Прескокни до содржината

Вести

712 објави

ДИјатомеи во ВАлоризација на водни и влажни станишта на Кожуф (ДИВАК) - Анастасија Видеска

Реализирањето на планираните активности во овие неколку месеци беше успешно и според предходно изготвената временска рамка. Досега беа реализирани три еднодневни теренски активности. Како резултат од теренските активности беа посетени 10 локалитети и колекционирани вкупно 88 проби од водни и влажни станишта. За лабoраториски анализи беа подготвени вкупно 176 трајни препарати, при што истите беа заведени и депонирани во Македонската Национална Колекција на Дијатомеи (МНКД) на Институтот за…

Новости

Секој има право да живее на здрава планета

Ние и повеќе од 100 граѓански организации од целиот свет бараме од Обединетите нации да се воведе нов член во Универзалната декларација на човекови права ( https://unicode.org/udhr/d/udhr_mkd.html ) – со цел да се осигури универзално право на здрава природна средина. Доколку успееме ова ќе биде првиот амандман кон Декларацијата од нејзиното воспоставување во 1948 година. Кампањата #1Planet1Right ги повикува Обединетите нации да гласаат правото на здрава природна средина да биде дискутирано во…

Новости

Хабитати во Маркови Кули - Сара Цветаноска

,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус” Споменикот на природата Маркови Кули се наоѓа во централниот дел на територијата на Република Македонија, северно од градот Прилеп. Во последно време е доста актуелен и во јавноста и кај научната фела, поради тоа што се подготвува досие за негова номинација во постојаната листа на светско наследство при УНЕСКО. Овој Споменик на природата е дел од Значајното растително подрачје…

Новости

ПЧЕЛИТЕ МОЖАТ БЕЗ НАС, НО НИЕ НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ НИВ

Ако сакаме да преживееме треба да направиме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив. Големо количество храна зависи од опрашувањето на пчелите. Дури една третина од храната која секојдевно ја јадеме зависи од работата на пчелите. Ако се намали популацијата на пчели ќе се намали и приносот на некои растителни култури, а некои може и да исчезнат што ќе доведе неминовно до недостаток на храна за хуманата популација. Покрај ова, да не заборавиме,…

Новости

Етнографска студија по миграторниот пат на египетскиот мршојадец

Нова студија која се фокусира на етнографските аспекти на египетскиот мршојадец во сите држави над кои поминува неговата миграторна рута беше имплементирана во рамките на нашиот проект „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ (LIFE16 NAT/BG/000874). Истражувањето беше направено во области од Балканот во кои има гнезда од египетски мршојадци (Македонија, Албанија, Бугарија и Грција), во области кои се важни како прелетни патишта (Турција, Сирија и Јордан) и областите каде презимува (Нигер и…

Новости

Малите цицачи во Македонија

Иако мала по површина, Македонија претставува дом на голем број цицачи. Многу од нив нам ни се добро познати, делумно поради нивната експонираност (низ секојдневието на луѓето), а делумно и поради полесната видливост (покрупните животни полесно се забележуваат). Во нашата земја има дури 89 вида цицачи! Така, во рамки на класата цицачи постојат и животинки за кои поретко слушаме и читаме. Тоа се малите цицачи – разнолика група која, таксономски гледано, опфаќа повеќе редови и родови. Поимот…

Новости

Европските држави немаат доволно механизми за управување со хибридизацијата помеѓу волкот и кучето

Според најновото истражување, многу европски земји не се придржуваат до меѓународните договори кога станува збор за справување со хибридизацијата помеѓу волкот и кучето, која зема замав во Европа.   Биолошки гледано, волкот и кучето се еден ист вид, па при нарушени еколошки услови овие животни можат да се спарат и да продуцираат фертилно хибридно потомство. „При зголемени интензитет и зачестеност, хибридизацијата може да го доведе во прашање генетскиот идентитет на популацијата на волкот,…

Новости

Средношколци од шест региони се изјаснија за главните проблеми со животната средина

Дискусијата со групата средношколци и професори од Демир Хисар беше последната од низата фокусни групи и интервјуа кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги спроведе во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“. Од почетокот на мај заеднички со нас ИКС реализираа шест фокусни групи и десетина интервјуа со професори во шесте региони и општини со заштитени подрачја (Пелагонија, Струмица, Охрид, Преспа, Демир Капија, Тиквеш). Учесниците дискутираа…

Новости

Денеска е Светскиот ден на животната средина, МЕД се приклучува на пораките од светот под мотото „Време е за природата“

Светскиот ден на животната средина 5 јуни е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и се одбележува од 1974 година. Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани под мотото „Време е за природата“ (#ForNature) a домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со…

Новости

Лекција 7 - Создавање приказни

  Потребен материјал : Листови хартија (исечени на четири дела), боички Цел : Да се запознаат децата со елементите на природата Да се запознаат со синџирите на исхрана Да соработуваат Вовед : Раскажувањето приказни може да биде моќна алатка за подигнување на свеста за животната средина. Приказната е за херој (растение, животно или човек); пречките со кои се соочува и начините за нивно надминување на патот кон својата цел. Приказната може да опише вистински настани (семе што никнува, молња…

Лекции за растенија

Лекција 7 - Закани за опстанокот на рисот

Рисот нема природни непријатели – единствен непријател му е човекот. Главните причини за негово исчезнување се поврзани со нелегалниот лов (криволов), уништувањето на шумите кои се негов дом, како и намалениот извор на храна. Криволовот значително го намалува и онака малиот број единки на балкански рис. Со ова, неговата полулација се намалува, па преостануваат многу малку единки кои скоро и да се роднини од второ или трето колено, односно подалечни браќа и сестри. Ова пак, од друга страна, го…

Лекции за Балкански рис

Лекција 5 - Водни птици

Дали знаете какви водни површини има во ваша близина? Дали знаете кои птици можат да се видат таму? За одговори, задачи и дури и уметнички експерименти симнете ја новата лекција ТУКА Како и за сите претходни лекции и денеска имаме подготвително видео (на англиски) кое можете да го гледате ТУКА .   Уживајте во лекцијата и пратете ни слика од вашите уметнички дела! <3

Лекции за птици