Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Ја славиме нашата најголема загрозена мачка на Меѓународниот ден на рисот

Групна фотографија пред инфоцентарот на НП „Маврово“ © Хамлет Ахмеди Подигнувањето на јавната свест за биолошката разновидност е меѓу главните столбови во работата на заштитарите. Многу денови во годината се посветени на бројни засегнати видови и ги има сѐ повеќе. Од 2018 година, секој 11 јуни се прославува Меѓународниот ден на рисот за да се одбележи значењето на најголемата мачка во Европа. Јавната перцепција за овој критично загрозен ѕвер е во фокусот на Програмата за закрепнување на…

Програма за закрепнување на балканскиот рис

22 мај е Светски ден на биолошката разновидност

Оваа година фокусот на прославите низ целиот свет е фактот дека зачувувањето на биодиверзитетот е клучот на заедничката иднина на сите живи суштества! За нас, во МЕД, ова е ден кој се слави со особена радост и гордост. Нашата работа е силно посветена на истражување, зачувување и промовирање на биолошката разновидност на Македонија. Еден од предизвиците пред нас е да добиеме широка поддршка, не само кај институциите туку и меѓу граѓаните на нашата држава. Доколку ја подржувате нашата мисија Ве…

Новости

Во Тетово отворен Инфо центар за Шар Планина а во Гостивар две ботанички градини

12.05. 2022 – Во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник" во текот на април и мај се одржаа две одлични промоции. Планинарскиот клуб „Љуботен“ го промовираше Инфо центарот за Шар Планина во Тетово а организацијата „Иницијатива за граѓански интеграции“ во две основни училишта во Гостивар отвори две ботанички градини. Чест ни е што работата на клубот продолжува и со еден ваков важен инфо-центар којшто ќе нуди најважни информации за природата на Шар Планина и можностите…

Новости

Преглед на напредокот во спречување на криволов, труење и електрокуција на птици долж Јадранскиот прелетен пат – тема на четвртата Adriatic Flyways конференција

Во последната недела на април во Задар, Хрватска се одржа четвртата конференција за проектот Јадрански прелетни патишта за птици. Главни теми на дискусија беа главните причини за продолженото, а во некои случаи и драматично намалување на популацијата на миграторни птици долж ова прелетно подрачје, како и воведување на мерки со кои би се намалил овој тренд. Претставник на МЕД ги презентираше проблемите со кои се среќаваат миграторните птици во начајните подрачја за птици Овче поле и Кочански…

Новости

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот додека само 1% од случаите завршуваат на суд

      Илегалната употреба на отровни субстанци во животната средина со цел отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното здравје а сепак и понатаму се провлекува не регистрирано и не казнето – се наведува во новата Студија за труење на мршојадците 2022, објавена во рамки на проектот BalkanDetox LIFE, финансиран од страна на Европската Унија. Илегалната употреба на отровни мамки не е само предизвик за заштита на дивите животни…

Новости

На денот на Планетата Земја – известуваме за водостој на Преспанското Езеро

Годинава, се радуваме што во рамки на теренските истражувања во Преспа затековме поплавени ливади и полни реки кои се влeваат во езерото. Ваквата состојба, заедно со снежните покривки на планините нудат надеж, но сè уште не можеме да бидеме сигурни колкав ќе биде позитивниот ефект на идниот водостој. За жал, во последните години го посведочивме најнискиот познат водостој на Преспанското Езеро од 1951 година (кога започнуваат континуирани мерења). Ова се должи на низа фактори, но пред сè, на сè…

Новости

Средба на локалните акциони групи од регионот Шара-Кораб-Коритник

Призрен, 13.04.2022 - Претставниците на платформата „ Пријатели на Шара“ во којашто членува и МЕД учествуваа на прекугранична средба со преттавниците на двата лагови од Косово и Албанија „Шари“ од Косово и „Кораби“ од Албанија на 13 април во Призрен Косово. „Се радуваме што платформата „Пријатели на Шара“ има идни соработници од регионот Шара-Кораб-Коритник од Косово и Албанија и се надеваме дека двете групи што поскоро ќе започнат со конкретни активности за зачувување на природните ресурси и…

Новости

Одржан ифнормативен настан за линданот

Во насока на реализирање на компонентата за подигнување на јавната свест во рамките на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС", Македонското еколошко друштво (МЕД) во координација со канцеларијата за ПОПс при Министерството за животна средина и просторно планирање, на 15-ти април организираше информативна средба со новинари и засегнати чинители. Настанот беше хибриден…

Активности за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од ОХИС

1 година по првиот состанок во живо, проектниот тим на BalkanDetox LIFE повторно се сретна на четвртиот партнерски состанок во Сремски Карловци, Србија

Минатата недела во Сремски Карловци, Србија од 4-ти до 6-ти април се одржа четвртиот партнерски состанок за проектот BalkanDetox LIFE. Главните цели на состанокот беа техничкото, финансиското и комуникациското управување на проектот, како и неопходните следни активности што треба да се преземат. За време на состанокот, партнерите разговараа за целокупната имплементација на проектот од последниот партнерски состанок што се одржа во април 2021 година во Велес, Македонија. Членовите на тимот на…

балкан детокс

Во Призрен се одржа средба на 13 лидери на проекти од регионот Шара-Кораб-Коритник

Призрен, 14 април – Во националниот парк Шари во Косово од 12- 14 април по подолга пауза и онлајн состаноци претставниците на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ што обединува 13 модел проекти од регионот се сретнаа во Призрен да разменат искуства. Освен овој состанок во рамки на проектот се одржаа и тековни планирачки состаноци на проектниот тим составен од четири организации во четири земји (Македонија, Косово, Албанија и Германија). На состанокот проектите од трите…

Новости

Информативна средба во врска со актуелното чистење на малата депонија со линдан во ОХИС

На 15.04.2022 во просториите на Македонско еколошко друштво се одржа информативна средба за новинари и засегнати страни во врска со актуелното чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. На средбата свои презентации во врска со процесот имаа претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, канцеларија за ПОПс, од фирмата изведувач на активностите, ПОЛИЕКО како и национален претставник за TAUW, надзор, контрола и мониторинг на спроведување активностите за отстранување на…

Новости

Поддршка на иницијативата за обележување на Ден за садење медоносни растенија

Со цел да се подигне свесноста кај сите засегнати чинители за садење на медоносни растенија кои го поддржуваат животот на пчелите и процесот на производство на мед, Словенечкиот пчеларски сојуз во ноември 2021 го започна проектот „Ден за садење медоносни растенија“ (Dan sajenja medovitih rastlin/Day of planting honey plants). Целта на проектот е да се засадат што повеќе медоносни растенија, од страна на љубители на природата и заинтересирани општествени чинители. На меѓународно ниво, идејата е…

Новости