
До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски
Најблиското семејство, соработниците, пријателите, студентите и почитувачите на Љупчо Меловски, во негова чест и сеќавање ја искачија планината Китка. Македонското еколошко друштво во соработка со П.К. "Љуботен" - Тетово го организираше меморијалниот марш во чест на професорот Меловски кој остави значајна трага во борбата за заштита на природата во Македонија. Неговата визија беше толку силна што продолжува да живее и после него! Присутните си поприкажаа за неговиот живот и делување, се…








