Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Лекција 6 - Исцртување лисја

Цел : Децата да се запознаат со различните форми на лисја. Вовед : Лисјата може многу да се разликуваат помеѓу различните видови растенија. Нивниот облик е нивната најкарактеристична одлика, по која може да се препознае видот на растението. Тие можат да бидат тркалезни, триаголни, линеарни, назабени... Може дури да најдеме различни форми на листови на истото растение, ако ги споредеме тие на дното на крошната и тие на врвот. Инструкции : Секое дете одбира 2 до 4 лисја со интересни форми, ги…

Лекции за растенија

Лекција 6 - Теренско проучување на рисот

Рисот е мошне таинствено и претпазливо животно. Со своите добро развиени сетила за мирис, вид и слух, тој оддалеку ќе го забележи секој што му се доближува. Токму затоа и е многу тешко да се види рис во природата. Многумина што виделе рис, тоа најчесто го искусиле од своето возило, кога рисот преминувал понефреквентен пат или кога се движел покрај патот. Малкумина може да се пофалат дека виделе рис во шума. Стапки од рис Според тоа, разбирливо е дека рис тешко може да се види, а тоа го…

Лекции за Балкански рис

Лекција 4 - Зошто птиците прават гнезда?

Раскошните зелени листови на дрвјата и грмушките кријат неверојатни тајни за птиците - тие ги кријат нивните гнезда! Повеќе за гнездата можете да прочитате тука Вовед за лекцијата (на англиски) има тука .         А вежбите за оваа лекција ве чекаат тука Уживајте, набљудувајте дрвја подолго време и пробајте да забележите гнездо! Сега е вистинското време! Кажете ни што видовте! НИКОГАШ НЕ ДОБЛИЖУВАЈТЕ СЕ БЛИСКУ ДО ГНЕЗДО!  

Лекции за птици

Шар Планина на половина пат до национален парк

Македонско еколошко друштво и Пријателите на Шара ја поздравуваат одлуката на Владата донесена на 49-та Седница за прифатливост на иницијативата за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк, како што е истакнато, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости. Како организации што повеќе од две декади работат и делуваат на Шар Планина сметаме дека ова е историски напредок на процесот којшто…

Новости

ОСОГОВО НА ЧЕКОР ДО ЗАШТИТЕН ПРЕДЕЛ

Македонско еколошко друштво ја поздравува одлуката на Владата за прифатливост на иницијативата за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – „заштитен предел“. Според законските процедури следуваат уште два чекори пред конечното прогласување на овој предел за заштитен. Во следните месеци треба да се спроведат јавни расправи за предлогот со локалното население и со другите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, од страна на МЖСПП…

Новости

Лекција 5 - Рисовите во светот и кај нас

Иако кај нас е редок, рисот во светот го има со различни распространување, бројност, но и изглед. Па така, треба да имаме на ум дека оваа граблива мачка ја има во четири различни вида: канадски рис ( Lynx canadensis ), ибериски рис ( Lynx pardinus ), црвен рис ( Lynx rufus ) и евроазиски рис ( Lynx lynx ). Мајка со младо од балкански рис во НП Маврово Канадскиот рис е распространет во северните делови на Америка, пред сè во Канада и Алјаска, но се спушта и до Карпестите Планини во Сое динетите…

Лекции за Балкански рис

Лекција 5 - Сè е поврзано

Потребен материјал: коноп, конец или било каква долга лента, листови хартија Цел: Да се разберат тесните врски помеѓу растенијата и животните во еден екосистем Вовед: Во еден екосистем, секој жив организам има некаков ефект на другите околу него и обратно. Повеќето односи се базираат на исхрана: еден вид може да се исхранува директно со друг, може исто така да биде паразит (споро јадејќи го домаќинот без да го убие), или пак може два организми да соработуваат во лов на нивниот плен, а секако…

Лекции за растенија

Последните штркови во Берово: граѓански активизам во време на пандемија

Според националниот попис на белите штркови во 2015 година, градот Берово имаше само едно активно гнездо од овој знаменит вид. Меѓутоа, гнездото беше загрозено и со тоа опстанокот на овој единствен пар беше доведен во прашање. Можноста градот да го изгуби единствениот пар штркови поттикна активизам и соработка која вклучи клучни чинители на локално и националано ниво, дури и во време на пандемија. Прочитајте повеќе за патешествијата на штрковите и неговите чувари... На почетокот на март добивме…

Блог

Лекција 3 - Пролетна преселба

Пролетната преселба на птиците е во пол ек! Таа ќе трае до крајот на мај а тоа значи дека секој ден над нашите глави прелетуваат илјадници неверојатни птици. Некои од нив ќе слетаат тука и ќе свијат гнезда а некои само ќе не надлетаат. Денешнава лекција сака да ви помогне да ја разберете оваа неверојатна природна појава. Симнете ја лекцијата од ТУКА Како подготовка за оваа лекција можете да го гледате ова видео (на англиски) ТУКА Повеќе за преселбите тука Повеќе за некои птици преселници

Лекции за птици

Збор-два за пеперутките во Македонија

Кога зборуваме за инсекти, веројатно први на ум ни доаѓаат пеперутките. Со нивниот карактеристичен изглед, пеперутките ги шармирале ентомолозите од целиот свет уште од дамнешни времиња. Можеби и затоа се една од најизучуваните групи во светски рамки, па така нивното разнообразие брои над 17.500 познати видови пеперутки. Доколку тука ги вклучиме и молците (таканаречените ноќни пеперутки) нивниот број достигнува околу 180.000 видови. Како дел од групите инсекти кои во својот животен циклус…

Новости

Лекција 4 - Светот на растенијата

Потребен материјал: листови хартија, молив и боички, ножици, селотејп и течен лепак Цел: Децата да соработуваат и илустрираат природен микро-свет Децата цртаат лисја, гранки, инсекти итн. и потоа ги спојуваат своите цртежи за да формираат едно големо растение со сите животинки што живеат на него. Вовед : Исто како и зградите, и растенијата имаат многу катови (почнувајќи од подрумот-корените па се до покривот-цвеќињата) и станови (лисја и гранчиња). На секој спрат, зградата има ѕидови и подови,…

Лекции за растенија

Лекција 4 - Територија на балканскиот рис

Во споредба со други самотни животни, се чини дека евроазискиот рис има специфичeн начин на живеење, каде мажјаците имаат огромна територија од шумата населуваат повеќе женки, кои пак зафаќаа помали територии. Индивидуалните територии на мажјаците се многу големи, па понекогаш на рисовите им се потребни недели да ја покријат целата површина. Териториите кои ги поминуваат се разликуваат енормно и се во зависност од густината на пленот, некои територии, се само 100 km 2 , некои и до 1000 km 2 .…

Лекции за Балкански рис