Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Македонското еколошко друштво ќе ги стипендира преспанските матуранти кои ќе запишат студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки

Македонското еколошко друштво ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки. Програмата е наменета за средношколците од Преспа и има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. На тој начин, идните студенти ќе можат да стекнат знаење и вештини што ќе им овозможат активно да придонесат кон зајакнување на…

Еколошка едукација

„До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“: Македонското еколошко друштво и Планинарскиот клуб „Љуботен“ ве покануваат на планинарско меморијално искачување

Во чест и сеќавање на проф. д-р Љупчо Меловски, доајен на еколошката наука во земјава, Македонското еколошко друштво ве поканува на шестиот Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ што ќе се одржи на 26 април (недела) во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово. Проф. д-р Љупчо Меловски беше научник, професор и голем вљубеник во планините. Човек со уникатна страст за заштита на природата од кого учеа многу млади еколози, човек кој има дадено исклучителен придонес за…

Новости

„Безбедни жици за загрозени птици“: Официјално започнува проектот преку кој ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво ќе ги зачувуваат загрозените популации на царскиот орел и египетскиот мршојад

Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, денес во „Јуроп Хаус“ - Скопје се одржа конференција за печат во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЕВН Македонија, со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 - LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE). Кофинансиран во рамките на Програмата LIFE на Европската Унија , преку овој проект во следните пет години ќе се работи на…

Новости

Усвоена е Регионална стратегија за зачувување на балканскиот рис!

Регионалната стратегија за зачувување на балканскиот рис беше официјално усвоена на петнаесеттиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата за зачувување на миграторните видови диви животни (CMS COP15) што се одржа во Бразил. Стратегијата се фокусира на развивање национални акциски планови, поврзување на живеалишта и подобрување на генетската разновидност, а во наредните години ќе ја спроведуваат надлежните органи и експерти. Заедничките заложби за зајакнување на мерките за заштита…

Новости

Натпревар на фотографии: Витални пасишта во прекуграничниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово

Натпреварот на фотографии „Виталните пасишта на Шар Планина и Маврово“ се организира во рамките на проектот „Европски Зелен Појас: Витални пасишта во прекуграничниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово“, финансиран од Фондацијата „Арге В. Јенсен“ и Фондацијата „Нандо и Елса Перети“ и имплементиран од Македонското еколошко друштво (МЕД), Организацијата за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА) , Фондацијата за поврзување на природните вредности и луѓето (ЦНВП) и „ЕуроНатур“…

Новости

Јавен повик бр. 01/2026 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала

ИЗВЕСТУВАЊЕ Ја известуваме јавноста по однос на Јавниот повик бр. 1/2026 дека согласно извештајот од состанокот на комисијата одржан на 12.05.2026, се донесе Одлука за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка бидејќи не е поднесена ниту една понуда во предвидениот рок. ******** Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Намалување на ризикот од смртност кај глобално загрозените птици преку реновирање на опасните надземни далекуводи во…

Новости

Пријатели, соседи, колеги – Годишна средба на „ПреспаНет“ за 2026 година

Македонското еколошко друштво беше домаќин на Друштвото за заштита на Преспа од Грција (СПП) и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА) на Годишната средба на прекуграничната мрежа на еколошки организации „ПреспаНет“, која минатата недела се одржа во Отешево на западниот брег на Преспанското Езеро. За време на првиот ден беше направен осврт на активностите од тековиот проект „ПреспаНет III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“,…

Настани

Македонското еколошко друштво – дел од нов меѓународен LIFE проект за борба против криволовот на загрозени диви видови

Во следните пет години, Македонското еколошко друштво ќе биде дел од меѓународниот партнерски проект „Итни акции за спречување и борба против криволовот на три видови во критична опасност од исчезнување во Италија“ (LIFE24-NAT-IT-FIGHT4WILDLIFE/101216050) преку кој ќе се работи на намалување на заканите со кои сега се соочуваат европската јагула, египетскиот мршојадец и апенинската кафеава мечка. Кофинансиран во рамките на програмата LIFE на Европската Унија, овој партнерски проект вклучува…

Новости

Граѓанската наука – неопходна за заштитата и зачувувањето на птиците низ Европа

Граѓанската наука претставува активно вклучување на волонтери во собирањето на научни податоци и во подобрување на знаењето за која било тема поврзана со животната средина или за кој било растителен или животински вид. Како таква, таа игра фундаментална улога и во заштитата и зачувувањето на птиците низ цела Европа и е централна за проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“ (101104367 – LIFE22-PLP-ES-EBP reinforcement), којшто Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува со…

Новости

Еколошката наука во Македонија стана побогата за 13 нови истражувања на млади еколози

Од година в година, преку својата Програма за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“, Македонското еколошко друштво ги гради истражувачките капацитети на младите еколози во земјава 9 март 2026 година, Скопје – Во изминатите две недели, тринаесет млади истражувачи ги претставија заклучоците од своите научно-истражувачки проекти коишто беа поддржани со мал и среден грант во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Станува…

Новости

Балканскиот рис доаѓа во Скопје: Нашата патувачка фотоизложба се отвора во Лабораториум

По седум посетени места низ Македонија, нашата Патувачка изложба посветена на балканскиот рис ќе биде отворена за скопската јавност во четврток (5 март) во културниот простор „Лабораториум“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Осмислена со цел да се доближи балканскиот рис до окото на љубопитните граѓани и со тоа да се подигне свеста за важноста од зачувување на оваа кревка популација, изложбата донесува дел од најефектните „уловени“ кадри, од кои повеќето се направени со фотозамки, метод што МЕД…

Настани

Македонското еколошко друштво започнува нов LIFE проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија

Во текот на следните шест години, Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе го спроведува новиот меѓународен проект LIFE24-NAT-NL-LIFE Balkan GriffON/101215506 во рамки на програмата LIFE, чијашто цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија и со тоа да се придонесе кон зајакнување на целокупната популација на овој вид на Балканскиот Полуостров. Кофинансиран од Европската Унија, овој партнерски проект, покрај МЕД, ги поврзува Грчкото орнитолошко…

Новости