
Европски денови за набљудување птици
Македонското еколошко друштво, заедно со своите членови, на 5 октомври одржа птичарење кај Смилковско Езеро, во чест на Европските денови за набљудување птици. И покрај утринското невреме во Скопје, посетеноста на средбата беше одлична, а на локацијата можеа да се видат и многу видови птици кои Езерото го користеа како станица за одмор и храна при нивната миграција. Видовме соколи, фазани, чапји, тринги, патки, штипчиња, нуркачи, галеби и други видови. А друштво ни правеа и локалните напуштени…









