Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Членови, како да се вика нашиот е-Информатор?

Повеќе од 10 години го печатевме Информаторот за активностите на МЕД - тромесечен билтен кој ги споделуваше вестите за нашата работа. Сега тој е заменет со електронско издание (е-Информатор) за кое ни треба име! Сакаме да ги чуеме вашите предлози.  

Промовиран Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис во Националниот парк „Маврово“

На 26 декември 2018 година во Националниот парк „Маврово“ промовиран беше Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис, со кој се предвидени систематски активности за заштита на балканскиот рис на подрачјето на НП „Маврово“. За активностите се обезбедени и средства преку Програмата за зачувување на балканскиот рис, која Македонското еколошко друштво (МЕД) ја спроведува веќе 12 години, при што тие ќе се спроведуваат во тесна соработка со националниот парк до крајот на 2020 година. Овој…

Новости

Успешна средба меѓу НП „Маврово“ и НП „Малет е Шарит“ од Косово на Шар Планина

На 11 декември на Шар Планина во Косово се одржа средба меѓу претставници на националниот парк „Маврово“ од Македонија и националниот парк „Малет е Шарит“ од Косово во организација на Македонско еколошко друштво. Целта на оваа средба беше да се претстави работата на МЕД за зачувување на балканскиот рис како и првите резултати од спроведениот мониторинг на дива коза во националниот парк „Маврово“ во соработка со вработените од паркот. Учесниците разменија мислење во однос на идна прекугранична…

Новости

Второ издание од Eвропскиот атлас на цицачи

Публикуван во 1999 година и со над 450 цитати на познатата Web of Science, Европскиот атлас на цицачи стана една од најкористените книги за цицачи во Европа. Во 2015 година се јави потреба од ново издание, што се должеше на зголемениот фонд на знаење за цицачите на европско ниво поради големиот број истражувања во областа, а и на тоа дека во новото издание би се вклучиле истражувањата од европскиот дел на Русија. Предвидено е новото издание да излезе во 2024 година, по точно 25 години од…

Новости

Процесот на преселба кај птиците

“Желбата за преселба на птиците е генетски вроден нагон, како што е и генетски вродениот нагон за размножувањето во пролет, на ова не е имуно ниту потомството на птиците преселници,’. Henry Seebohm (1888) Сите сме запознаени со пролетната преселба на птиците кога нашите градови и села се полнат со штркови, ластовички и славејчиња. Знаеме и дека истите овие птици си заминуваат на есен. Овие сезонски движења во двата правци поинаку се нарекуваат годишна преселба. Ова движење се одвива секоја…

Блог

Почна ревитализацијата на крајбрежјето на реката Брегалница

Сто и дваесет садници од автохтони видови на врба и топола денеска беа засадени покрај реката Брегалница во близина на селото Пенуш, Штип, со цел закрепнување на крајречната вегетација. Акцијата за пошумување се спроведе од Македонско еколошко друштво, Општина Штип, Центарот за развој на Источен плански регион и две средни училишта од Штип во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија. - Во минатото екосистемот на крајбрежјето на реката Брегалница е целосно или делумно нарушен…

Настани

Утврдена потребата од балканска Платформа за крупни месојади

Педесет учесници од петнаесет земји присуствуваа на првиот регионален состанок на Платформата на ЕУ за соживотот помеѓу луѓето и крупните месојади во динарскиот регион, кој се одржа на 6 ноември 2018 година во Будва, Црна Гора. Учесниците притоа заклучија дека ваквата платформа е од суштинско значење за прекуграничната соработка, размената на знаења и искуства, како и управувањето со популациите на крупни месојади на територијата на регионот на Динаридите. Динарскио-пиндскиот планински регион е…

Настани

Крволочната дама - госпоѓата Богомолка

Дали досега сте слушнале за инсектот со шест нозе со интересно име наречен богомолка? Се работи за долгоног инсект кој предниот пар на нозе ги држи издигнати во положба која наликува на собрани раце при молитва, по што и го добила своето народно име. На врвот на телото на богомолката се наоѓа главата во форма на триаголник со еден пар екстремно големи раскокорачени очи помеѓу кои се наоѓаат уште три мали едноставни очи. Ова и овозможува на богомолката да има одличен вид. Од друга страна, за…

Блог

Ги славиме птиците!

Октомври го одбележаа неколку настани за одбележување на значајни денови за птици. Првата недела од месецот беше резервирана за одбележување на Европските денови за набљудување птици – одбележан со неколку тури за набљудување на птици со учениците од ОУ Гоце Делчев од Ресен и во Градскиот парк во Скопје. Оваа година прославивме 25 години од одбележувањето на овие денови, кои се попопуларна платформа за популаризација на набљудувањето на птици низ Европа. Во втората недела организиравме неколку…

Новости

Обука за едукативниот пакет за птици во градинката „Мајски цвет“ во Скопје

Македонско еколошко друштво на 26 октомври во градинката „Мајски цвет“ одржа еднодневна обука со воспитувачите и стручниот кадар на градинката за едукативниот пакет за природа и птици изработен во рамки на проектот „Природата овозможува подобар живот“. Обуката ја проследија 25 воспитувачи коишто во рамки на своите групи ќе ги применуваат едукативните вежби и преку игра ќе ги учат децата за природата и птиците што не опкружуваат.

Настани

Средношколците од Осогово и Малешево се запознаа со ComMod симулацијата како интерактивен пристап за еколошка едукација

Во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, Пехчево на 9 и 12 октомври Македонско еколошко друштво во соработка со Едукативниот центар организираше работилница за спроведување на симулацијата ComMod со ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово и ОСУ „Љупчо Сантов“ од Кочани. Целта на иновативниот пристап Companion Modelling е преку користење на симулација младите од таргет регионите, како идни заинтересирани страни, да се запознаат со термините заштитено подрачје и…

Настани

Јадрански преселни патишта за птици 4 - Македонија

Времетраење: 2018-2022 Финансиер: Фондација МАВА Координатор на проектот: Фондација Еуронатур, Германија Соработници: Асоцијација БИОМ (Birdlife Хрватска), Друштво за заштита и проучување на птиците на Србија (ДЗППС, Birdlife Србија), Наше птице (Босна и Херцеговина), Албанско орнитолошко друштво (Албанија), Друштво за заштита на природната средина во Албанија (Албанија). Цел на програмата: Мониторинг на случаи за електрокуција и колизија на птици со среднонапонска далекуводна линии во атар на…

Проучување и заштита на птици