Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Едукативниот пакет за птици достапен и за воспитувачите од детските градинки од Општина Гевгелија

Македонското еколошко друштво (МЕД) продолжи со обуки по завршениот проект „При родата овозможува подобар живот“ што го спроведуваше во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а кој беше финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. На 23 март МЕД во соработка ЈОУГД „Мајски Цвет“ од Скопје спроведе еднодневна работилницa наменета за воспитувачите од ЈОУГД „Детска радост“ од Гевгелија. Целта на обуката беше запознавање со едукативниот пакет за природа и птици којшто…

Новости

Дивата страна на Преспа – почна серија на настани

Канцеларијата на МЕД во Преспа организира серија предавања насловени како „Дивата страна на Преспа“. Целта на кусите презентации е да се запознаат заинтересираните (особено локалното население и младите) со поимот мониторинг на биодиверзитет и потребните вештини за негово изведување. Темите се обработувани преку примери од различни групи организми (птици, влекачи, растенија, итн.) во голема мера од самата Преспа. Преку овие примери ќе се увиди дека без правилен мониторинг не може да знаеме…

Новости

Обележан уште еден рис мажјак во Националниот парк „Маврово“

Во Националниот парк „Маврово“ обележавме уште еден рис со ГПС околувратник за следење на неговото движење. Заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ го обележавме рисот на 27 февруари и успешно го следиме неговото движење. Се работи за млад мажјак стар околу 2 години и тежок 19 килограми. - Откако вработени од националниот парк „Маврово“ ни јавија за плен на дива коза, се вративме на местото и рисот беше фатен со специјална замка. Рисот се врати по 6 часа а целата процедура за земање…

Новости

Ранопролетни изненадувања од долниот тек на Вардар

Во рамки на тековните истражувања за проектот „Лет над штрково гнездо“ во значајното подрачје за птици Долен тек на реката Вардар, минатата недела откривме два интересни наоди. Првото изненадување беше парот штркови што веќе престојува во с. Богородица. Според информациите од селаните парот за првпат бил забележан уште во јануари и оттогаш останал во селото. Сметаме дека станува збор за пар кој воопшто не мигрирал и преживувал од храната во локалните влажни живелишта, депонии или во потоплите…

Новости

Заловен досега најкрупниот балкански рис во Националниот парк „Маврово“

Уште еден балкански рис беше заловен викендов близу селото Сенце во НП „Маврово“, шести по ред откога започнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и GPS-следење на обележаните единки од страна на Македонско еколошко друштво (МЕД) во 2010 година. Треба да се истакне дека рисот Б8 засега го држи рекордот за најголемиот балкански рис заловен за научни цели. Со своите 27 килограми, тој е вистински „ѕвер“. –Викендов добивме сигнал дека една од кафез-замките е активирана и веднаш со тимот на…

Новости

Светскиот ден на водните живеалишта - Преспа во фокус

Светски ден на водните живеалишта го одбележавме на четврти 4 февруари во Ресен заедно со Општина Ресен. Оваа година органзириравме едукативни активности за најмладите преку кои тие се запознаа со водните птици од нивниот регион. Со најмладите од градинките во Јанковец зборувавме за амблематичниот пеликан и за другите птици од водните површини коишто се индикатори за климатските промени а кои годинава се во фокус на Светскиот ден за одбележување на влажни живеалишта (World Wetlands Day).…

Одбележување важни денови

Поставена информативна табла во Мариово!

Денес во Мариово покрај Расим Бегов мост беше поставена информативна табла во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ (LIFE16 NAT/BG/000874). Содржната на таблата е од едукативен карактер и содржи информации за екологијата, дистрибуцијата, интересни факти за египетскиот мршојадец, како и заканите со кои оваа птица се соочува. Мариово со своите специфични географски и климатски карактеристики ги содржи можеби најсоодветните хабитати за опстанок на овој вид во Македонија, меѓутоа…

Новости

Започна зимската сесија за мониторинг на балканскиот рис

Активностите за мониторинг на балканскиот рис започнаа со поставување на првите замки за заловување на рис во националниот парк „Маврово“. Тимот за зачувување на балканскиот рис заедно со вработените во националниот парк „Маврово годинава имаа вистински предизвик да ги постават замките со оглед на временските услови и непристапниот терен. Сепак поставени се шест замки во кои се надеваме дека ќе намине рис и од кадешто ќе чекаме смс порака. Зимската сесија за мониторинг на балканскиот рис во…

Новости

Лет над штрковото гнездо: Идентификација на закани во две влажни ливади во ЗПП Долен тек на р. Вардар – фаза 1

Времетраење: Ноември 2018 година – август 2019 година Финансиер: Фондација Еуронатур, Германија Координатор на проектот: Фондација Еуронатур, Германија Соработници: Општина Гевгелија, Општина Богданци, месни заедници Стојаково и Богородица, Водостопанство Гевгелија Цел на проектот : Проектот е насочен кон идентификација на типот и количината на вода која ги полни каналите кои ги врзуваат двете влажни ливади Ѓол и Ѓерен, идентификација на на типот и изворот на загадувачи и отпадни материи кои…

Проучување и заштита на птици

Средба на членството на МЕД

Средбата на членството на МЕД е претходник на средбите на нашето претседателство и нашето собрание, овој пат нашата средба беше одржана на 10 јануари во МКЦ ресторан. Нашите членови ги поздрави претседателот на МЕД, д-р Славчо Христовски, и извршната директорка м-р Робертина Брајаноска, а особена чест ни беше дека на средбата се обрати и основачот на МЕД, д-р Љупчо Групче. Овој пат на средбата имавме можност и длабоко да им се заблагодариме и да ги пофалиме Хероите на природата, Емануел…

Настани

Зимско пребројување на водни птици 2019

Десет години по ред, во викендот на 12 и 13 јануари 2019 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. И покрај остриот студ, ентузијазмот на тимовите кои го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија го преточија во пријатен потфат во којшто беа избројани вкупно околу 25.000 птици на Охридското и Преспанското Езеро, односно, околу 6.000 птици во Дојранското Езеро. Малата…

Новости