Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Петти конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид 2016 година

МЕД го одржа 5. Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, во периодот 19–22 октомври 2016 година во Охрид. На овој собир присуствуваа повеќе од 300 учесници и гости од 13 држави од Европа. Околу 250 учесници од регионот ги презентираа резултатите од своите научни истражувања кои ја тангираат еколошката наука и достигнувања во рамките на предвидените девет работни секции. Во рамките на Конгресот беа одржани и Округла маса за диверзитетот на домашни животни на Балканскиот…

Настани

Природата овозможува подобар живот – Еразмус+

Времетраење: 2017–2019 г. Финансиер: Полската национална агенција за Еразмус+ Партнер: ОТОП – Полска, СОС – Словачка, ЦСО – Чешка, СЕО – Шпанија и БВИ – Ирска Цел на проектот: Да придонесе кон подобрување на еколошкото образование на најмладите ученици (градинка до петто одделение) со цел да се развијат интерес и врска со природата. Проектот ќе обезбеди иновативни и релевантни наставни материјали за воспитувачи и наставници, како и поддршка за нивното вклучување во постоечките наставни планови.…

Еколошка едукација

Четврти конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 2012 година

Македонското еколошко друштво во сора­бо­тка со Македонското лимнолошко друштво го орга­низираше 4. Конгрес на еколозите од Македо­нија, со цел да се со­гле­даат достигнувањата во еколо­ги­ја­та во Ма­кедо­нија и другите земји во регионот, како и разме­на на иску­ства и знаење согласно ра­бот­ните услови на научни­ци­те и експертите на овој простор, но и јавниот инте­рес за подобра, почиста и поздрава жи­вотна средина. На Конгресот беа презентирани совре­ме­­ни­те научни сознанија на модерната…

Настани

Изложба и натпревар на детски цртежи на тема Шумите – чувари на природата

  Во рамките на 4 Конгрес на еколозите на Македонија се одржа и натпревар во детски цртежи на тема: Шумите - чувари на природата. Вкупно пристигнаа 289 цртежи од 15 основни училишта од државава. Од нив одбрани беа 40 цртежи, симболично, по повод 40 години од постоењето на Македонското еколошко друштво, од кои 4 се наградени, и тоа: - Александра Николовска VIII a ООУ „Мирче Ацев“ Скопје - Ангела Костова VIII 1 ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово - Сара Јовановиќ VII 2 ООУ „Браќа Миладиновци“…

Настани

Дали сте попаметни од гулабите? Прочитајте го текстот пред да кажете ДА

Во текот на историјата гулабите поминале низ сè и сешто - од свети птици и домашни миленичиња, преку гулаби воени херои до денешни украси на плоштадите и за жал, гурмански специјалитети во најелитните светски ресторани. Зборот “гулаб” доаѓа од латинскиот збор pipio што во превод значи “малечка птица”. Гулабите се копнени птици со витко тело и со кратки и силни нозе со по четири прста. Се сметаат како едни од најинтелигентните птици кои можат да се препознаат себеси во огледало, да разликуваат…

Блог

Трети конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Струга, 2007 година

Третиот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше одржан во Струга, во периодот од 6–9 октомври 2007 година. Конгресот воедно ја одбележа и 80-годишнината од животот и шеесет години активна научна работа на проф. д-р Љупчо Групче. Учесниците на Конгресот можеа да слушнат три пленарни реферати, а повеќе од 180 учесници ја презентираа својата научно-истражувачка работа. Од нив, вкупно 89 трудови се отпечатени во Зборник на трудови од 3. Конгрес на еколозите на Македонија со…

Настани

Завршено зимското пребројување птици во Македонија за 2018 година

Веќе деветта година по ред, во викендот на 13 и 14 јануари 2018 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. И покрај остриот студ, ентузијазмот на тимовите кои го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија го преточија во пријатен потфат во којшто избројани беа по 11.000 птици на Охридското и Преспанското Езеро, односно, 5.500 птици во Дојранското Езеро. Малата бројност на…

Новости

Втор конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 2003 година

Вториот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше организиран и одржан во Охрид, во периодот 25–29 октомври 2003 година. Групирани во 9 работни еколошки секции, учесниците ги презентираа резултатите и научните достигнувања и тоа: Терестрични екосистеми; Акватични екосистеми; Зачувување на биодиверзитетот и геодиверзитетот; Агроекологија; Екологија на популации и биоценологија; Еколошки мониторинг; Загадување и заштита на животната средина; Еколошка едукација; и Учество на…

Настани

Прв конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 1998 година

Првиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, беше организиран и одржан во Охрид, од 20-24 септември 1998 година. Пленарните предавања се објавени и отпечатени во Книга на пленарни реферати. Согласно темата и полето на истражување, учесниците преку своите трудови ги прикажаа резултатите и научните достигнувања групирани во 10 работни еколошки секции и тоа: Терестрични екосистеми, Акватични екосистеми, Биодиверзитет, негова заштита, унапредување и рационално искористување,…

Настани

Подготовки за нови едукативни материјали за птиците преселници

Како што наближува работилницата на која 10 македонски едукатори ќе се обучуваат да користат современи интерактивни образовни материјали сакаме да ви ја најавиме и мобилната апликација преку која најмладите ќе можат да научат повеќе за миграцијата на птиците. Преку проектот „Природата овозможува подобар живот“ финансиран од Полската агенција за Еразмус+ во кој ние сме партнери ќе се организира обука за 5 наставници од основи училишта и 5 воспитувачи градинка кои ќе бидат првите едукатори од…

Природата овозможува подобар живот - Еразмус+

Пролетта доаѓа

Цел на проектот: Да се придонесе кон промоција на позитивните практики за oдржливо користење на природните ресурси во шест општини долж Шар Планина. Активно вклучување на локалните чинители во иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Луѓето и природата

Ден на зелениот појас

Македонско еколошко друштво, во соработка со Фондацијата Еуронатур од Германија втора година по ред го одбележува „Денот на зелениот појас“ којшто оваа година ќе се одржи на 24-ти септември (недела) 2017-та година во градскиот парк во Скопје со почеток од 12 до 15ч. Овој ден ќе го одбележиме со низа активности околу езерцето и кафулето „Централ парк“. Целта на овој настан е да се промовираат вредностите и богатиот жив свет долж зелениот појас којшто опфаќа 24 земји во Европа и обединува…

Новости