Јавниот повик бр. 2/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги за изработка на План за управување и Годишна програма за Паркот на природата „Езерани“, објавен од Македонското еколошко друштво на 25.09.2025 година. Согласно извештајот од состанокот на комисијата за евалуација на понуди одржан на 16.10.2025 година, како најповолна понуда по однос на Јавниот повик бр. 2/2025 се избира понудата…

Новости