Прескокни до содржината

Вести

712 објави

Програма за искуствено учење за квалитет на воздух на Mрежата за искуствено учење

Развојот на образовна програма за загадување на воздухот во Северна Македонија, е во согласност со иницијативата на УНИЦЕФ, да се обезбеди пристап за сите деца, промовирајќи партиципативно учење и интердисциплинарни пристапи, и вклучување на засегнатите страни и заедницата. Развивањето инклузивна наставна програма за проблемите, но и нивно интегрирање во наставата за квалитетот на воздухот во постоечките објекти, ќе им овозможи на учениците преку искуствено учење да стекнат различни навики, да…

Мрежа за искуствено учење

Што јадат мечките во Преспа?

За правилна заштита на големите ѕверови, како што се кафеавите мечки, треба детално да ја знаеме нивната екологија. Исхраната е од основно значење и таа треба добро да се утврди пред да се предложат какви било мерки за управување со видот. Новиот научен труд, објавен во Македонското списание за екологија и животна средина, ја обработува и дискутира токму оваа проблематика. Овој труд произлезе од двегодишно научно истражување, спроведено прекугранично во преспанското сливно подрачје во 2018 и…

Новости

Како правилниот начин на пошумување влијае на биодиверзитетот?

Сите ние влијаеме на биодиверзитетот. Дел сме од целина во која едни без други не можеме. Влијанието на човекот, за жал, некогаш знае да биде и деструктивно по биодиверзитетот. Како земја потписник на Бонскиот предизвик, обновувањето на опустошените шуми е наша заложба. Но, дали постои подобар начин на кој може да се изведе обновувањето на шумските предели? Идејата е да се ревитализираат и зачуваат важни шумски хабитати во клучни предели за биолошката разновидност надвор од заштитените…

Новости

Нов билтен на Програмата за зачувување на балканскиот рис (декември 2023)

Новите потфати во Програмата за зачувување на балканскиот рис се стратешки напредок во развивање на нови решенија и работење со нови целни групи со истата цел – да ја зачуваме популацијата на балканскиот рис. Нашиот тим останува составен од пет различни организации од пет земји и сите наши напори се меѓународни и базирани на наука. Имаме среќа зачувувањето на рисот да привлекува научници од многу нации кои се подготвени да разменат искуства и знаење од кои ние можеме да продолжиме да градиме…

Новости

Ново видео и истражување: Скриените опасности за здравјето од неправилна употреба на пестициди

Пестицидите, првобитно дизајнирани да се отстраниме од штетници, со нивната неправилна употреба носат скриени опасности, фрлајќи сенка врз нашето секојдневие и општо здравје. Последиците од погрешното ракување со овие токсични супстанции се прошируваат далеку пред нивната наменета цел, претставувајќи сериозна опасност за човечкото здравје, особено меѓу загрозените групи како децата. Во реалност, еден единствен неправилен чекор со пестициди може предизвика неочекувани несреќи, влијаејќи не само…

Новости

Официјален почеток на новиот LIFE проект „Европски портали за птици“

Во ноември (22-25), Чешкото друштво за орнитологија (CSO) организираше тренинг работилница за онлајн портали за птици и Меѓународни цензус плотови (ICP) во Брно во Институтот за биологија на рбетници. Тренинг работилницата се одржа по редовниот состанок и работилница за собирање податоци во рамки на EuroBirdPortal (EBP), и траеше два дена (20-ти до 21-ви ноември). Целта на тренинг работилницата беше да се запознаат партнерите на проектот LIFE EBP 2 со концептот и методологијатаза мониторинг на…

Новости

Меѓународна работилница за сузбивање на еколошки кривични дела

Вклученоста од страна на правосудните органи во актуелните теми во заштитата на природата и животната средина е клучна за сузбивање на еколошки кривични дела, беше заклучено на меѓународната работилница за улогата на јавните обвинители во истрагата и гонењето со случаи со еколошки кривични дела. Меѓународната работичница која се одржа на 8 ноември во Мадрид, Шпанија, беше организирана од страна на Фондацијата за заштита на мршојадци заедно со шпанското јавно обвинителство. Од нашата држава, беа…

Новости

Избрани победнички фотографии од диви орхидеи за календарот на Македонско еколошко друштво 2024

Македонско еколошко друштво ги избра победниците од конкурсот за избор на фотографии кои ќе бидат дел од календарот за 2024 година. Победници се: Мирјана Ѓоргиевска Лина Гегоска Вања Тасевска Марко Наумовски Весна Трајковска Славе Накев Јанинка Ѓорѓиева Костадиноска Боби Кузмановски Слободан Христовски Страшо Даов Согласно критериумите за учество во натпреварот, фотографиите мораше да прикажуваат цела или дел од дива орхидеја која е сликана во природа во Македонија. Во натпреварот не се…

Новости

Oбуки за истрагa при случаи со труење на диви животни

На 6 и 7 ноември се одржаа првите национални обуки за истрагa при случаи со труење на диви животни во Северна Македонија. Обуките беа наменети за надлежните институции кои што треба да реагираат и да излезат на увид при вакви еколошки прекршоци или кривични дела. Првата обука се одржа во Кавадарци за учесниците од Кавадарци, Велес и Неготино додека втората обука се одржа на 7 ноември во Битола за учесниците од Битола, Прилеп и Ресен. На сите обуки имаше и учесници кои беа полициски службеници,…

Новости

Меѓународната конференција за мршојадците во Европа

Од 14-17 ноември во Касерес, се одржа меѓународната конференција за мршојадците во Европа на која што учествуваа двајца претставници од нашата организација. Низ историјата во Европа постоајно се среќаваат 4 видови на мршојадци: белоглавиот мршојадец ( Gyps fulvus ), египетскиот мршојадец ( Neophron percnopterus ), црниот мршојадец ( Aegypius monachus ) и брадестиот мршојадец ( Gypaetus barbatus ). Но се претпоставува дека со климатските промени и поволните услови за живот на апенинскиот…

Новости

Натпревар за фотографии од диви орхидеи за календарот на Македонско еколошко друштво 2024

Натпревар за фотографии од дива орхидеа за календарот на Македонско еколошко друштво 2024   Периодот за учество на овој натпревар е од 17 ноември 2023 година до 28 ноември 2023 година. Какви фотографии може да учествуваат За да бидат прифатени во натпреварот фотографиите мора да прикажуваат цела или дел од дива орхидеја која е сликана во природа во Македонија (не се прифаќаат слики од култивирани орхидеи). МЕД ги охрабрува сите фотографи кои сликаат природа да бидат одговорни во своите…

Новости

Втора работилница за едукација на младите за заштита на животната средина и биодиверзитетот (индикаторски видови) и ублажување на климатските промени

На 10 ноември, во Беличкиот екоцентар се одржа втората работилница за едукација за биолошката разновидност на Илинска и Плакенска Планина, со ученици од ОУ Христо Узунов од Другово. Учениците на возраст од 10-12 години, имаа можност да се запознаат со значајните растителни и животински видови, најзначајните живеалишта кои се карактеристични за поширокиот регион, но и најкарактеристичните видови кои се среќаваат во одделните живеалишта. Одржливото и разумно користење на природните ресурси, со…

Новости