Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Див костен, коњски костен (Aesculus hippocastanum)

Дивиот костен е впечатливо и прекрасно листопадно дрво. Обично достигнува височина од околу 12 метри и широчина на крошната од околу 8 метри. Иако е брзорастечко дрво, за да ја постигне крајната височина и големина сепак му се потребни 20 до 50 години. Името коњски костен доаѓа од латинското име Aesculus hippocastanum , односно префиксот „ hippo -“ значи коњ, па оттука и името. Причина зошто ова дрво го носи името на коњот e поради лузната која листот ја остава на гранката кога ќе падне, која…

Новости

Лекција 3 - Колку семиња ќе пораснат?

Потребно време: 30 минути Материјали: Семиња (кикирики или семки од сончоглед),креда, хамер, фломастери Упатства: Едно дете ги расфрла семињата на подот кој е поделен на квадранти, а останатите ги бројат семињата што ќе никнат. Цел: Децата да разберат дека само неколку семиња ќе никнат во нови растенија Вовед: Сите растенија произведуваат семиња, мали или големи, неколку или многу на број. За растението е голем успех кога семињата ќе се распространат и ќе никнат во нови растенија. Но не сите…

Лекции за растенија

Лекција 2 - Со што се хранат птиците

Со крајот на март завршува и сезоната на поставување на хранилки за птици. Зошто? Затоа што тие сега имаат храна во изобилство! Пролетта ја буди природата и птиците околу себе можат да најдат секаква храна. Дополнително, храната во хранилките сега може полесно да се расите и да придонесе кон ширење на болести меѓу птиците како и да привлече други (не многу посакувани) посетители. Па да видиме од оваа лекција како се хранат птиците и дали има друг начин на кој можеме да им помогнеме освен со…

Лекции за птици

Лекција 3 - Исхрана на рисот

Рисот е строго месојадно животно и дневно внесува од 1–2 килограми месо. Тој е брз, осамен ловец кој има широк спектар животни за исхрана, но омилен плен му се срната и дивокозата. Освен тоа, тој лови и мали цицачи. Со анализа на изметот на единките од балкански рис кај нас, имаме утврдено дека неговата исхрана вклучува и див зајак, глушец, стаорец, куна, лисица, па и лилјак! И дивите птици исто така често се наоѓаат на неговото мени. Изборот на плен зависи од повеќе фактори, како неговата…

Лекции за Балкански рис

10 факти за птичјите гнезда кои не сте ги знаеле

Повеќето видови птици градат гнезда во кои полагаат јајца. Гнездата се топли и безбедни места каде што родителите ги одгледуваат своите пилиња. Птиците ги кријат своите гнезда за да бидат безбедни од предатори, но и да се засолнат од лошите временски услови. Различни птици користат различни материјали за изградба на гнездата. Некои користат стапчиња, тревки, ливчиња, пајажина, a пак други употребуваат гранки од дрвја, кал, камења, па дури и сопствената плунка. Многу гнезда се изградени од…

Блог

Лекција 1 - Како да бидеш добар набљудувач на птици

Оваа лекција ве подготвува за набљудување птици. Во неа ќе најдете вежби и задачи кои ви помагаат да најдете и препознаете птици. Уживајте учејќи и пишете ни доколку имате некое прашање. Наставници/родители - доколку сакате подобро да се подготвите за оваа лекција можете да гледате едукативно видео тука . Видеото е на англиски и е направено специјално за нашите потреби. Клик тука за: Лекција 1 со вежби и задачи

Лекции за птици

Лекции за птици

Целта на овие содржини е да ве запознаеме со дивите птици и нивната животната средина, да ги продлабочиме вашите знаења на темата, но и да поттикнеме поинаква љубов кон природата. Тука се опфатени куси информативни објави и содржини за птиците со кои ќе ви ги претставиме овие неверојатни животни. Птиците се постојано околу нас и ние едвај знаеме нешто повеќе за нивниот живот и заканите за нивиот опстанок. Секоја лекација е нова тема за која ви подготвуваме и интерактивни задачи од 1 до 5…

Еколошка едукација

Првото синило на кафеавата шумска покривка - Anemone hepatica

Тоа е едно од првите пролетни цвеќиња кои носат синило на кафеавата шумска покривка. Народното име ѝ е џигерница, јетренка, џигеров лист, хепатика, и таа е член на фамилијата лутичиња или Ranunculaceae. Името го добива поради кожестите пурпурно-кафеави базални листови, кои потсетуваат на обликот на црниот дроб. Како и повеќето пролетници, така и ова растение сезоната ја започнува со цветање. Тое е повеќегодишно растение со височина 5–15 см. Цветовите се впечатливо сини, виолетови, розови или…

Блог

Лекција 2 - И растенијата дишат

Потребен материјал: растение и проѕирна пластична кесичка Цел: Да се види дека и растенијата дишат. Вовед : Растенијата дишат преку многу мали дупчиња на своите листови. Како што нашиот здив содржи влага која може да ја видиме на прозорецот доколку му „хухнеме”, истото важи и за растенијата кои пак не можат да „хухнат” – нивното дишење ослободува влага кој може да ја видиме доколку се потрудиме. Влагата создадена од дишењето на растенијата оди во атмосферата и се таложи во форма на облаци…

Лекции за растенија

Лекција 2 - Живеалиште на рисот

Типично живеалиште за рис Рисот живее длабоко во листопадни, мешани и зимзелени шуми, претежно на непристапни и карпести места. Ги одбира оние шуми кои имаат стабилни популации на копитари (срни, дивокози), и така има доволно извори на храна. Според тоа, на рисот му е потребна посебна средина која ги има неопходните услови за негов опстанок, и неа ја нарекуваме живеалиште. Рисицата Лиса во шума Секој рис живее во посебен дел од шумата, кој претставува индивидуална територија. Таа се состои од…

Лекции за Балкански рис

Црвена листа на Македонија - Што има во неа?

Дали сте слушнале за балканскиот мрморец? Triturus karelinii by: B. Naumov Балканскиот мрморец ( Triturus karelinii ) живее во барички во планински шумски живеалишта (широколисни и зимзелени) и нивната околина, шумски степи, па дури и вистински планински степски подрачја. Активен е од средината на март до почетокот на октомври. Почнува со репродукција кон крајот на пролетта или почетокот на летото. Размножувањето се одвива во базени од потоци кои бавно течат, езерца и понекогаш во канали за…

Новости

Кањата Вјоса се враќа дома

Запознајте ја Вјоса, египетски мршојадец, кај народот познат како кања. Таа веќе започна да лета до нејзиното летно живеалиште во Албанија. Очекуваме дека патешествието долго над 4000 километри ќе го заврши за триесетина денови. Иако со пократок животен век, Вјоса веројатно има видено повеќе од мнозинството од нас. Од нејзиното зимско живеалиште во Чад, преку пустината Сахара во Судан, долж реката Нил и Суетскиот канал во Египет, низ Јордан, Вјоса моментално лета над пустината во Сирија.…

Блог