Прескокни до содржината

Вести

47 објави за „Меловски“

По 27 години Шар Планина конечно прогласена за национален парк!

МЕД и Пријателите на Шара го поздравуваат изгласувањето на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк Македонско еколошко друштво и платформата „Пријатели на Шара“ го поздравуваат изгласувањето на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк што Собранието го изгласа на 43. седница со 66 гласа ЗА на 30.06.2021 година. @JovanBozinoski Како поддржувачи на овој долгогодишен процес сакаме да изразиме огромно задоволство и признание на сите вклучени страни во…

Новости

Спроведување на проекти финансирани од средни грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме завршените проекти во категоријата на средни грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021 ва година. Развивање и примена на методи за следење на испарливи и полуиспарливи органски соединенија во воздухот во Скопје Раководител: Ивона Софрониевска Активно земање примероци од SVOCs на PUF филтри Финален извештај : Аерозагадувањето со штетни испарливи (VOCs) и полуиспарливи органски соединенија (SVOCs) е…

Новости

Спроведување на проекти финансирани од малите грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме проектите од програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021 ва година. Годинава го следиме спроведувањето на девет проекти на кои им посакуваме многу успех и веруваме дека нивниот ангажман на проектите ќе биде вистински чекор напред кон успешни кариери како еколози! Проценка на видовото разнообразие на инвертебратната терестрична фауна во агроекосистеми во Пелагонискиот регион, проследена со одредување на…

Новости

Прв рис во „Јасен“!

За првпат се следи балкански рис со ГПС околувратник во Јасен На крајот на февруари во ЗП „Јасен“ успешно го обележавме првиот млад мажјак од загрозениот подвид балкански рис со GPS околувратник. Потфатот беше спроведен во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќе наменското подрачје „Јасен“. „За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време но досега немавме среќа да поставиме GPS околувратник на рис. Ова е првиот рис што ќе го следиме…

Новости

Балкански рис - новости од терен

Вистинска радост е кога жители од мавровските села ќе ни јават дека виделе рис, а уште повеќе кога ќе ни испратат слики од рис што го следиме подолго време со ГПС околувратник. - „Деновиве добивме прекрасни слики од рисицата Лиса, деветта различна единка рис заловена во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година. Станува збор за здрава единка, стара околу 7 години“, изјави Диме Меловски од Македонско…

Новости

Осоговските Планини се прогласени за заштитен предел

Дел од Осоговските Планини се прогласени за заштитено подрачје во категоријата „заштитен предел“ со одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 17.11.2020 година. Осоговските Планини да станат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) претставува круна на 14 годишната работа на Македонско еколошко друштво, со поддршка на низа партнери и донатори, домашни и странски експерти како и соработката со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија и…

Новости

Програма за поддршка на млади еколози д-р Љупчо Меловски - одобрени проекти

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме одобрените проекти при „Програмата за поддршка на млади еколози д-р Љупчо Меловски”. На повикот добивме 19 апликации со висок квалитет. Вкупниот буџет (600.000,00 денари) дозволи финансирање на 11 проекти. Сите одобрени проекти, со исклучок на еден, се занимаваат со проучување на биодиверзитетот а апликантите беа на возраст до 26 години. Четири проекти ќе ја проучуваат терестричната екологија, два хидробиологијата, еден проект е на тема…

Новости

МАЛИ ГРАНТОВИ „д-р Љупчо Меловски“

Македонско еколошко друштво со огромно задоволство го објавува повикот за мали грантови за млади еколози во чест на д-р Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на МЕД и голем поддржувач на свежата еколошка мисла во Македонија. Доколку си на возраст до 26 години и имаш желба да водиш истражувачки активности кои ќе придонесат кон подигнување на знаењата за биодиверзитетот и заштитата на животната средина во Македонија те повикуваме да аплицираш на овој повик за мали грантови н ајдоцна до…

Новости

Обележан уште еден рис мажјак во Националниот парк „Маврово“

Во Националниот парк „Маврово“ обележавме уште еден рис со ГПС околувратник за следење на неговото движење. Заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ го обележавме рисот на 27 февруари и успешно го следиме неговото движење. Се работи за млад мажјак стар околу 2 години и тежок 19 килограми. - Откако вработени од националниот парк „Маврово“ ни јавија за плен на дива коза, се вративме на местото и рисот беше фатен со специјална замка. Рисот се врати по 6 часа а целата процедура за земање…

Новости

Заловен досега најкрупниот балкански рис во Националниот парк „Маврово“

Уште еден балкански рис беше заловен викендов близу селото Сенце во НП „Маврово“, шести по ред откога започнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и GPS-следење на обележаните единки од страна на Македонско еколошко друштво (МЕД) во 2010 година. Треба да се истакне дека рисот Б8 засега го држи рекордот за најголемиот балкански рис заловен за научни цели. Со своите 27 килограми, тој е вистински „ѕвер“. –Викендов добивме сигнал дека една од кафез-замките е активирана и веднаш со тимот на…

Новости

Промовиран Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис во Националниот парк „Маврово“

На 26 декември 2018 година во Националниот парк „Маврово“ промовиран беше Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис, со кој се предвидени систематски активности за заштита на балканскиот рис на подрачјето на НП „Маврово“. За активностите се обезбедени и средства преку Програмата за зачувување на балканскиот рис, која Македонското еколошко друштво (МЕД) ја спроведува веќе 12 години, при што тие ќе се спроведуваат во тесна соработка со националниот парк до крајот на 2020 година. Овој…

Новости

Програма за закрепнување на балканскиот рис

Времетраење: 2006 - 2024 Партнери: ППНЕА - Албанија; ЕРА - Косово; Еуронатур - Германија; КОРА - Швајцарија Цел на програмата: Програмата за закрепнување на балканскиот рис речиси две децении во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во Југозападен Балкан. Лице за контакт: Диме…

Зачувување на диви видови