Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Билтен на Програмата за закрепнување на балканскиот рис - Декември 2021

Веќе 15 години, Програмата за зачувување на балканскиот рис работи во сите земји во кои се наоѓа овој подвид. Балканскиот рис е критично загрозен подвид на евроазискиот рис и се наоѓа на на Бернската Конвенција, поради која неговото зачувување е приоритет во сите држави во кои може да се забележи. Но времето за негово зачувување истекува! Се поизвесно е дека балканскиот рис исчезнува заедно со шумите кои се негов дом. Шумите се незаменливи за рисот, тие обезбедуваат засолниште и храна како и…

Новости

Академја за кривични дела против дивиот свет: Напредниот курс ги обучи учесниците од Балканот за истрага на случаи со труење на диви животни

Доколку сакаме ефективно да ги заштитиме загрозените животински видови, борбата со криминалот против дивиот свет е клучна! Жалната вистина е дека луѓето кои стојат зад сериозните кривични како труење на диви животни или пак криволов најчесто поминуваат не казнети, додека тоа придонесува да ги повторат делата a во меѓувреме дивиот свет трпи огромна штета. Академијата за кривични дела против дивиот свет организирана од страна на Фондацијата за заштита на мршојадците и регионалната власт на…

Новости

Гoдишна средба на членството на МЕД

Членовите одлучија – Тема на годината за 2022 ќе биде Биодиверзитетот на Преспа Илина Арсова прва Амбасадорка на МЕД Соопштение (10.12.2021): На 09.12.2021 година ja организиравме Годишната средба на членството на МЕД, овој пат на ЗУМ. Оваа средба е прилика за нашите членовите да се запознаат со најголемите достигнувања на годината која изминува и да чујат кој ќе биде фокусот на нашата работа во следната година. На средбата имаше експертски презентации од три наши долгорочн и проекти кои…

Новости

Сè е до гените: како да се спаси балканскиот рис?

Новиот научен труд за балканскиот и кавкаскиот рис, кој произлегува од мултудисциплинарна соработка меѓу научници од Европа, нуди свеж поглед кон генетскиот статус на критично загрозената мачка од Балканот и дава насока за идни заштитарски мерки. Според трудот, азиските и европските популации на рисот започнале генетски да се одделуваат пред околу 100 илјади години, по што следело опаѓање на бројноста, кое се засилило во последните 750 години. Од анализата на митохондрискиот геном, односно ДНК…

Новости

Во последен момент спасени од труење 18 белоглави мршојадци во Мариово

СООПШТЕНИЕ: (03.12.2021) Изминатата седмица тимот на МЕД доби дојава дека на територијата на село Витолиште во Прилепско Мариово се случило масовно труење на кучиња и дека можеби отровот е сѐ уште таму и потенцијално претставува опасност за луѓето но и дивиот свет. Со оглед на тоа што Мариово е извонредно богато со биолошка разновидност, настани со труење, макар и на домашни животни во село може да има огромни реперкусии по дивиот свет и поради тоа алармите се вклучија. По добивањето на овие…

Новости

Поддржани вкупно 13 модел проекти во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб –Коритник во трите земји

Во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб –Коритник“ којшто се спроведува во регионот Шара/Кораб –Коритник се поддржаа вкупно 13 проекти на локални организации од Македонија, Косово и Албанија кои ќе се спроведуваат меѓу 12 и 18 месеци почнувајќи од септември 2021 година. Проектите беа изработени во рамки на подготвителен проект за регионален развој што МЕД го спроведуваше во текот на 2019 година со цел креирање на програма за поддршка на локално население во регионот…

Новости

Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник

Времетраење: Април 2021 – Септември 2023 Финансиер: Германска федерална фондација за животна средина DBU и Хуманитарна фондација Aage V. Jensen Соработници: Фондација Еуронатур, Германија, Здружение за зачувување на природата во Албанија (ППНЕА, Албанија), ЦНВП – Организација за поврзување на природни вредности и луѓе, Косово. Цел на проектот: Локалното население да биде главен двигател кон одржлив регионален развој, како и намалување на заканите по биодиверзитетот во регионот…

Луѓето и природата

Натпревар за фотографии од птица за календарот на Македонско еколошко друштво 2022

Натпревар за фотографии од птица за календарот на Македонско еколошко друштво 2022 Известување (01.12.2021) - Избрани се победниците на натпреварот: Мирјана Ѓорѓиевска, Емил Новевски, Велијан Јагев, Боби Кузманоски, Валентин Малинов, Николај Петков, Славе Накев и Александар Ангелов! Ви честитаме и Ви благодариме за дарежливоста! Фотографиите кои се одбрани ќе останат изненадување сè додека не биде готов календарот. Изборот на фотографии кои пристигнаа беше неверојатно и неочекувано добар. Се…

Новости

Значајни растителни подрачја - неверојатното богатство на Македонија

Благодарение на научната работа на нашите ботаничари низ Македонија веќе се назначени Значајни растителни подрачја (ЗРП) и тие се вкупно 42 на број. Одредувањето на тоа кои подрачја се значајни поради растенијата кои можат таму да се најдат е макотрпен процес кој трае со години и за кој е потребно да се користат меѓународни критериуми и методологии. Сите овие подрачја се интересни не само за научниците тука и за сите кои ќе решат да ги посетат - тие кријат ретки, загрозени, ендемични и значајни…

Светски ден на птиците преселници и светски ден на ментално здравје - како се поврзани?

Дали птичарeњето навистина може да го подобри нашето ментално здравје? Науката вели да! Сите знаеме дека поминувањето време во природа е пријатно, но има се повеќе докази дека дивиот свет - и птиците особено - имаат големо позитивно влијание врз нашата ментална благосостојба. Истраживме кои се најновите откритија од областа на биологијата, економијата и психологијата. Во текот на изминатите 18 месеци, многумина се свртеа кон природата за да се справат со пандемијата. Некои луѓе почна редовно да…

Прв партнерски состанок во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“

Во септември 2021 година проектните координатори на регионалниот проект „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“ го одржаа својот прв состанок во живо во Пешкопеа, Албанија и разменија мислење за проектните активности и модел проектите кои се спроведуваат во трите земји. „Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник“ е нов проект којшто МЕД го започна во април 2021 година а ќе се спроведува до септември 2023 година. Главен фокус на проектот е локалното население од регионот…

Одржлива иднина за регионот Шара/Кораб-Коритник