Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Нови чувари на гнезда

Додека го чекаме пристигањето на првиот египетски мршојадец во Македонија веќе се подготвуваме за едукација на идните чувари на гнезда. Во Демир Капија оваа година прв пат ќе се спроведува специјализиран едукативен пакет за египетскиот мршојадец. Содржините на пакетот лесно се адаптираат кон материјалот кој е веќе дел од образовниот процес. Подготвените лекции дополнуваат информации и обезбедуваат активности преку кои учениците практично и преку истражувања ќе дознаат повеќе за птиците кои…

Новости

Пропатувајте низ пределите на Шар Планина, Кораб и Коритник

          Објавена е брошурата за традиционално овчарство во регионот Шара, Кораб и Коритник. Оваа брошура ве носи на истражување низ пределите каде опстојува овчарството, производството на млечни производи и типични соеви овци. Брошурата во која е даден осврт и на биолошката разновидност во регионот ви ги претставува и познатите фестивали и настани поврзани со рурален туризам и традиционално сточарство.           Сите знаење и искуства за…

Новости

Одржлива иднина за БиоНет

Времетраење: Декември 2020 - Март 2021 Финансиер: ГИЗ во рамки на фондот ОРФ-БДУ Соработници: МЕД, Центарот за животната средина од Босна и Херцеговина, Здружение за заштита на природата во Албанија и „Финч“ од Косово Цел на програмата: Да се зајакне одржливоста на мрежата БиоНет како и да се подигне свеста на граѓаните за потребата од зачувување на биолошката разновидност. Лице за контакт: Фросина Пандурска Драмиќанин, pandurska@mes.org.mk Проектни новости

Луѓето и природата

Прв белоглав мршојадец со GPS уред – следиме незаконско труење на диви животни низ Балканот

Деновиве во Бугарија беше поставен првиот GPS предавател на белоглав мршојадец со цел детално да го следиме неговото движење што ќе придонесе кон рано предупредување за незаконско труење. Оваа технологија овозможува да ги пронајдеме и спасиме затруените мршојадци како и да обезбедиме информации за гонење на сторителите. Намалувањето на ефектот од труењето на диви животни е основа за зачувување на природата и особено на мршојадците. Обележувањето на мршојадецот го изврши тимот на Фондот за дива…

Новости

Не е сѐ фламинга и штркови!

Годината која измина беше, во најмала рака, чудна. Еден добар начин на кој беше чудна е бројот на ретки птици кои беа забележани низ Македонија. Иако ние од во МЕД истражувањата ги правиме по строго определени методологии и се фокусираме на научната цел не можеме а да не се израдуваме малку повеќе кога ќе најдеме птица која ретко се гледа кај нас! Птицата со која се отвори сезоната не е многу поголема од врапче но нејзината приказна е многу повозбудлива. Снежна стрнарка, Plectrophenax nivalis…

Новости

Среден грант

Критериуми за аплицирање Апликантот не треба да биде постар од 30 години (на 31.01.2021). Апликантот треба успешно да реализирал мал грант од оваа програма, или да имал истакната улога во реализација на друг проект од слична тематика, за што треба да обезбеди потврда од организацијата/институцијата преку која го спроведувал проектот, или друг еквивалентен доказ за претходно релевантно искуство. Предложениот буџет на еден проект не треба да надминува 183.000,00 денари вкупно за двете години. За…

Мал грант

Критериуми за аплицирање Апликантот не треба да биде постар од 26 години (на 31.01.2021). Предложениот буџет на еден проект не смее да надмине 73.000,00 денари. Ќе бидат одобрени до 8 проекти. Краен рок за поднесување на апликацијата е 01.03.2021. Критериуми за избор на проектите (минимум и максимум бодови) Остварливост на проектот 1-3 Проценка на финансискиот план 1-3 Квалитет на предлог-проектот 1-3 Досегашна активност и членство во МЕД 1-3 Обезбедено соодветно менторство и тема во рамките на…

Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја

ИКС го објави истражувањето: „Локални приоритети за заштита на животната средина во регионите со заштитени подрачја“ (Демир Капија, Преспа, Струмица, Пелагонија, Тиквеш и Охрид) Кои се најгорливите еколошки проблеми во регионите со заштитени подрачја? Колку во формалното образование се учи за екологијата и заштита на животната средина? Дали младите се вклучуваат во воннаставни активности во оваа област и што преземаат граѓанските организации и институциите за зачувување на животната средина се…

Новости

Едукативни и информативни материјали поврзани со истражувањата на мршојадците

Постер за илегално труење на диви животни Лекции за египетскиот мршојадец (сите наслови се линкови до лекциите, кликнете на нив): Добар тим Приказна за египетскиот мршојадец Проблемите на египетскиот мршојадец Во маалото на египетскиот мршојадец Грабливи птици Игра „најди некој кој...“ Активности

Избрани шесте грантисти кои ќе решаваат локални проблеми за заштита на животната средина

Заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги избравме шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина. На повикот кој што беше отворен за граѓански организации и иницијативи пристигнаа вкупно 28 апликации. Комисијата составена од членови од ИКС и МЕД, врз основа на претходно утврдени…

Новости