Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Белоглавите мршојадци кои беа најдени изнемоштени во Берово се повторно на слобода

На 30 октомври, на хранилиштето за мршојадци на Витачево управувано од здружението „Аквила“ во близина на Кавадарци успешно беа пуштени во природа двата млади белоглави мршојадци кои од глад и изнемоштеност беа пронајдени паднати во Берово пред неколку недели. Акцијата за нивно ослободување беше организирана од МЕД во соработка со здружението „ Аквила“ од Кавадарци и низа државни институции. Птиците се маркирани, опремени со GPS предаватели и безбедно се вратени во природа. Ова е среќен расплет…

Новости

Партнерски состанок за балканскиот рис во Пеќ, Косово

На почетокот на октомври оваа година во Пеќ, Косово, се одржа иницијалниот состанок за започнување на петтата фаза од Програмата за закрепнување на балканскиот рис. На состанокот присуствуваа партнери од МЕД, ППНЕА, Албанија, КОРА, Швајцарија, Еуронатур, Германија и домаќините од невладината ЕРА. Партнерите дискутираа за тоа што е направено во последните три месеци и каде треба да се обрати повеќе внимание за да се завршат планираните активности. МЕД во оваа фаза од проектот ќе продолжи со…

Новости

Едукативен камп за истражување на биолошката разновидност на Пелистер

Oд осми до 13 ти јули, МЕД во ко-организација со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ПреспаНет донесе студенти-волонтери од трите држави низ кои се простира преспанскиот басен, со една цел да се спроведат биолошки и еколошки истражувања во регионот, еколошка едукација и подигнување на јавната свест на прекугранично ниво. За време на интензивните теренски активности истраживме кои живи организми ја населуваат планината и каде, успеавме да го пренесеме ова знаење на повеќе од триесет…

Новости

Заврши и втората сезона на мониторинг на египетски мршојадци

Македонското еколошко друштво реализираше уште една сезона на мониторинг за определување на гнездовиот успех во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. После пет и пол месеци интензивен мониторинг резултатите пристигнаа и можеме да кажеме дека популацијата оваа година остана стабилна. Годинава успеавме да изброиме 14 активни територии на египетски мршојадци од кои 13 се со парови и една територија со поединечна птица. Успешните парови продуцираа 11 пролетани млади. МЕД е…

Новости

Вело птичарска дружба во Преспа

МЕД во соработка со Велосипедски кружок Милтон Манаки и Велосипедско планинскиот клуб ПреспаБајк организираа на средина на септември, настан за набљудување на птици со велоспидиска тура околу Преспанско Езеро. Настанот имаше за цел да ги приближи птиците кои се среќаваат на Преспанско езеро до велосипедистите во рамки на Европските денови на набљудување на птици. Преку неколку точки за набљудување и одмор на Претор, Горно Перово, Сирхан и Стење учесниците научија нешто повеќе за користење на…

Одбележување важни денови

Зачувување на ендемичните растенија во Македонија

Од април, 2019 година МЕД започна со спроведување на тригодишен проект кој се однесува на мониторинг на одредени ретки растенија во границите на постоечките значајни растителни подрачја. Вкупно пет растенија ( Campanula debarensis, Aesculus hippocastanum, Centaurea rufidula, Crocus jablanicensis и Astragalus physocalyx ) и четири значајни растителни подрачја (Јабланица, клисурата на Црн Дрим, Богданци и Дојранско Езеро) ќе бидат опфатени со мониторингот. Целта на проектот е да се обноват…

Заштита на растенија и екосистеми

Во Скопје одбележан меѓународниот ден на мршојадците

На 7 септември во Зоолошката градина во Скопје, Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози организираше настан по повод меѓународниот ден за запознавање со мршојадците во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. Настанот беше од едукативен карактер а посетителите на Зоолошката градина имаа прилика преку низа активности подобро да се запознаат со европските мршојадци. На настанот имаше активности наменети за сите возрасти a најголем…

Новости

Публикации во врска со проектот за подигнување на јавната свест за процесот на отстранување на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС во Скопје

Македонско еколошко друштво во рамки на активностите за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на технички и економски пречки за започнување на активностите за расчистување на aлфа – HCH, бета – HCH и загадени места со линдан во ОХИС, 100122“ подготви промотивни материјали за ученици и поширока јавност. Дел од промо материјалите беа поделени на предавања во неколку основни училишта во населбите Кисела Вода и Драчево, а наесен ќе се одржат и предавања во две училишта…

Активности за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од ОХИС

ДАБ – дрво на старите Словени

Дабот, едно од најважните и најценетите дрвја во многу шуми и други екосистеми, е симбол на отпорност и цврстина. Квалитетот на дабовото дрво и неговата цврстина најдобро го илустрира фактот дека столбовите на кои стои Венеција се изградени токму од дабово дрво. Дабот обично живее околу 200 години, но некои дабови дрвја можат да досегнат старост и до 1000 години. Дабот учествува со околу 30% од шумската вегетација во нашата земја. Дабовите шуми се дом и засолниште за голем број на животни, но и…

Новости

Започнува процес на идентификација на шуми со високи природни вредности

Првата работилницата за презентирање на концептот за идентификација на шумите со високи природни вредности и дискутирање на предлог-критериумите за нивна идентификација (одржана на 28 мај 2019 год.) и втората работилница за потврдување на критериумите (одржана на 11 јуни 2019 год.), на која и практично беше тестиран формуларот за теренски истражувања претставуваат добра подготовка за експертскиот тим за спроведување на истражувања за идентификација на овие значајни шуми на територијата на…

Новости

Студиско патување за размена на искуства за заштитени подрачја

Во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC), како дел од активностите за остварување на една од целите на Програмата за воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница, односно воспоставување на заштитено подрачје „Осоговски Планини“, Македонско еколошко друштво (МЕД), партнер на Програмата и одговорен за спроведување на активностите…

Новости

Aктивности за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на технички и економски пречки за започнување на активностите за расчистување на Alfa-HCH, Beta-HCH и загадени места со

Март и април беа исполнети со активности насочени кон директно вклучување на засегнатите чинители во активностите за подигнување на јавната свест за линданот. За таа цел беа изработени промотивни материјали со информации за неговото постоење и штетно влијание, како и за активностите кои следат во насока на неговото отстранување. Во таа насока беа организирани две работилници на кои беше дискутирано за активностите и прогресот на повеќегодишниот проект за отстранување на линданот од малата…

Новости