Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Планинарска тура на Јабланица

Локалното население ја препознава потребата за заштита на Јабланица На 19 септември во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ од Скопје организиравме планинарска тура на Јабланица наречена „По патеката на заборавените“. Во рамки на овој настан се презентираа и најинтересните резултати од истражувањето што го спроведовме во врска со мислењето на локалното население за заштита на природните вредности и прогласување на Јабланица за национален парк. Добивме навистина убави резултати кои…

Едукативни предавања за мршојадци и труењето како нивната најголема закана

Ова лето во рамките на проектот Балкан Детокс LIFE организиравме едукативни работилници во Витолиште и Горна Бошава. Фокусот на работилниците беше преостанатата популација на мршојадци во земјата и проблемот со труење на диви животни. Комуникацијата со релевантните засегнати страни е еден од најважните делови во проектот и придонесува до менувањето на локалниот став кон практиката на труење. Во обид да се подигне локалната свест презентиравме информации за мотивите и последиците од оваа штетна…

балкан детокс

Меѓународен ден на мршојадците 2021

Предизвик за 2021 „Дали можеме да ги наттрчаме египетските мршојадци?“ Инспирирани од резултатите кои ги постигнавме минатата година , ентузијазмот и радоста на повеќе 180 луѓе од 19 земји кои го исполнија мотото „птиците го поврзуваат светот“ и се натпреваруваа и ги наттрчаа трите египетски мршојадци кои беа следени со ГПС трансмитери, ве покануваме на нов предизвик! Денеска на денот на мршојадците пријавете се да трчате на новиот предизвик за 2021 „Дали можеме да ги наттрчаме египетските…

Новости

Започна проектот „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“

„Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“ е нов проект којшто МЕД го започна во април 2021 година а ќе се спроведува до септември 2023 година. Главен фокус на проектот е локалното население од регионот Шара/Кораб-Коритник како главен двигател за регионален развој а истовремено и чувар на биодиверзитетот и пределската разновидност. Во проектот предвидени се активности за регионален развој, вклучување на локалното население, намалување на заканите кон биодиверзитетот, подобрување на…

Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник

Размножување на мршојадци во заробеништво може да биде клучот за нивното преживување

Најновата научна студија во која учествувавме покажува дека зајакнувањето на популациите на мршојадците со млади птици кои се родени во заробеништво (реинтродукција) може да го одложи нивното истребување. Иако ваквата процедура нема да биде доволна за одржување на популацијата таа ќе им обезбеди доволно време на еколозите да ги отстранат заканите кои ја уништуваат. Овие закани на Балканот се особено сериозни, популацијата на египетски мршојадци во осоумдесетите броеше над 600 парови а сега е…

Новости

Користење на криминалистичка истрага за решавање на криминал против дивиот свет: Првиот тим од Македонија ја заврши иницијалната обука

Ние како еколози со години работиме на зачувувањето на дивите животни и нивните хабитати а само еден инцидент со труење може да истреби цели колонии на мршојадци, како што и се случи кај нас. Слични примери има насекаде низ Балканот, од убивањето на тукушто интродуциран црн мршојадец во Бугарија до комбинираната закана во Грција. Смртта на сите овие животни сепак не е залудна. Поради сите овие инциденти зачувувањето на дивиот свет преку спречување на труење, ловокрадство, поставување на замки,…

Новости

По 27 години Шар Планина конечно прогласена за национален парк!

МЕД и Пријателите на Шара го поздравуваат изгласувањето на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк Македонско еколошко друштво и платформата „Пријатели на Шара“ го поздравуваат изгласувањето на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк што Собранието го изгласа на 43. седница со 66 гласа ЗА на 30.06.2021 година. @JovanBozinoski Како поддржувачи на овој долгогодишен процес сакаме да изразиме огромно задоволство и признание на сите вклучени страни во…

Новости

Патот до прогласување на Шар Планина за национален парк

Настани и проекти до прогласувањето на Шар Планина спроведувани од Македонско еколошко друштво и платформата „Пријатели на Шара“ 2011-2021 година (кликнете на линковите подолу за повеќе информации) 2011 – 2013 Проект „Промоција на природните ресурси на Шар Планина преку едукација за животна средина и инволвирање на засегнатите страни“, Македонско еколошко друштво 2013 Трилатерален состанок за идно прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина-Кораб-Дешат“, со поддршка на УНЕП во соработка со…

Новости

Академија за борба против криминални дејства против дивиот свет

Сомнителните случаи на смрт на птици во Андалузија, Шпанија се истражуваат детално, дури и со хеликоптери. Додека ваквите акции за разрешување на криминални дејства против дивиот свет можеби изгледаат нереално за наши услови тие и не се најважниот аспект. Она што е навистина важно во кривичните истраги се човечките ресурси, капацитетите и реалниот ангажман од надлежните органи. Затоа, оваа недела започна првиот курс на академијата за борба против криминални дејства против дивиот свет со надеж…

Новости

Претставени првичните препораки за зачувување на шумите со висока природна вредност

Кон крајот на јуни ги одржавме завршните настани по компонентата „Индентификација на шуми со високи природни вредности“, која е дел од СТАР 5 проектот “Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“. Овој проект е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) и имплементиран од Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП). На…

Новости

Општината Кочани наградена од Европскиот зелен појас за зачувување на природата

Во Инфо центарот на Пониква на 17.07.2021 се одржа настан на кој во склоп на иницијативата Европски зелен појас (European green belt) беше доделена награда на Општина Кочани. Оваа општина беше одбрана помеѓу сите општини од Балканскиот зелен појас како пример за исклучителна посветеност во зачувување на природата и биолошката разновидност преку учеството во воспоставувањето на новото заштитено подрачје на Осоговските Планини. Наградата на градоначалникот Николчо Илијев му ја врачи германската…

Новости

Презентации од Работилницата за Геодиверзитет и биодиверзитет во заштитени подрачја

Систем на заштитени подрачја во Македонија Биолошката разновидност на НП Пелистер Геодиверзитет на НП Пелистер Биолошката разновидност на ЗП Осогово Геодиверзитет на ЗП Осогово Споменик на природата Слатински Извор