Прескокни до содржината

Вести

712 објави

ВОСПОСТАВУВАЊЕ МЕТОДИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ И МОНИТОРИНГ НА ИСПАРЛИВИ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО ВОЗДУХ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ - Ивона Софрониевска

Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) последиците од аерозагадувањето претставуваат најголема еколошка опасност по здравјето во нашата држава, односно има 120 смртни случаи на 100 илјади жители како последица на загадување на животната средина, или околу 2500 годишно ( https://www.eea.europa.eu/publications/healthy-environment-healthy-lives ). Екстракција на VOCs од филтри со дихлорометан Од овие причини нашиот тим се наоѓа пред голем предизвик за изнаоѓање на…

Новости

ВАДИВОДА - Христина Наумовска

ВАлоризација на ДИjатомејскиот состав во ВОдните станишта во ДемирхисАрскиот регион (Вадивода) Колекционирање на материјал од Струговско Езеро Изобилството на водни живеалишта во Демирхисарскиот регион води кон желбата за проучување на природата и одново барање одговори на прашања добиени преку научно-истражувачки активности во овај регион. Од досегашните микроскопски анализи, идентификувани се над 150 видови на дијатомеи во различните водни станишта во Демир Хисар.Оваа бројка секако ќе се…

Новости

Распространување и конзервациски статус на реликтниот папрат Ophioglossum vulgatum на планината Кожуф - Ана Варелова

Локалитетот Гингер Чешма При овој чекор од проектот се соочивме со предизвици, за чие надминување беше потребно многу учење и теренска работа, меѓутоа со одлична тимска соработка, го постигнавме посакуваниот резултат. Во оваа фаза се спроведоа теренските активности за да се определи типот на живеалиште. Паралелно со теренските истражувања, се одвиваше и детерминацијата на претходно собраниот материјал. Детерминираните растенија се од фамилиите: Cyperaceae, Juncaceae, Orchidaceae, Poaceae,…

Новости

Од Витачево до Блискиот Исток: Патувањeто на еден белоглав мршојадец

Сунчица се подготвува за лет Белоглавите мршојадци се едни од најпрепознатливите птици кои живеат во Македонија, но нивниот опстанок зависи од многу држави бидејќи тие прелетуваат илјадници километри пред да свијат гнездо. Таков е примерот со „нашата“ Сунчица која беше обележана и пуштена на слобода во Витачево, Кавадаречко а сега се наоѓа некаде над Ирак. Сунчица беше најдена од страна на здружението Про Анима близу Берово заедно со Светислав, и се наоѓаа во лоша состојба, веројатно…

Новости

Нов проект „Одржлива иднина за БиоНет“

Проектот „Одржлива иднина за БиоНет“ е нов проект во кој МЕД е вклучен во партнерство со Центарот за животната средина од Босна и Херцеговина, ППНЕА од Албанија и Финч од Косово a којшто ќе се проведува до крајот на март 2021 година. Станува збор за активности во рамки на мрежата БиоНет во која членуваме, како платформа на НВО од Западен Балкан кои работат на полето на заштита на биолошка разновидност. Главна цел на проектот е да се зајакне одржливоста на мрежата БиоНет како и да се подигне…

Новости

Успешен прв состанок во рамки на новиот проект БалканДетокс LIFE

Иако немаше можност за партнерите и чинителите да се сретнат во живо на првиот состанок за проектот БалканДетокс LIFE, со задоволство сакаме да ве известиме дека состанокот беше сепак успешен и привлече големо внимание и вклученост од страна на голем број релевантни чинители. Преглед на почетниот состанок Почетниот состанок за проектот БалканДетокс LIFE се одржа на 30ти ноември на во него се вклучија претставници од сите девет партнери како и поголем број релевантни чинители од целиот Балкан…

Новости

Објавен нов Европски Атлас на птици гнездилки

Најинтересни факти: Европскиот совет за попис на птици (EBCC ) го објави вториот Европски атлас на птици гнездилки, кој е значајно достигнување за биолошката разновидност во Европа Значајната соработка меѓу EBCC и партнерските организации овозможи да се соберат податоци за птици од преку 11 милиони km 2 , на систематски и стандардизиран начин. Со преку 120,000 волонтери истражувачи во Европа, EBBA2 е едно од најголемите проекти за истражување на биолошката разновидност со помош на граѓанството…

Новости

Европа против лов со олово

Европскиот парламент ја изгласа забраната за користење на муниција за лов со олово во близина на сите водни површини во Европската Унија. Членовите на Парламентот ја изгласа оваа забрана на 26 ноември со 499 гласа за, 159 против и 39 воздржани. Во рок од 24 месеци муницијата и мамките кои се користат во и близу водни површини мора да бидат без олово поради прекумерното загадување на животната средина. Оловото се користи во муниција за лов и мамки за риболов со децении и покрај тоа што се знае…

Новости

Балкански рис - новости од терен

Вистинска радост е кога жители од мавровските села ќе ни јават дека виделе рис, а уште повеќе кога ќе ни испратат слики од рис што го следиме подолго време со ГПС околувратник. - „Деновиве добивме прекрасни слики од рисицата Лиса, деветта различна единка рис заловена во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година. Станува збор за здрава единка, стара околу 7 години“, изјави Диме Меловски од Македонско…

Новости

Осоговските Планини се прогласени за заштитен предел

Дел од Осоговските Планини се прогласени за заштитено подрачје во категоријата „заштитен предел“ со одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 17.11.2020 година. Осоговските Планини да станат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) претставува круна на 14 годишната работа на Македонско еколошко друштво, со поддршка на низа партнери и донатори, домашни и странски експерти како и соработката со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија и…

Новости

Екосистемско истражување на шумски тресетишта во срцето на Шар Планина - Тренчева Марија

Кои видови растенија живеат и што им се случува откако ќе изумрат во планинските тресетишта? Како тие дишат или пак се хранат кога во влажните станишта вода има многу, а кислород малку? Дали можеби почвата и нејзините својства се специфични, па тоа е олеснително за некои видови растенија? Или можеби тајните се кријат во невидливото, неочигледното – микроорганизмите? Основата на одговорите на сите овие прашања и многу други се интеракциите во еден екосистем. А токму интеракциите се во центарот…

Новости