Прескокни до содржината

Вести

712 објави

„Шумите не се само наши“ - Ѕирнете во светот на рисицата Зора низ сликите на Драгослава Ѓуриќ

Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ ЗОРА - Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми. „Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се…

Настани

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво со нов меѓународен проект за заштита на глобално загрозените видови птици

ЕВН Македонија во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД), Електроразпределие Југ (дел од ЕВН групацијата во Бугарија), Бугарското друштво за заштита на птиците (BSPB) и Турското друштво за природа (DOGA), го разви меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (Проект 101216021 — LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE) во рамките на програмата LIFE на ЕУ. Целта на проектот е да се поддржи зачувувањето на глобално загрозените видови на Царскиот орел ( Aquila heliaca , класифициран…

Новости

Заврши зимскиот цензус на водните птици во земјава: Дојранско Езеро со стабилни бројки, а на Преспанско и Охридско бележиме флуктуации

Над 35 300 единки од 44 различни видови на водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. „Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското Езеро се бележат флуктуации, додека промените на…

Новости

Природата се чува преку почитување на законите

Инцидентот со неовластеното користење на ратраци, за што викендов известија од Националниот парк „Шар Планина“, не претставува само кршење на важечката регулатива за движење со моторни возила во заштитеното подрачје, туку и загрозување на природните вредности и дивиот свет што живее во овој - инаку најмлад - национален парк во земјата. Користењето на моторни возила низ недопрените предели и неуредени падини, односно низ заштитени зони кои не се предвидени за тоа, претставува огромно…

Новости

Документарен филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“

Македонскиот информативен портал Рацин.мк сними краток документарен филм за состојбата со заштитата на природата и животната средина во прекуграничниот Преспански регион. Документарниот филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“ се осврнува и на работата на нашата мрежа на еколошки невладини организации „ПреспаНет“, во која Македонското еколошко друштво членува заедно со нашите партнери од Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување…

Новости

Среќна Нова 2026 година!

Заеднички ставаме печат на уште еден круг околу сонцето - уште една година исполнета со многу работа, труд и предизвици, но исто така успеси и моменти кои продолжуваат да нѐ мотивираат, водени од една благородна мисија: зачувување на природата. Им благодариме на сите наши членови, партнери, пријатели, соработници, поддржувачи и драги сограѓани со кои го споделуваме убедувањето дека заштитата на природата и одржливото управување со природните ресурси се неизбежни потреби на човештвото. Тие треба…

Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавен повик бр. 3/2025

Ја известуваме јавноста за избор на најповолен понудувач по однос на Јавниот повик бр. 3/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала, објавен од Македонското еколошко друштво на 19.11.2025 година. Согласно извештајот од состанокот на комисијата за евалуација на понуди одржан на 25.12.2025 година, како најповолна понуда по однос на Јавниот повик бр. 3/2025 се избира понудата поднесена од ДПТУ АутомобилеСК ДОО…

Новости

Утврдена најголемата хибернациска колонија на лилјаци од видот мал потковичар во Преспа

Ладното време не ги спречува нашите посветени „теренци“ во нивните активности за мониторинг на биодиверзитетот во Преспа. Па така, во текот на вчерашниот ден, тим на Македонското еколошко друштво, во соработка со НП Галичица, ја посети пештерата Самотска Дупка на Галичица каде беше спроведен зимски мониторинг на лилјаци. Притоа, утврдена е досега најголемата хибернациска колонија на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Истовремено, во…

Новости

Заклучоци од Десеттата јавна научна трибина за состојбите со загадувањето на животната средина во Македонија

Десеттата јавна научна трибина посветена на актуелните состојби со загадувањето на животната средина во Македонија се одржа на 18 декември 2025 година во Кинотека на Македонија во Скопје, пред публика составена од членови на Македонското еколошко друштво, студенти, ученици, родители, претставници на различни институции и граѓански организации. По воведниот говор и претставувањето на програмата, трибината продолжи со излагањата на четири истакнати експерти во своите области. Професорот д-р…

Настани

EP for Birds LIFE Project - Safe powerlines for endangered birds

Full name of the project Reduction of mortality risk on globally endangered birds through retrofitting of hazardous overhead power lines in South-eastern Europe. Objectives Reduce human-induced mortality of the globally endangered Eastern Imperial Eagle and Egyptian Vulture. The project will implement cutting-edge solutions to prevent bird mortality caused by electrocution and collisions with overhead power lines, a significant threat to both species. Activities Insulating over 17,000 hazardous…

Новости

Проект „ЕP for Birds LIFE“ - Безбедни жици за загрозени птици

Целосен назив на проектот Намалување на ризикот од смртност кај глобално загрозените птици преку надградба на опасните надземни далекуводи во Југоисточна Европа. Цели Намалување на смртноста предизвикана од човекот кај глобално загрозените видови како што се  Царскиот орел и Египетскиот мршојадец. Проектот ќе имплементира најсовремени решенија за спречување на смртноста на птиците предизвикана од електричен удар и судири со надземни далекуводи, што претставува значителна закана за двата…

Новости

(ЗАТВОРЕН) Повик за мали и средни грантови „Д-р Љупчо Меловски“ 2026

Нова можност за младите еколози истражувачи да добијат и спроведат мал или среден грант и да ги искусат возбудите, но и потешкотиите на научното истражување и менаџирањето на проекти. Македонското еколошко друштво, преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ со гордост го распишува новиот повик за мали и средни грантови, преку кој еколозите не постари од 30 години можат да аплицираат за мал или среден грант. Во продолжение прочитајте ги правилата за аплицирање. За мал и…

Новости